Нега на чувствителна кожа во зимскиот период

 


Здраво драги мои,

сите оние кои имаат многу чувствителна кожа знаат колку е тешко да се справат со ненадејни црвенила и иритации, кожа која реагира на било каков производ или надворешни влијанија. Негата за чувствителната кожа бара многу внимание, трпение и пред сѐ употреба на правилна козметика.

Студеното време во последниве две недели,додатно го зголемува проблемот. Во оваа статија би сакала да ви помогнам да ја пронајдете идеалната рутина за нега на овој тип на кожа, и да ви претставам еден прекрасен производ од марката You & Oil, од линијата со масло од канабис, кој е одличен во случај на дерматитис, проријаза и егзема, и ја заштитува и негува чувствителната кожа токму во овој поладен период.

Кога станува збор за нега на овој тип на кожа, освен правилната детерзија (која е база на сѐ) и која потребно е да биде умерена и да ја почитува природната заштитна бариера на кожата, од огрмна важност е и производот кој го користите да биде најнапред со состојки кои се дермокомпатибилни, кои ја штитат кожата, ја потпомагаат правилната хидратација и ја хранат кожата. Со еден збор потребно е да се направи идеален баланс помеѓу водените и маслените состојки, односно хидролипидниот заштитен филм на кожата. Запомнете колку бариерата на кожата е посилна, толку нашата кожа ќе биде поотпорна на надворешни влијанија, и со самотот тоа поздрава и поубава.

Овој производ го прави токму тоа.


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, BUTYROSPERMUM PARKII (SHEA) BUTTER, CANNABIS SATIVA (HEMP) SEED OIL, HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) SEED OIL, 5 % BULK EU HEMP SEED OIL INFUSED WITH HEMP BLEND, SQUALENE, CETEARYL OLIVATE, COCO-CAPRYLATE, SORBITAN OLIVATE, CALENDULA OFFICINALIS (MARIGOLD) EXTRACT, PENTYLENE GLYCOL, GLYCERIN, HIPPOPHAE RHAMNOIDES (SEA BUCKTHORN) SEED OIL, CHAMOMILLA RECUTITA (CHAMOMILE) FLOWER EXTRACT, ALOE BARBADENSIS (ALOE VERA) LEAF JUICE POWDER, HELICHRYSUM ITALICUM (IMMORTELLE) FLOWER OIL, ALGIN, XANTHAN GUM, TOCOPHEROL, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, CITRIC ACID, BENZOIC ACID, LIMONENE, LINALOOL.

Од декларацијата може да забележиме дека базата на овој производ е шеа путер во комбинација со масло од канабис, сончогледово масло, сквален и прекрасни ектракти како оние од невен, камилица, алое вера, како и масло од смиљ. Ваквата комбинација најнапред дава заштитно дејство на кожата (благодарение на шеа путерот и маслото од канабис) од надворешните фактори и влијанија. Додатно, комбинацијата на масла ја подобрува хидратацијата на кожата, ја омекнува и храни истата. 

Големиот број на екстракти со ленитивно (омекнувачко) и смирувачко дејство како невен, камилица и алое вера се одлични за смирување на иритираната кожа. Како струуктура кремов е доста богат (со оглед на тоа што треба да помогне кај една кожа која на некој начин страда и е посува од обично) и има малку чуден мирис на билки кој мене лично не ми пречи. Меѓутоа воопшто не е маслен и не ја масти кожата, туку истата веднаш го впива.

Може слободно да се користи во случај на дерматитис, егзема, псоријаза или пак едноставно доколку имате многу сува кожа која зимно време се вцрвенува, чеша и се појавуваат иритации. Она што ообено ми е допаѓа кај овој производ е фактот што дава резултати веднаш. По втората употреба дава еден вид на олеснување, го намалува чешањето и ја смирува иритацијата на кожата, а со редовна употреба ја регенерира кожата и ја зајакнува бариерата на самата кожа.

Кога сме веќе кај оваа марка не може а да не ви претставам уште еден прекрасен производ кој ме спасил неколкупати кога сум се изгорела од рерната (при подготовка на мафин или друго), односно кремот за изгореници, воспаленија и модринки. 

Овој производ е навистина еден од најделотворните кои досега ги имам пробано за оваа проблематика. Делува кај сите состојби при кои се појавува топлина (изгореници, болки, модрици, истегнување на мукул итн.) Ја намалува болката во мускулите во случај на повреда или истегнување (ова имав можност самата да го искусам откако играјќи кошарка силно ме удрија со топката. После два дена употреба на овој производ (повеќепати дневно) болката комплетно ичезна.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, BUTYROSPERMUM PARKII (SHEA) BUTTER, CETEARYL OLIVATE, SQUALENE, SORBITAN OLIVATE, COCO-CAPRYLATE, HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) SEED OIL, 5% BULK EU HEMP SEED OIL INFUSED WITH HEMP BLEND, CANNABIS SATIVA (HEMP) SEED OIL, OLEA EUROPAEA (OLIVE) FRUIT OIL, GLYCERIN, PENTYLENE GLYCOL, MENTHOL, CHAMOMILLA RECUTITA (CHAMOMILE) OIL, TOCOPHEROL, XANTHAN GUM, ALOE BARBADENSIS (ALOE VERA) LEAF JUICE POWDER, ALGIN, GAULTHERIA PROCUMBENS (WINTERGREEN) LEAF OIL, HELICHRYSUM ITALICUM (IMMORTELLE) OIL, ELETTARIA CARDAMOMUM (CARDAMOM) SEED OIL, CITRUS NOBILIS (TANGOR) PEEL OIL, SODIUM BENZOATE, BENZOIC ACID, CITRAL, EUGENOL, GERANIOL, LIMONENE, LINALOOL.

Базата е слична како претходниот производ, иако овде се менува процентот на употреба на состојките и секако екстрактите кои е за нијана поразлични. 

Овие два производи кои ви ги предложив може да ги најдете на сајтот на www.bellina.mk и во нивните БиоШоп кај цветен пазар и во East Gate.

Јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист. Ние се читаме наскоро.

Секое добро

Вики

Comments