Нега на кожата околу очите со новиот екслкузивен прозвод на Оливал со смиљ

 


Здраво драги мои,

пред околу две недели ви претставив еден новитет од фамилијата смиљ на Оливал, односно мат флуидот за комбинирана до масна кожа. Во денешнава статија ќе ви претставам уште еден прекрасен новитет од оваа линија, односно кремот за нега на кожата околу очите.

Многумина од вас постојано ме прашуваат препорака на производ за нега на кожата околу очите кој ќе биде ефикаен, со одлична декларација, со убаво одбрани отојки и достапен. Епа овој е токму таков драги мои, а во продоклжение на статијата ќе дознаете и зошто.

Најнапред, како и секогаш, да ја разгледаме декларацијата на овој производ со цел да сфатиме зошто е толку добар и ефикасен.

Aqua, Caprylic/Capric Triglyceride, Sucrose Polystearate, Cetearyl Alcohol, Apricot Kernel Oil, Persea Gratissima Oil, Rubus Idaeus Seed Extract, Glycerin, Butyrospermum Parkii Butter, Sodium Stearoyl Glutamate, Argania Spinosa Kernel Oil, Benzyl Alcohol, Cetyl Palmitate, Xanthan Gum, Tocopherol, Papaver Rhoeas Extract, Helichrysum Italicum Flower Oil, Rosmarinus Officinalis Leaf Extract, Salicylic Acid, Sodium Chloride, Sorbic Acid, Limonene

Идеалната комбинација на масла како она од авокадо, маслото од семки од кајсија, арган и маслото од смиљ (кое е и заштитен знак на целата колекција) најнапред ја омекнува кожата околу очите и ја подобрува еластичноста на кожата со што прави брчките да бидат помалку изразени (знаеме колку поеластична кожа толку помалку изразени брчки на лицето). Ова е навистина многу важно со оглед на тоа што зоната околу очите е сиромашна со лојни жлезди и секогаш посува во споредба со онаа на лицето. 

Во формулата се присутни и прекрасни екстракти како оној од чилеанска малина кој има огромно антиоксидантно дејство и оној од рузмарин кој ја подобрува микроциркулацијата на кожата и со самото тоа ја ублажува и намалува појавата на темни кругови околу очите.

Структурата на овој производ е феноменална, не е многу густа, меѓутоа не е ни многу течна. Доста е хранлив, меѓутоа кожата убаво го апсорбира и на допир истата ја чувствувате мека и свиленкаста. 

Доколку сте во потрага по еден убав хранлив крем за нега на кожата околу очите, кој ќе ја оддржи еластичноста на кожата, ќе ја намали видливоста на темните кругови околу очите и ќе ја нахрани и хидрира самата кожа, топло ви препорачувам да го пробате овој. Ќе бидете пријатно изненадени и дефнитивно ќе останете задоволни.

За комплетен третман, особено доколку имате повозрасна или сува кожа на лицето, ви препорачувам овој производ да го комбинирате со остатокот од колекцијата со смиљ наменета за сува и чувствителна кожа. 


За повеќе информации околу колекцијата смиљ за сува и возрасна кожа, погледнете го ова видео.

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист. Само да напоменам дека овој прекрасен производ може да го најдете во продавницата Тесори ди Маре или онлајн на нивниот сајт https://tesoridimare.mk по цена од 830 мкд.

Ве гушкам и бидете ми добро

Вики

Comments