Производи за длабока регенерација на сува и возрасна кожа

 


Здраво драги мои,

во оваа прва статија од 2022 би сакала да ви предложам два прекрасни производи за регенерација на кожата, ообено корисни во случај на сува и возрасна кожа. Може да ги користите како производи за дополнителна нега и да ги вклучите во веќе постоечката рутина за нега на вашата кожа. Освен тоа што имаат прекрасни формули кои се дермокомпатибилни, имаат неверојатен ефект врз кожата. Станува збор за витаминското масло и регенеративниот серум околу очи од марката Мадара.

Во неколку претходни статии и видеа имам споменато колку ја обожавам оваа марка со оглед на тоа што прави високо квалитетни производи кои, вистина е, коштаат малку повеќе од другите, меѓутоа резултатот е незаменлив. Исто така станува збор за состојки кои се со одличен квалитет за што ќе говорам понатаму во статијата.

1. Витаминско масло Deep Moisture Madara


СОСТОЈКИ (INCI): OENOTHERA BIENNIS (EVENING PRIMROSE) OIL, BORAGO OFFICINALIS (BORAGE) SEED OIL, OLEA EUROPAEA (OLIVE) FRUIT OIL, DECYL COCOATE, UNDECANE, HIPPOPHAE RHAMNOIDES (SEA-BUCKTHORN) FRUIT EXTRACT, ROSA CANINA (ROSEHIP) FRUIT EXTRACT, TOCOPHEROL, TRIDECANE, RUBUS IDAEUS (RASPBERRY) SEED OIL, AROMA, LIMONENE, CITRAL, CITRONELLOL, LINALOOL, GERANIOL.

Од декларацијата може да се забележи дека овој производ како база има масло од ноќниче, кое е едно од најценетите масла за нега на сува, возрасна и чувствителна кожа. Ова масло има огромно обновувачко дејство врз заштитниот филм на кожата и ја подобрува еластичноста и хидратацијата на самата кожа. Ете зошто велам дека цената на производот е оправдана. Повеќето масла од други марки кои имаат пониска цена, како база имаат сончогледово или масло од соја. Овде станува збор за многу ценето масло кое е од непроценлива вредност за самата кожа. 

Понатаму може да забележиме масло од лисичинка (Borago officinalis) кое има големо емолиетно (омекнувачко) дејство врз кожата, ја подобрува еластичноста врз кожата и е корисно во случај на флеки. Богато со омега 3 и 6 масни киселини, помага во зајакнување на бариерата на кожата. Особено е корисно за нега на кожата кај жените во менопауза.

Маслиновото масло е богато со витамин Е и ја подобрува еластичноста на кожата. Да не ги заборавиме и екстрактите со кои е богато ова масло, односно шипка, волчји трн и малина, кои даваат еден вид на витаминска доза за подобар изглед на безживотна кожа.

Ова масло е одлично и за комбинирана кожа. Ова ви го кажувам од искуство бидејќи мојата кожа е комбинирана и го користам секоја вечер помешано со мојот крем, со неверојатни резултати. Воопшто не е масно како производ и кожата веднаш го впива. Дава неверојатен сјај на кожата и мекост на самата кожа. Верувајте ми, ќе забележите разлика уште по само недела дена употреба на истото.

Најидеално е доколку го нанесете навечер на благо навлажнета кожа (доколку го нанесувате чисто) или на сува кожа доколку претходно го помешате со малку крем на раката. 

Цената на овој производ е 1.840 мкд за 50 мл производ и истото може да го најдете онлајн на www.bellina.mk или во нивниот БиоШоп кај цветен пазар и во East Gate.

2. Серум за нега на кожата околу очите Regene Madara

Ова е еден од најдобрите производи кои ги имам пробано во последно време. Не можам да ви објаснам колку добар ефект има врз оваа деликатна зона на лицето, ја зголемува хидратацијата и ја подобрува структурата на кожата.

СОСТОЈКИ (INCI):  BETULA ALBA (BIRCH) JUICE, GLYCERIN, COCONUT ALKANES, CETEARYL ALCOHOL, SIMMONDSIA CHINENSIS (JOJOBA) SEED OIL, GLYCERYL STEARATE, CITRATE, BORAGO OFFICINALIS (BORAGE) SEED OIL, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, DIPALMITOYL HYDROXYPROLINE, EUPHRASIA OFFICINALIS (EYEBRIGHT), EXTRACTRICINUS COMMUNIS (CASTOR) OIL, SODIUM PCA, AQUA, CAMELLIA SINENSIS LEAF EXTRACT, USNEA BARBATA (LICHEN) EXTRACT, XYLITYLGLUCOSIDE, TITANIUM DIOXIDE (CI 77891), MICA (CI77019), ANHYDROXYLITOL, AROMA, CELLULOSERHUS VERNICIFLUA (SUMAC) PEEL CERA, XANTHAN GUM, AESCULUS HIPPOCASTANUM (HORSE-CHESTNUT) SEED EXTRACT, XYLITOL, TRIFOLIUM PRATENSE (RED CLOVER) FLOWER EXTRACT, ASCORBYL PALMITATE (VITAMIN C), TOCOPHEROL, HYDROLYZED HYALURONIC ACID, SODIUM HYALURONATE, POTASSIUM HYDROXIDE, SODIUM PHYTATE, GINKGO BILOBA (GINKGO) LEAF EXTRACT, CITRIC ACID, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE.

Овој производ наместо вода на прва позиција содржи хидролат од бреза кој има депуративно дејство што е особено важно за овој дел од лицето, особено кај оние кои страдаат од задржување на вишокот на течности во тој предел од лицето.

Содржи комбинација на масла како лисичинка, јојоба и кокос, кои се од огромно значење за оддржување на правилната хидратација и за регенерација на кожата. Понатаму содржи витамин Ц, како во стабилна форма (аскорбил палмитат), така и преку екстрактите, со цел да даде благ избелувачки ефект, особено кај оние кои страдаат од темни подочници.

Благодарение на составот, овој производ има огромно регенеративно дејство, ја подобрува  хидратацијата и еластичноста на кожата и со самото тоа претставува одличен анти ејџ производ. 

Се нанесува на чиста кожа околу очите наутро и навечер. Поради лесната структура може слободно да го нанесете пред масажа или стимулација на точките околу очите.

Цената на овој производ е 2.335 мкд и истиот може да го најдете онлајн на www.bellina.mk, или во нивниот БиоШоп кај цветен пазар и во East Gate.

Јас се надевам дека оваа статија ви се допадна. Доколку може да си дозволите како цена, топло ви препорачувам да им дадете шанса на овие два производи, верувајте ми, ќе бидете повеќе од задоволни.

Вики

Comments