Чувствителна кожа под пазувите? Пробајте ги новите крем део рол он на Уртекрам


 Секојдневните обврски, трчањето од едно место на друго, топлината, синтетичката облека, сето тоа придонесува до зголемено потење кое честопати е пропратено со непријатна миризба (особено за оние кои се околу нас). На пазарот се нудат многу производи, особено оние магични деодоранси кои ветуваат дека штитат 24, 48 па дури 62 часа...меѓутоа колку и дали се навистина добри за нашиот организам?


Како што веќе имам напоменато во многу мои претходни статии, деодорансите начелно може да ги поделиме во две главни категории и тоа: антиперспиранти и антибактериски.

Антиперспирантите делуваат на тој начин што го спречуваат потењето и со самото тоа нема лош мирис. Главна состојка на антиперспирантите е алуминиумот. Би сакала да цитирам еден од најпознатите италијански хемичари Фабрицио Ѕаго, кој лично многу го почитувам, кој за алуминиумот вели: “ Механизмот на антиперпирантите е всушност присуството на алуминиумот во нив кој делува врз повлекување или контракција на мазниот мускул во пределот под пазувите“. Ете зошто се контролира потењето и мислам дека ова објаснува се. 

Алуминиумот во декларацијата можа да се најде како: aluminium chlorohydrate или алиминиумова сол, или potassium alum (присутен во голем број на деодоранси кои се декларираат како природни или органски), кој е природна сол составена од алуминиум и потасиум. Дали алиминиумот е присутен како aluminium chlorohydrate или пак potassium alum крајниот резултат е ист, разликата е во брзината со која се ослободува во организмот. Првиот е побрз, додека за вториот е потребно повеќе време. 

Антибактериските деодоранси имаат за цел да го неутрализираат лошиот мирис преку делување врз бактериите кои се природно присутни на нашата кожа. При процесот на потење се зголемува пХ вредноста односно од 5,5 оди накај 7. Овие бактерии (кои како што веќе напоменав се природно присутни врз нашата кожа) се многу поактивни на пХ 7 отколку на пХ 5,5 така да прават еден вид на деградација на компонентите на потта, односно ги ситнат на многу молекули кои успеваат да се „одделат“ и стигнат до носот на оние кои се околу нас. Како антибактериски деодоранси се сметаат оние на база на третил цитрат, алкохол и сода бикарбона.


Знаете дека јас сум голем поборник на природните деодоранси, бидејќи според мене колку и да е комотно да бидеме чисти и суви, не е воопшто нормално да го спречуваме природниот процес на потење преку кој нашиот организам најнапред ја оддржува природната топлина (правилна терморегулација), а потоа и преку потта ги исфрла сите штетни материи од самиот организам кои воопшто не се потребни. Токму затоа драги мои во денешнава статија ќе ви предложам два прекрасни природни и органски рол он од марката 
Urtekram погодни дури и за најчувствителна кожа под пазувите, одлчни се за користење о текот на целиот летен период. Станува збор за Крем део рол он од лаванда и Крем део рол он од скандинавска бреза.

1. Крем део рол он од лаванда


Овој деодоранс има прекрасен нежен мирис на лаванда, кој воопшто не е нападен. Механизмот на дејство на овој део рол он е благодарение на триетил цитратот. О
ваа состојка кога ќе дојде во контакт со нашиот организам при зголемување на пХ вредноста се разредува на две молекули односно: етил алкохол и лимонска киселина. Етил алкохолот го намалува размножувањето на бактериите, додека лимонската киселина ја спушта (намалува) пХ вредноста и со тоа го спречува дејството на бактериите.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF EXTRACT *, TRIETHYL CITRATE, PRUNUS AMYGDALUS DULCIS OIL *, POLYGLYCERYL-3 DICITRATE / STEARATE, GLYCERIN **, ZEA MAYS STARCH *, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER *, GLYCERYL CAPRYLATE, CHAMOMILLA RECUTITA OIL *, EUCALUS LEAUCUS TWIG OIL *, LAVANDULA ANGUSTIFOLIA FLOWER EXTRACT *, LAVANDULA ANGUSTIFOLIA OIL *, LAVANDULA HYBRIDA OIL *, ROSMARINUS OFFICINALIS LEAF OIL *, SALIX PURPUREA BARK EXTRACT *, SIMMONDSIA CHINENSIS SEED OIL *, LACTOBACILLUS FERMENT, LEUCONOSTOC / RADISH ROOT MAGNOL FILIA BARK EXTRACT, BETA-SITOSTEROL, HEXAPEPTIDE-11, SODIUM HYALURONATE, ZINC RICINOLEATE, GLYCINE SOYBEAN OIL, SQUALENE, XANTHAN GUM, TOCOPHEROL, LACTIC ACID, PARFUM *, GERANIOL, LIMONENE, LINALOOL.

