Сигурни еколошки пелени за бебиња од марката Bambo Nature

 

Здраво драги мои,

голем е бројот на мајките кои освен за совети околу козметиката ми се обраќаат и за совети поврзани со материјалите и квалитетот на пелените (со оглед на тоа што доаѓаат во контакт со интимниот дел) и останатите производи кои се неопходни за бебињата. Токму затоа во оваа статија би сакала да ви претставам три неопходни производи за бебиња кои би требало да ги има во секоја фамилија со бебе, односно пелените, подлоги за пресоблекување и подлоги за заштита на душекот на бебешките креветчиња од еколошката марка Bambo Nature.

Би започнала од пелените со оглед на тоа што се најнеопходен дел во негата и грижата за секое бебе. 

Пред да преминам на рецензија на овие пелени, ајде да видиме како всушност се составени пелените за една потреба. 

Пелените за една употреба, обично, се состојат од три слоја и тоа:

   првиот слој (тој што доаѓа во директен контакт со бебешката кожа) е наречен филтрирачки слој, со оглед на тоа што е составен од материјал што има способност да ги пропушти течностите во слоевите подолу;

    вториот слој е во состојба да апсорбира одредена количина течност (влакната на материјалот се надувуваат и ја задржуваат содржината да не се врати нагоре во првиот слој);

         третиот слој (најдолниот) е непропустлив и има цел да ги издржи другите два слоја и да спречи течноста да излезе надвор од пелената.

 Негативната страна на овој тип пелени e во тоа што материјалот на овој последен слој го оневозможува нормалното дишење на кожата. Токму затоа, како што споменав претходно, од огромна важност е бебешката кожа да се исуши убаво пред да дојде во контакт со пелената бидејќи доколку остане влажна, во тој случај има поголема опасност за појава на црвенило и на алергиски реакции, а самиот топол и влажен амбиент во пелената е идеален за развој на микроорганизми, кои често се причина за појава на црвенило во делот на пелената.

 Како поборник за природна, органска и, пред сѐ, еколошка козметика , од срце ви ги препорачувам пелените на Bambo Nature со сертификат од страна наНордик сван еколабел“ (Nordic Swan Ecolabel), (всушност овие се и првите пелени што носат сертификат како еколошки од страна наЕколабел“ (Ecolabel)).

 Структурата е трислојна, а најгорниот слој е направен така што кожата може да дише. Средниот слој има голема апсорбирачка моќ и гарантира употреба и преку ноќ. На самата пелена има индикатор што покажува кога пелената е веќе полна и е потребно да се смени.

Важно е да се спомене дека ниеден од материјалите користени за изработка на овој вид пелени не е вештачки избелуван со хлорин, што е од огромна важност, особено за чувствителната детска кожа. Има голем избор од овие пелени, од XS за порано родени бебиња па се до XL. Навстина огромен избор на пелени кој ќе го одберете според големината и килажата на вашето бебе. Овие производи може да ги најдете онлајн на www.bellina.mk или во некој од нивните БиоШоп, како и во дрогериите на DM по цена од 410 до 560 мкд (цената варира во зависност од големината на пелените).

 При пресоблекувањето на бебето со цел да се избегнат несакани флеки или истекување на содржината од пелената ви го препорачувам подлогите за пресоблеквање од истата марка. Овој производ е навистина одличен за вашето бебе бидејќи е направен од еколошки материјал кој е нежен за кожата на бебето, а сепак не пропушта и ја штити површината каде го пресоблекувате бебето. 

Подлогите за пресоблекување за еднократна употреба се безбедни за кожата и може да апсорбираат од 1000мл течност. Подлогите имаат запечатени рабови за оптимална заштита од протекување и се направени од материјал кој дише за да се намали ризикот од појава на осип на кожата. Како сите Bambo Nature бебешки производи, подлогите се екстремно меки, правејќи ги нежни кон бебешката кожа - идеални за употреба дома или на пат. Тие се лесно растегливи со една рака. Не содржат хлор или парабени.

Цената на овој производ е 490 мкд. 

За на крај (меѓутоа и не помалку важни) ви ги претставвам подлогите за заштита на креветот. Bambo Nature заштитните подлоги за кревет за еднократна употреба се безбедни за кожата и може да апсорбираат до 700мл течност. Подлогите имаат запечатени работи за заштита од протекување и се направени од материјал кој дише и го намалува ризикот од иритации. Тие се меки, тенки и не содржат парфеми. Обезбедуваат вашето бебе, колевка или кревет да останат суви и се одлично решение за "незгоди за време на ноќта" кога бебето се одвикнува од пелени.

Заштитните подлоги за кревет се дерматолошки тестирани и го исполнуваат FSC® (Шумски Управен Совет) стандардот.

Се користат на тој начин што се поставува подлогата дијагонално на бебешкото креветче со цел да се постигне максимална покривност. Таа може да се користи и за заштита на седишта во кола и многу повеќе.

Драги мои мајки, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист. Ние се читаме наскоро со рецензија на многу нови производи. 

Ве гушкам

Вики

Comments

  1. Ова сведоштво го споделувам со партнерите кои страдаат во нивните врски бидејќи постои трајно решение. Мојот сопруг ме остави мене и нашите две деца за друга жена три години. Се обидов да бидам силна само за моите деца, но не можев да ја контролирам болката што го мачеше моето срце. Бев повреден и збунет. Ми требаше помош, па истражував на интернет и наидов на една страница каде што видов дека д-р Елен, која работи на правопис, може да помогне да се вратат саканите. Ја контактирав и таа ми направи посебна молитва и магии. На мое изненадување, мојот сопруг повторно се врати дома по 2 дена. Така се обединивме и имаше многу љубов, радост и мир во семејството. Можете исто така да контактирате со д-р Елен, моќен магија за решенија
    1) Врати се дечко
    2) Повторно обединете маж или жена
    3) Ако имате кошмари
    4) Исцелување на ХИВ и рак
    5) Моќен магичен прстен
    6) Магија за среќа
    7) Раскинување на опсесијата
    8) Проблеми со породувањето и бременоста
    9) среќен лотарски број
    Контакт преку е-пошта: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да го Whatsapp +2349074881619

    ReplyDelete

Post a Comment