База за шминка без силикони? Да, од марката Skindivision

 


Здраво драги мои,

скоро 60% од пораките кои секојдневно ги добивам за препорака на производи се однесуваат токму на производите кои се користат како база на лицето, како прајмер на пример, или за осветлување и здрав сјај на кожата како илуминатор на лицето. Со оглед на тоа што 90% од производите достапни кај нас на пазарот се на силиконска база, не знаете колку сум среќна што имам можност да ги ви претставам овие два прекрасни производи на марката Skindivision кои не само што имат функција на прајмер или осветлувач, туку истовремено се формулирани со состојки кои се дермокомпатибилни, ја почитуваат структурата на нашата кожа и истовремено истата ја негуваат, и ја оддржуваат правилната хидратација. 

1. Skindivision Priming Moisturizer


Не можам само да ви објаснам колку сум среќна за овој производ кој не само што делува како база, туку има и функција да ја оддржува правилната хидратација на кожата. Формулиран на база на кокосово масло, шеа путер, муру муру путер, хијалуронска киселина, уреа, провитамин Б5 и вит. Е претставува must have како база за шминката на лицето. Убавото е тоа што на некој начин претставува производ 2 во 1, односно истовремено ја негува кожата.

Има многу  убава богата кремаста структура која на допир е феноменална и дава свиленкаст ефект на кожата, меѓутоа истовремено не ја отежнува или масти кожата и истата бргу ја впива како производ.


Може да го нанесете на два вачина: како база на лицето (по миењето на кожата) и врз неа да нанесете пудра, ББ крем или ЦЦ крем, или пак во комбинација со хајлајтерот за еден прекрасен и здрав Glow ефект.

2. Skindivision Illuminating balm

Претставува оној мал неизбежен производ кој може да го користите на сите оние места кои сакате да ги истакнете (веднаш под веѓата на окото на носот, на јаболчниците или над усните) или пак да го помешате со кремот кој го обично го користите, како на пример со претходниот кој го рецензирав.

Комплетно на природна база, формулиран со шеа путер, кокосово масло, сквалан, пчелин восок и светкав прав (мика), овој производ е идеален за сите типови на кожа. Иако има богата структура, сепак се користи во мала количина на одреден дел на лицето или како што веќе напоменав помешан со базата на целото лице.


Јас обожавам да го користам во комбинација со базата од истава марка со оглед на тоа што двете заедно даваат неверојатен сјај на самата кожа. Во видеото подолу може да го видите нанесувањето на двата производи на самата кожа и ефектот врз истата.

Драги мои, јас се надевам дека ќе им дадете шанса на овие производи, верувајте ми вредат секој денар. Истиве може да ги најдете на сајтот на Белина на следниов линк www.bellina.mk или во нивниот БиоШоп позади цветен пазар и во East Gate.

Ние се читаме во некоја наредна статија, а дотогаш бидете ми добро.

Вики

Comments