(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

Формулата е така добро направена што после водата има екстракт од лист на алое вера кој има одлично ленитивно и смирувачко дејство врз кожата, да дури потоа го гледаме триетил цитратот, главниот херој на овој део рол он. Како и секогаш, дјството на триетил цитратот е потпомогнат од уште една многу важна состојка а тоа е цинк рицинолеат. Оваа состојка во козметиката е позната како “апсорбирач на мириси“ и нејзина цел е да го апсорбира лошиот мирис на бактериите кој потоа е неутрализиран од страна на триетил цитратот преку намалување на пХ вредноста. Затоа многу често овие две состојки одат заедно во еден убаво формулиран деодоранс, бидејќи се надополнуваат.

Она што особено ми се допаѓа во оваа формула е изборот на масла кои го прават самиот део понежен, ја омекнуваат кожата и ја оддржуваат правилната хидратација. Овде како масла присутни се бадемово масло, масло од камилица и масло од јојоба, и секако може да се забележи и присуство на шеа путер кој додатно штити и ја омекнува кожата.


Како што напоменав на почетокот има нежен мирис на лаванда и крем структура. Што се однесува до моќта на заштита од лошиот мирис, тоа е индивидуално и зависи од тоа колку се потите, каков стил на живот имате и како се храните. Лично, овој рол он го нанесувам еднаш наутро (јас секој ден пешачам по 2 часа) и откако сум го нанела издржува до некаде околу 14 часот кога повторно треба да нанесам од истиот за да го освежам. 
Она што премногу ми се допаѓа е фактот што не предизвикува пецкање и навистина е многу нежен за кожата на пазувите. 

2. Крем део рол он од скандинавска бреза


Лично се заљубив во овој део рол он, не само поради прекрасниот мирис, туку и поради ефектот врз кожата и заштитата од непријатните мириси. Мислам дека за нијанса повеќе штити од претходниот (барем кај мене беше така, овој вториов повеќе издржа), многу е нежен за кожата под пазувите и ја негува самата кожа.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, PRUNUS AMYGDALUS DULCIS OIL*, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER*, OLEA EUROPAEA FRUIT OIL*, GLYCERIN**, ALOE BARBADENSIS LEAF EXTRACT*, POLYGLYCERYL-3 DICITRATE/STEARATE, ZEA MAYS STARCH*, LYSOLECITHIN, GLYCERYL CAPRYLATE, BETULA ALBA LEAF EXTRACT*, SIMMONDSIA CHINENSIS SEED OIL*, MAGNOLIA OFFICINALIS BARK EXTRACT, BETA-SITOSTEROL, ZINC RICINOLEATE, GLYCINE SOJA OIL, SQUALENE, TOCOPHEROL, LACTIC ACID, PARFUM, CITRAL, CITRONELLOL, GERANIOL, LIMONENE, LINALOOL.

(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

Овој деодоранс (според декларацијата) има уште поголема хранлива и омекнувачка моќ врз кожата на пазувите. Благодарение на бадемовото масло, шеа путерот и маслиновото масло на висока позиција, овој део е одличен дури и за најчувствителна кожа. Пченкарниот скроб има апсорбирачко дејство, а цинк рицинолеатот го неутрализира лошиот мирис на потта. Прекрасните екстракти од бреза, алое вера и магнолија, како и вит. Е и скваленот, додатно ја збогатуваат и онака прекрасната формула на овој производ. 

Како што напоменав за нијанса е поефикасен од претходниот, особено доколку многу се потите како мене. 

Доколку сте во потрага по еден одличен природен производ кој не содржи алуминиум, и доколку имате многу чувствителна кожа на која и пречат производи на база на алкохол, дајте им шанса на овие два део рол он. Ќе бидете воодушевени од ефектот врз кожата. Производите може да ги нарачате онлајн на www.bellina.mk или да ги купите во нивниот БиоШоп по цена од 495 мкд.

Се читаме наскоро
Вики

Comments