Производи за самопотемнување: што се, како функционираат и како правилно да ги одбереме


 Здраво драги мои,

како што можевте да забележите од насловот, во оваа статија ќе говориме за средтсвата за самопотемнување. Ќе разгледаме што всушност претставуваат овие средства, на кој пирнцип функционираат и како правилно да го одбреме вистинскиот производ кој не само што ќе даде прекрасен тен на кожата, туку истовремено ќе ја хидрира и нахрани нашата кожа.

Средствата за самопотемнување претставуваат козметички производ кој има за цел да и даде потемнет (исончан) изглед на кожата, без притоа истата да биде изложена на сончевите УВ зраци. Може да ги најдеме во форма на крем, лосион, гел или спреј кои, откако ќе ги нанесеме на кожата, се оставаат да делуваат извесен период и како што кажав како краен резултат даваат ефект на потемнета кожа (како што природно би настанало при изложувањето на кожата на сончевите зраци). Внимание: тенот ќе биде сличен како оној добиен по пат на изложување на сончевите зраци, меѓутоа механизмот на самопотемнување е многу различен и нема никаква врска со оној природно добиен од изложување на УВ зраците. Сега ќе ви објаснам и зошто.

Здрав и убав тен се добива по 7 до 10 дена правилно изложување на сончевите зраци, благодарение на активирањето на меланинот (пигмент кој го произведуваат меланоцитите) во нашата кожа. Од физиолошка гледна точка, меланинот претставува еден вид на филтер кој се дистрибуира на горните слоеви на кожата и оневозможува да УВ зраците предизвикаат оштетувања. 

Механизмот на средствата за самопотемнување е многу поразличен со оглед на тоа што воопшто не делувaат на меланинот, ниту пак на неговото производство во организмот. Потемнувањето на кожата „без сонце“ е возможно благодарение на состојката Dihydroxyacetone која реагира со протеините на површината на нашата кожа (се врзува со аминокиселините присутни во кератинот). Механизмот на оваа состојка е слична насостојката  Erythrulose, која претставува еден вид на шеќер, кој реагира со аминокиселини во кератинот. Оваа вторава е побавна како состојка меѓутоа многу похидратантна, со оглед на тоа што е од групата на шеќери, и кога се става во една козметичка формула дава поголема хидратантна моќ врз кожата. 

Перформансот и ефикасноста на производите за самопотемнување од новата генерација, лежи во правилната комбинација (за која ќе говориме подоцна во статијата кога ќе ви прикажам производи за оваа намена) каде Dihydroxyacetone е вметнат во формулата за едно со Erythrulose со цел да се обезбеди правилно и изедначено потемнување. Уште подобро доколку производот додатно содржи антиоксиданднти состојки како витамин Ц или Е и останати хидратантни состојки и масла.

Во денешнава статија би сакала да ви претставам два комплетно природни и одлично фирмулирани производи за самопотемнување едниот на Lavera Bio, а другиот на органската козметика Pulp de Vie. 

Lavera Self Tanning Cream

СОСТОЈКИ (INCI): WATER (AQUA), ALCOHOL* DENAT., DIHYDROXYACETONE, GLYCINE SOJA (SOYBEAN) OIL*, GLYCERIN, GLYCERYL STEARATE SE, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, ERYTHRULOSE, CETEARYL ALCOHOL, BUTYROSPERMUM PARKII (SHEA) BUTTER*, SODIUM CETEARYL SULFATE, MACADAMIA INTEGRIFOLIA SEED OIL*, HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) SEED OIL*, MANGIFERA INDICA (MANGO) FRUIT EXTRACT*, PRUNUS PERSICA (PEACH) KERNEL OIL*, CARICA PAPAYA (PAPAYA) FRUIT EXTRACT*, XANTHAN GUM, TOCOPHEROL, ASCORBYL PALMITATE, LEVULINIC ACID, SODIUM LEVULINATE, FRAGRANCE (PARFUM)**, LIMONENE**, LINALOOL**, GERANIOL**, CITRONELLOL**, CITRAL**, COUMARIN**, EUGENOL**, BENZYL BENZOATE**

Како што може да забележиме од самата декларација на трета позиција ја гледаме состојката Dihydroxyacetone која во формулава е искомбинирана со Erythrulose (и двете се обоени со црвено). Ова ни дава до знаење дека од аспект на самопотемнување на кожата формулата е комплетна и производот е истовремено хидратантен за кожата. Ова е особено важно за кожата ообено во овој топол период каде под дејство на топлото кожата е изложена на поголема дехидратација.

Доколку се разгледа целокупната формула, присуството а, особено количината на маслена фаза е пресудна за зголемување на хидратантниот и хранливиот ефект на еден производ. Во оваа формула може да забележиме прекрасни масла како: масло од макадамија, сончогледово масло, масло од соја, масло каприлик , масло од семки од праска и шеа путер. Со ваква комбинација на масла и путери може да бидете сигурни дека добивате еден висококвалитетен и природен производ кој не само што ќе направи потемнување на тенот, туку истовремено ќе ја омекне, нахрани и хидрира кожата. Ова е пресудно за квалитетот на еден добро формулиран козмртички производ за оваа намена.

