Ароматерапија за добросостојба и баланс на организмот

 


Здраво драги мои,


во минатата статија започнавме да говориме за производите на You & Oil KI подготвени на база на мешавина од разни етерични масла, веќе растворени во растително масло и готови за употреба. Како што веќе напоменав ароматерапијата претставува одличен природен метод за подобрување на добросостојбата на организмот, и ослободување од некоја од проблематиките. 

Доколку се сеќавате, во минатата статија говоревме за мешавините на етерични масла кои се погодни во случај на главоболка, стрес и проблеми со спињето, како едни од најчестите проблематики на модерниот начин на живот.

Во оваа статија ќе разгледаме 3 други производи на база на микс од етерични масла, односно оние за менструални болки, слаба концентрација и емоционална истоштеност на организмот.

Започнувам со она најважносто за сите жени во плодниот период, односно маслото наменето за смирување на болките за време на менструалниот циклус кај жената.


Поголемиот број на девојки и жени ќе се согласат со мене дека за време на циклусот, барем првите два дена се соочуваме со помали или поголеми болки кои често ни го забавуваат ритамот на извршување на дневните обврски, влијаат врз концентрацијата и расположението итн. Барем кај мене случајот е таков: првите два дена се убиствени, а потоа е сѐ полесно. Ова секако е различно кај секоја од нас.

Производот наменет за оваа проблематика претставува одличен природен начин на ублажување на менструалните болки без притоа да посегнеме по разни аналгетици или полеасни /потешки лекарства за таа намена. Етеричното масло од жалфија прави да овој производ го смирува организмот, помага во намалување на грчеви, напнатост, тензија и чувството на болка во стомакот. Ппромовира смиреност и опуштање, и е одлично во случај на чувство на подуеност која е многу честа за време на циклусот. 

Се земаат неколку капки од производот и се нанесуваат на долниот дел на абдоменот.


Како второ преминувам на производот специјално наменет за подобрување на концентрацијата. Овој производ е формулиран на база на етерични масла од нане и камфор, растворени во бадемово масло. Како што кажува и самото име помага во подобрување на концентрацијта, обезбедувајќи енергетско збогатување, намалување на нервоза, подобрување на фокус и остар ум.


Се користи на тој начин што неколку капки од овој производ се нанесуваат на точките назначени на самото пакување со цел да се подобри умствената работа и концентрацијата.

Третото масло од оваа група на производи е она за емоционална истоштеност на организмот. И ова е одличен начин за да се справите со стресните ситуации во животот без притоа да посегнете по таблети за таа намена. Етеричните масла не само што го подобруваат проблемот, туку прават комплетен баланс на организмот и целокупната добросостојба. На тој начин не само што ја ублажувате проблематиката, туку одите подлабоко 360 степени, ја отстранувате причината, го балансирате организмот и го подобрувате расположението (што во денешно време не е за потценување). 


Главните етерични масла во овој производ се она од камфор, портокал и лаванда. Како што веќе знаеме лавандата има смирувачко дејство врз нервниот систем, ја отстранува напнатоста и го балансира организмот. Она од портокал има стимулирачко дејство, ја подобрува енергијата и позититвно делува врз нервниот систем. Оваа мешавина на етерични масла се растворени во бадемово масло.

Се користи на тој начин што неколку капки се нанесуваат на точките означени на самото пакување.

Овие три производи може да ги најдете екслкузивно во ДМ маркетите по цена од:

You & Oil KI за менструални болки 610 мкд.
You & Oil KI за подобрување на концентрацијата 610 мкд.
You & Oil KI .за емоционална истоштеност на организмот 670 мкд.

Драги мои, јас се надевам дека и оваа статија ви се допадна и ви беше од корист. Ние се читаме наскоро со нови интересни статии и рецензии.

Вики

Comments