Аnti-ox на Natura Siberica: витаминска бомба за нега на вашата кожа


 Здраво драги мои,

полека но сигурно се наближуваме кон летото и деновите се сѐ поубави и посончеви (со мали иклучоци). Како што веќе напоменав во претходните статии, со оглед на тоа што летно време поминуваме многу повеќе време надвор на отворено и на сонце, од огромна важност е секако да се става крем за заштита од сонцето. Честопати формулите на кремите за заштита од сонцето се сиромашни со антиоксидантни состојки (повеќе се фокусирани на заштитните филтри) и токму затоа од огромна важност се производите кои ги користите за нега на кожата во овој период да бидат богати со вит. Ц или останати антиоксидатни остојки, кои најнапред ќе го комплетираат дејството на средството за заштита од сонцето, а потоа секако даваат одлична нега на самата кожа и на некој начин го спречуваат дејството на слободните радикали.

Линијата која ќе ви ја предложам во денешнава статија не е органска, меѓутоа има одлично избаланирани формули. Ја тестирав во последниот месец и морам да кажам дека ме воодушеви (особено серумот). Станува збор за производи со одлична декларација, дермокомпатибилни, функционални и што е најважно со одлична цена (достапни за сечиј џеб). Станува збор за тоникот, серумот и кремот од линијата anti-ox на Natura Siberica.

Оваа линија се базира на антиоксидантни состојки, односно вит. Ц, како во стабилната форма Содиум Акорбил Фосфат така и на вит. Ц кој е како резултат на екстракти од разни билки (како на пример оној од боровница). Ајде да ги разгледаме сите производи посебно.

1. Серум за летна нега anti - ox на Natura Siberica

Започнувам со мојот фаворит од оваа линија, односно серумот за лице кој има огромно регенеративно и омекнувачко дејство врз кожата. Претставува вистински рудник на Ц витамин и помага во задржувањето на правилнаа хидратација на кожата.

Овој производ е навистина оригинален, не само поради прекрасната декарација, туку и поради фактот што е двофазен серум, одноно содржи водена и малена фаза. Ова гарантира одлична хидратација на кожата (маслената во комбинација о водената фаза). Знаеме дека за правилна хидратација, еден производ мора да содржи и маслена фаза (одреден процент на масла) кој помага во правилното задржување на водата во самата кожа. Ајде најнапред да ја разгледаме декларацијата на овој производ.

По водата може да забележиме присуство на бадемово масло, масло од семки од кајсија, каприлил каприк триглицерид и коко каприлат (две многу лесни масла). Оваа одлична комбинација на масла не ја масти кожата, туку напротив ја храни и ја помага правилната хидратација. Истиве се понатаму икомбинирани со масло од волчји трн. Потоа има глицерин кој го подобрува хидратантното дејство на овој серум и голем борј на ектракти од сибирски билки богати со витамин Ц како ектракт од аралија, ектракт од дива боровница, екстракт од волчји трн и др. Серумов содржи понатаму пантенол, вит, Е во чиста форма (токоферол), Ц вит во стабилната форма Содиум Аскорбил Фосфат и коензим Q 10.

Навистина фантастична декларација. Овој серум содржи сѐ она што на нашата кожа и е потребно во претстојниот летен период.


Како што кажав на почетокот, овој е двофазен серум и пред употреба потребно е да го протресете со цел да направите двете фази да се спојат.


Се користи на чисто лице двапати дневно, наутро и навечер. Го препорачувам за сите типови на кожа (воопшто не масти), за време на целиот летен период. Овој прекрасен производ може да го најдете на www.bellina.mk и во нивниот БиоШоп по цена од 445 мкд. 

2. Ноќен крем маска anti-ox на Natura Siberica

Вториот производ кој сакам да ви го претставам од оваа линија е ноќниот крем-маска кој е навистина феноменален. Се користи само навечер и има одлично регенеративно дејство врз кожата. 

Овој обновувачки крем-маска е херојот на ноќната нега, односно работи додека ние спиеме. Помага во оддржувањето на елсатичноста на кожата, ја помага правилната хидратација и со самото тоа го спречува предвременото стареење на кожата. Дивата боровница која расте во непогодните услови во Таига, содржи голема количина на вредни антиоксиданси кои се и те како потребни на кожата, особено во борбата протов слободните радикали. 

Нијацинамидот ја смирува кожата и ја намалува појавата на црвенила и чувствителна кожа. Благодарение на шеа путерот на висока позиција, во комбинација на прекрасни масла, овој производ има огромно хранливо и хидратантно дејство. 

Понатаму, ќерамидите помагаат во заштитата и зајакнувањето на природната бариера на кожата, а коензимот Q10 додатно ја збогатува оваа и онака прекрасна формула.

Овој прекрасен производ може да го најдете на сајтот на www.bellina.mk и во нивниот БиоШоп, по цена од 520 мкд.

3. Тоник за лице anti-ox на Natura Siberica

На крај ви го претставувам и третиот производ кој го одбрав од оваа линија, односно тоникот за лице. Ова е прекрасен производ кој може да го носите со себе и да го испрскате на лицето, секогаш кога ќе имате потреба од тоа (особено во овие топли денови). За подобар ефект, може да го чувате во фрижидер.

Овој производ горе долу ги содржи истите екстракти од кремот и серумот (секако без маслата) и има одлично освежувачко дејство врз кожата. Се користи двапати дневно (наутро и навечер) на убаво исчистена кожа пред нанесување на серумот и кремот. Може да го нанесете со помош на памукче, или уште подобро директно испрскувајќи го на лицето.

Цената на овој производ е 455 мкд и истиот може да го најдете онлајн на www.bellina.mk и во нивниот БиоШоп.

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и дека ви беше од корист. Дајте им шанса на овие производи и слободно користете ги во текот на целиот летен период под кремот за заштита од сонцето. Вашата кожа ќе ви биде благодарна, а и ќе ја зголемите ефикасноста и ефектот на производите за заштита од сонцето.

Ние се читаме наскоро. Бидете ми добро.

Вики


Comments