Во декларацијата погоре, со сина боја ги обележав антиоксидантните состојки: Ц витаминот во стабилната форма аскорбил палмитат и вит. Е во основната форма токоферол, кои даваат одлично антиоксиданднто дејство особено летно време кога најмногу имаме потреба од такво нешто како резултат на зголемениот број на слободни радикали.

Значи како декларација овој производ е најдобро нешто кое може да и го подарите на кожата доколку сте љубител на произоди за самопотемнување. Јас најискрено за првпат пробувам производ од овој вид (го направив за вас и за потребите на оваа статија), меѓутоа знам дека многу од вас ги користат овие производи, па доколку е тоа случајот и со вас, во тој случај моја должност е да бидам сигурна дека сте одберале нешто што навистина вреди.

Се употребува 2 пати неделно нанесен на чиста кожа на лицето избегнувајќи го делот околу очите, веѓите и местото каде лицето се поврзува со косата. Првично потемнување е видливо после 5 часа (во зависност од типот на кожата може да биде помалку или повеќе видливо), а веќе по второто нанесување може да забележите убав потемнет тен.

Погледнете го ефектот на кремот Лавера врз мојата кожа.

Јас имам светол тен и на првата слика се гледа мојата кожа и тен пред нанесувањето на овој производ. Го нанесов понеделник (24.05.2021). Откако го нанесов производот, втората слика ја направив истиот ден по 5 часа (тој е периодот кој е потребен овој крем да се активира на кожата). Третата слика ја направив после 4 дена (Петок 28.05.2021) и тоа всушност ми беше второ нанесување (ја направив 6 часа после второто нанесување на производот). Веќе разликата е очигледна. 

Цената на овој производ е 955 и истиот може да го најдете онлајн на www.bellina.mk

Убава вест е што моментално е на 40 % попуст и истиот може да го земете само за 573 мкд. 

Pulp de Vie Radiance and Energy

Вториот производ кој сакам да ви го препорачам за оваа намена е кремот за самопотемнување на органската марка Pulp de Vie. 

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL*, GLYCERIN, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, OLEA EUROPAEA FRUIT OIL*, DAUCUS CAROTA SATIVA ROOT WATER*, DIHYDROXYACETONE, MYRISTYL MYRISTATE, ARACHIDYL ALCOHOL, GLYCERYL STEARATE, COCO-CAPRYLATE, CYDONIA OBLONGA FRUIT WATER*, BEHENYL ALCOHOL, MEL*, VANILLA PLANIFOLIA FRUIT EXTRACT*, ERYTHRULOSE, ARACHIDYL GLUCOSIDE, CAMELINA SATIVA SEED OIL*, OLEIC/LINOLEIC/LINOLENIC POLYGLYCERIDES, SODIUM HYALURONATE, BENZYL ALCOHOL, LEVULINIC ACID, SODIUM STEAROYL GLUTAMATE, TOCOPHEROL, PARFUM, SODIUM LEVULINATE, XANTHAN GUM, DEHYDROACETIC ACID, ILLITE, CITRIC ACID, GLYCINE SOJA OIL, BETA-CAROTENE, LINALOOL, GERANIOL, BENZYL SALICYLATE.

(* состојка од органско земјоделство).

Исто така станува збор за одлично формулиран производ кој ја хидрира кожата и ја остава мека и нахранета. Овој за разлика од првиот има послаб ефект и може да се користи секојдневно (првиот може да се користи само двапати неделно). Кога велам послаб ефект мислам дека е потребно повеќе време да се дојде до посакуваниот тен со оглед на тоа што состојките кои се одговорни за ова се присутни во помал процент (на пониска позиција).

Од аспект на антиоксидантно дејство овој е феноменално формулиран и содржи екстракт од морков, бета каротен и вит. Е. Понатаму содржи хијалуронска киселина која ја подобрува хидратантната моќ на самиот производ, мед, а и самата маслена фаза е одлично избалансирана со цел да се зголеми хидратацијата и еластичноста на самата кожа. 

Ова е структурата на производот

Како што напоменав претходно, може да го нанесувате секојдневно на кожата сѐ додека да го добиете посакуваниот тен. Цената на овој производ е 690 мкд и истиот може да го нарачате онлајн на www.bellina.mk или во БиоШоп на Белина позади цветен пазар.

Важно: Како што претходно напоменав механизмот на потемнување на овие креми не го вклучува меланинот така да тенот кој сте го добиле како резултат на мачкање на овие производи на лицето не претставува подготовка на кожата пред изложување на сончевите зраци, ниту пак штити од УВ зраците (нема заштитни филтри). Така да, без разлика на тоа дали користите крем за самопотемнување или не, пред секое изложување на сончевите зраци ставете производ за заштита од сонцето со соодветен заштитен фактор согласно типот на вашата кожа (SPF 50, SPF 30 итн.).

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и пред сѐ ви беше од корист. Запомнете, при изборот на едно добро средство за самопотемнување, бидете сигурни формулата најнапред да биде сигурна (без силикони и навтени деривати), а потоа и високо хидратантна со цел да избегнете кожата да се перута, а со самото тоа и тенот да не биде изедначен.

Ние се читаме наскоро

Ве гушкам

Вики


Comments