Ароматерапијата во служба на здравјето и добросостојбата на нашиот организам


 Здраво драги мои,

познавањето и употребата на етеричните масла овозможува баланс на целиот организам на најприроден можен начин. Етеричните масла преку својот мирис влијаат врз мозокот, попрецизно врз нервниот систем. Играат голема улога во отстранувањето стресот, подобрувањето на меморијата, подобрувањето на сонот, па и здравјето и изгледот на кожата и косата.

Како поборник за природните методи на подобрување на добросостојбата и здравјето на организмот, за етеричните масла и ароматерапијата имам говорено навистина многу, меѓутоа во сите статии сум правела осврт на чистите етерични масла. Пред да продолжам со статијата, ајде само на кратко да се потсетиме која е разликата помеѓу етеричните масла од една страна и растителните масла од друга страна.

Оние кои јас во статиите постојано ги нарекувам базни масла, се всушност сите чисти растителни масла како маслиново, бадемово, арганово, кокосово, јојоба и.т.н. Овие масла се масла во вистинска смисла на зборот и се добиваат преку ладно цедење на семки (сончоглед, семка), плодови од маслинка или  јаткасти плодови (бадем, лешник). Овие масла може директно да се користат на кожата и богати се со масни киселини и витамини како Е.

Етеричните масла не претставуваат масло во вистинска смисла на зборот. Станува збор за високо концентрираани состојки чијашто молекула има способност преку кожата да навлезе во самиот организам (во циркулацијата). Се употребува терминот масло, со оглед на тоа што како производ етеричното масло е хидрофобно, односно не се врзува со водата, туку со маслото. Етеричните масла никогаш не се користат чисти врз кожата (со неколку исклучоци), туку секогаш претходно растворени во некое растително масло од претходно споменатите. Концентрацијата на раствор зависи од видот на маслото и намената.

Терминот етерично (на англиски essential ) доаѓа од една теорија на Парацелзус (терапевт и волшебник) кој во периодот на ренесансата се водел според концептот дека човекот (микрокосмос) е огледало на универзумот (макрокосмос) . Оттука преку употребата на етеричните масла, кои се најактивните состојки извлечени (екстрахирани) од една билка, духовноста на билката доаѓа во контакт со човековото тело а преку него и во комуникација со човековата душа. Токму затоа разни етерични масла имаат различно влијание, најнапред врз нашето расположение, а потоа секако и врз одредена проблематика или болест на организмот.

Во денешната статија ќе ви претставам еден навистина уникатен производ направен на база на етерично масло. Многу е важно да прецизирам дека не станува збор за чисто етерично масло, туку производ каде етеричното масло е веќе растворено во растително масло, така да производот е готов за употреба. Станува збор за маслата на You & Oil KI.

Оваа линија опфаќа повеќе различни масла,  кои според составот се одлични за разни состојби и проблематики на организмот. Во денешнава статија ќе ви претставам 3 од нив, односно оние кои помагаат во случај на главоболка, стрес и проблеми со спиењето.

1.  You & Oil Disturbed Sleep

Како што кажува самото име, овој производ е наменет за сите оние кои имаат проблем при спиењето, односно имаат пореметување во сонот. Тоа може да биде како резултат на повеќе разни причини. Како поборник за природните методи, секогаш сум ги обожавала етеричните масла, најанпред поради фактот што нанесени на кожата директно продираат во организмот (нивната молекула е таква да претставува една од ретките која нанесена надворешно може да навлезе во внатрешноста на организмот), или пак вдишани имаат веднаш дејство  врз нервниот систем и мозокот. Токму затоа за било каква секојдневна проблематика од непатолошки карактер, како прво средство се обидувам секогаш со етеричните масла.

Конкретно овој производ содржи микс на 4 етерични масла меѓу кои: лаванда, камилица, мажоран и цимет кои се растворени во бадемово масло (како базно масло). Овој микс на етерични масла има позитивно дејство врз организмот, смирува и го подобрува сонот. 

