Dr. Konopka's серум за зголемено опаѓање на косата

 


Здраво драги мои,

за некој ден календарски официјално ќе навлеземе во пролетта, која е прекрасно годишно време, ја буди природата и на некој начин не буди наc. За жал меѓутоа, пролетта е оној период во кој се збележува и зголемено опаѓање на косата, како кај жените така и кај мажите. Токму затоа во оваа cтатија би cакала да ви претcтавам еден прекраен природен производ одноcно серум од една од моите омилени органски марки поради едноставните, меѓутоа високо функционални формули.

Производот кој ќе ви го претставам генерално е наменет за мажи и е дел од колекцијата за мажи, меѓутоа според декларацијата и состојките според мене може да го користат и оние жени кај кои се забележува прекумерно опаѓање на косата, како и жените во менопауза каде под дејство на хормоналната промена се забележува зголемено опаѓање.

Ајде најнапред како и за секој прозвод досега, да ја разгледаме декларацијта и да проговориме за дејството и ефикасноста на истиот.

Како што може да се забележи од декларацијата овој серум е богат со одлични екстракти кои ја зајакнуваат косата и го спречуваат прекумерното опаѓање како на пример екстракт од нане, корен на жен шен, екстракт од кафе, екстракт од лаванда, кои не се растворени во алкохол како солвент (како што е случајот со голем број на призводи со иста цел на пазарот), туку се одлично искомбинирани со масла кои имаат омекнувачко и регенеративно дејство врз кожата како бадемово масло, масло од шипка, маслиново масло, масло од семки од грозје, масло од арган и масло од авокадо. Одличниот мирис на производот се должи на етеричните масла од лимон, цитрус и лаванда кои освен мирисот имаат и позитивно дејство врз скалпот на главата со оглед на тоа то ја подобруваат циркулацијата.

Она што најмногу ми се допаѓа кај овој производ е начинот на користење. За разлика од многу производи кои треба да се нанесат да се почека да делуваат па потоа се мијат, овој се прска само на коренот на влажна миена коса, се прави блага масажа и не се одмива. На тој начин производот делува до следно миење што е одлично.



Како што претходно напоменав иако е наменет за мажи, сепак сметам дека може да го користат и жени кај кои се забележува претерано опаѓање на косата (особено во овој преоден период) како и кај жени во менопауза.

Овој прекрасен и екстремно корисен производ може да го најдете онлајн на www.bellina.mk по цена од 540 мкд. 

Драги мои, ја е надевам дека оваа татија ви е допадна и ви беше од корит. Доколку традате од зголемено опаѓање на коата, дајте му шана на овој производ.

Поздрав и до ледно читање.

Вики


Comments