Нов мат флуид за нега на комбинирана до масна кожа од фамилијата смиљ на Оливал


 Здраво драги мои,

мислам дека сите веќе знаете колку ми се допаѓаат производите од линијата со смиљ на Оливал и колку се добри како сооднос помеѓу квалитет и цена. За многу пристапна цена добивате фантастичен производ кој најнапред е дермокомпатибилен, ја негува кожата, а потоа го прави и она за кое е наменет. Во денешнава статија со огромна радост би сакала да ви го претставам најновиот производ од оваа линија наменет за сите кои имаат комбинирана до масна кожа, односно флуидот со мат ефект за нега на кожата.

Обично кога станува збор за производ со мат ефект поголемиот број на луѓе мислат на крем или флуид кој во својот состав нема да содржи масла и ќе има гел структура и тоа е најголемата грешка и заблуда. Секоја кожа, па дури и масната има потреба од производ кој во својот состав ќе содржи како водена, така и маслена фаза. Тајната е во правилниот избор на маслата и нивна правилна комбинација со останатите состојки.

Производов кој ќе ви го претставам денес го тестирав во изминативе две недели и со оглед на тоа што имам комбинирана кожа која лесно се масти во Т зоната, одлично можев да го увидам ефектот и квалитетот на овој мат флуид.

Ајде најнапред да ја разгледаме декларацијата на истиот

Многупaти имам напоменато дека она што најмногу ми се допаѓа кај колекцијата Оливал со смиљ се едноставните, меѓутоа високо функционални формули на производите. Малку состојки, ама внимателно и паметно одбрани да искомбинирани меѓусебно даваат максимум ефект. Од декларацијата може да забележиме дека по водата има алое вера сок кој дава хидратација на кожата (нешто што е од огромна важност за сите типови на кожа, па и за масната), потоа каприлик каприк кое е многу лесно масло, одлично како база за производи наменети за комбинирана до масна кожа. Ова масло во формулата е искомбинирано со сквален кој е феноменален за кожата, ја негува и ја подобрува еластичноста на истата. 

Дури и емулгаторот е одлично избран да дава одлична и стабилна емулзија, а истовремено кадифен ефект на производот врз кожата. Понатаму забележуваме масло од смиљ (кој е заштитен знак на колекцијата), сончоглеово масло, цетил палмитат кој дава неверојатен ефект на мазна и убава кожа, ја збогатува формулата и ја зголемува хранливоста на самиот производ, и прекрасни екстракти како оној од тимјан и да не ги заборавиме и полифенолите во овој производ. 

Еве ја структурата на овој флуид.

Може да кажам дека по употребата ефектот кој го дава е мека и хидрирана кожа, а истовремено мат ефект. Кожата ја чувствувате свиленкаста, и без разлика на тоа што дава мат ефект воопшто не се забележува чувство на затегање.

Мој совет ви е да го комбинирате овој производ со останатите од линијата смиљ наменети за комбинирана до масна кожа. Комплетната рутина би вклучувала мицеларниот гел за лице, мат флуид, активен пилинг и активна маска. 

Верувајте ми дека комплетната рутина ќе ја платите онолку колку што би платиле само еден производ од некои други марки, а добивате рутина која навистина го прави она за што е наменета, без притоа да ја суши или иритира кожата, Напротив го нормализира лачењето на вишокот на себум на лицето, ја нормализира кожата истовремено хидрирајќи ја.

За редоследот и фрквентноста на користење на производите погледнете го ова видео. 

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна. Од срце ви препорачувам да го пробате овој производ и да си направите комплетна рутина со останатите производи бидејќи наистина вреди.

Ние се читаме во некоја наредна статија а дотогаш бидете ми добро.

Вики

Comments