Се употребува на тој начин што може да се нанесе директно на кожата (како што тоа е означено на самото пакување). Мора да посочам и појаснам една важна работа. На опаковката од овој производ пишува дека е соодветен за деца од 3 години па нагоре. Јас моментално работам на еден проект со професори од Италија токму на оваа тема, и би го препорачала само кај деца над 6 години. Кога отидов на официјалниот сајт за да им пишам за појаснување околу употребата на овој производ кај деца помали од 6 години, забележав дека на сајтот стои токму она што јас ви го велам, односно дека производот е соодветен за возрасни и деца над 6 години.

Можно е да станува збор за печатна грешка на самата опаковка, меѓутоа доколку го земете бидете претпазливи и користете го за вас и деца кои се постари од 6 години. За етеричните масла и децата може да се напише цел реферат и ќе посветам цела една статија на таа тема за убаво да ги објаснам сите работи. Запомнете само дека пожелно е да не се користат етерични масла кај деца помали од 6 години, доколку истото не е стриктно назначено како неопходно од страна на стручно лице, експерт по ароматерапија. Постојат стриктни дози и за деца помали од 6 години, меѓутоа тоа мора да биде во согласност со стручно лице како неопходно.

2. You & Oil Head

Ова масло е одлично за сите оние кои страдаат од главоболка. Разликата помеѓу природниот пристап на лечење или подобрување на добросостојбата на организмот и фармаколошкиот пристап е тоа што фармаколошките лекарства се грижат за симптомот и истиот го ублажуваат, додека природните одат подлабоко и го решаваат проблемот од 360 степени. Токму затоа за секојдневни проблематики (со исклучок на тешки патологии) предлагам секогаш да се обидете најнапред со природни методи. 

Овој производ во својот состав содржи ексклузивна мешавина од лаванда, горчлив портокал, камилица и иланг иланг растворени во бадемово масло како база. Како што веќе претходно напоменав, влијаат врз мозокот, попрецизно врз нервниот систем. Овој микс на етерични масла ја намалуваат тензијата, прават смирување на организмот и позитивно делуваат на повеќе центри во мозокот.

Се користи на тој начин што неколку каки од ова масло се нанесуваат на пределот на главата. 

3. You & Oil Stress

Третото масло ја подобрува состојбата на организмот во случај на стрес кој во денешниот модерен живот претставува дел од секојдневието на повеќе луѓе. Сите ние повеќе или помалку секојдневно сме изложени на поголеми или помали стресни ситуации со кои се справуваме на различен начин.

Ова масло содржи комбинација на следниве етерични масла: гераниум, бергамот (еден вид на цитрусно масло) и лаванда, растворени во бадемово масло како база. Оваа мешавина на масла дава енергизирачко дејство врз организмот (особено благодарени на циструсното масло кое е познато како подобрувач на расположението) и секако благодарение на маслоо од гераниум, а истовремено смирува благодарение на етеричното масло од лаванда. Значи овој производ делува на тој начин што смирува, меѓутоа истовремено го подобрува расположението, нешто што е многу важно во случај на стрес.

Како производ може да се користи кај возрасни и деца над 6 години. Се нанесува мала количина (две капки) на кожата на градниот кош како што е назначено на самата опаковка.

Овие масла може да ги најдете екслкузивно во ДМ Маркетите низ републиката по цена од 

You & Oil Disturbed Sleep - 695 мкд. за 5 мл. производ

You & Oil Head - 695 мкд. за 5 мл. производ

You & Oil Stress - 670 мкд. за 5 мл. производ

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и дека ви беше од корист. Доколку е тоа така, ставете лајк, оставете ваш кометар или споделете ја на вашите профили на социјалните мрежи.

Ние се читаме наскоро со нови интересни содржини.

Ве гушкам

Вики

Comments

Post a Comment