Кератински третман за оштетена и безживотна коса

 


Здраво драги мои,

колкумина од вас се во постојана потрага по производи за нега и стајлинг на косата кои ќе го обноват влакното и ќе го зголемат сјајот на истото? Јас секогаш. Без разлика на тоа што имам пробано навистина многу разни производи од кои сум била многу задоволна, сепак производите за нега на косата се производ со кој најмногу експериментираме.

Во денешнава статија би сакала да ви покажам два производи кои ги тестирав во последно време и од кои сум навистина задоволна. Не станува збор за оранска козметика, меѓутоа се одлично формулирани, нежни и имаат огромна ефикасност и дејство врз косата. Станува збор за шампонот за регенерација на косата од Натура Сиберика и кератинскиот спреј третман од истата марка. Во продолжение ќе ги разгледаме посебно.

Шампон за регенерација на оштетена коса на Натура Сиберика

Мора да кажам дека овој шампон ми остави голем впечаток и ми се допадна како ефект врз косата. Особено го ценам фактот што иако не станува збор за сертифицирана природна и органска козметика, производов има одлична декларација и според формулацијата е нежен за темето на главата, има одлично дејство врз косата, и со секое миење го храни и обновува влакното.

Ајде најнапред да ја разгледаме декларацијата на овој производ.

Од декларацијата може да се забележи дека овој производ е убаво избалансиран и благ за темето на косата, Како примарен сурфактант може да го забележиме содиум коко сулфат кој е одлично избалансиран најнапред со коко глукозидот, а потоа и со децил глукозид (многу нежни сурфактанти кои за цел имаат да ја ублажат измивачката моќ на примарниот). Понатаму производов содржи протеини, кератин, екстракти кои ја обновуваат структурата на влакното и го враќаат сјајот на косата како: екстракт од коприва, екстракт од сибирски бор, екстракт од шипка, екстракт од бреза итн.

Овој производ има навистина прекрасен мирис и по миењето ја остава косата мека, нежа и свиленкаста.

Кератински третман спреј на Натура Сиберика

Да си бидам најискрена, овој спреј третман беше одлучувачки фактор врз тоа дали воопшто да ја рецензирам оваа линија или не. Овој производ е прв од ваков вид кој има одлична формула со кератин и протеини и воопшто не содржи силикони (обично на пазарот производите од овој вид се полни со силикони). 

Според производителот овој производ се користи како втор чеков по шампонот. Начинот на употреба (според производителот) е следниов: спрејот се испрскува на веќе измиена коса и не се одмива туку се загрева со фен околу 10 мин., после што се нанесува маската уште 10 минути и на крај сѐ се одмива.

Мене лично, целата оваа постапка најнапред ми изгледаше многу комплицирано, а и мора да напоменам дека маската и балсамот не ги рецензирам поради фактот што во составот содржат силикони (гарантирам само за она за кое пишувам рецензија), и токму затоа морав да најдам нов начин на употреба на овој третман кој ќе даде одлични резултати на косата. Меѓутоа, ајде најнапред да ја разгледаме декларацијата на производот.

По водата на втора позиција може да забележиме еден глукозид кој претставува нејонски сурфактант, нема измивачка моќ како останатите и претежно се користи во производите како балсами, маски и спрејови било да се на измивање било да се leave in. По него има хидролизиран кератин и пшеничен протеин кои се одлични за негата, структурата и сјајот на косата и од особена корист кога станува збор за оштетена и безживотна коса. 

Понатаму во декларацијата може да се забележат екстракти како оние од коприва, шипка, сибирски бор, бреза и останати сибирски билки кои допринесуваат во подобрувањето на структурата на влакното и го зголеуваат сјајот на косата.

Според декларацијата може да кажам дека производов може слободно да се остави врз косата, доколку се нанесе во мала количина без да се петерува (бидејќи во спртивно може да ја масти косата). Јас лично го нанесувам на следниов начин: по миењето, ја оставам косата завиткана во пешкир со цел да се впие вишокот на вода. Потоа нанесувам малку од спрејот по должината на косата и почнувам да сушам со фен со цел да го активирам врз влакното. 

Направив две слики од употребата на овие два производи заедно:

На сликата подолу може да го видите ефектот од производите со обично сушење на косата (без употреба на четка или некое посебно фенирање, само сушење со прстите)

На следната слика користев фен-четка за сушење на косата.

Овие два производи може да ги најдете онлајн на https://www.bellina.mk/ и во нивните БиоШоп кај цветен пазар и во East Gate,

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви с допадна и дека ви беше од корист. Ние се читаме наскоро со нови статии и рецензии.

Бидете ми добро

Вики

Comments

  1. Oдлично! Благодарам,баш вакво нешто барав.И тоа од каква корист ми беше статијава:)
    Само продолжи вака,супер си!!!

    ReplyDelete
    Replies
    1. Благодарам драга. Секое добро.

      Delete

Post a Comment