Сигурно изложување на сончевите зраци на нашите најмили


Здраво драги мои,

сонцето е извор на живот и енергија, меѓутоа може да биде навистина опасно доколку неправилно се изложуваме на сончевите зраци. 

Сончевата ветлина е составена од повеќе видови на зраци, меѓутоа за нашата кожа најопасни се УВ зраците кои имаат бранова должина од 100 до 400 нанометри и се делат на: УВА (315-400 nm), УВБ (280-315 nm) и УВЦ (100-280 nm). 

УВА зраците претставуваат околу 95% од вкупните УВ зраци и тоа се оние кои навлегуваат длабоко во епидермисот, па сѐ до дермисот. Предизвикуваат предвремено стареење на кожата, со оглед на тоа што прават алтерација на еластинот и колагенот, два многу важни протеини кои ја гарантираат еластичноста на кожата. Исто така го стимулираат производството на слободните радикали, одговорни за предвременото стареење.

УВБ зраците се оние кои прават кожата да потемне (да добие потемен тен). Не навлегуваат длабоко како УВА зраците, меѓутоа се помоќни од нив со оглед на тоа што може да предизвикаат полесни или потешки изгореници. И овие зраци предизвикуваат стареење на кожата, иако многу помалку од УВА зраците.

УВЦ зраците се најопасни за човековото здравје, меѓутоа за среќа озонот успева да ги филтрира.

Важно е да ви кажам дека според интернационалното здружение за рак на кожата доволни се 5 или повеќе пати кожата да изгоре за да се зголеми можноста од рак на кожата за 80%. Ете зошто изборот на правилното средтсво за заштита од сонцето е од огромна важност уште при првите сончеви зраци.

Што всушност претставува еден производ за заштита од сонцето и што треба да содржи? 

Имам доста говорено на оваа тема, ама еве не е на одмет да повториме. Производот за заштита од сонцето има за цел да ја заштити кожата од УВ зраците и за оваа цел истото содржи заштитни филтри кои на различен принцип ја заштитуваат нашата кожа од УВ зраците. Овие филтри се делат на два вида и тоа:

- физички или минерални

- хемиски 

И двата вида на филтри успешно заштитуваат од УВ зраците, меѓутоа (како што веќе претходно напоменав) на различен начин:

Физичките филтри (цинк оксид и титаниум диоксид) се всушност минерали во прав. Сотавени се од мали минерални честички кои ги одбиваат или рефлектираат сончевите зраци (како еден вид на огледало), и истите не можат понатаму да навлезат во кожата. На прост начин ова би го објаснила вака: кога нанесувате средтсво за заштита од сонцето кое содржи само физички филтри е исто како да носите облека анти УВ (како онаа што ја носат сурферите). Ништо не се асорбира на неа, и токму затоа според мене овој вид на филтри се одлични особено кога станува збор за заштита на кожата кај децата. 

За разлика од хемиските филтри, овие минералниве не задржуваат топлина и не пенетрираат во кожата. Најчесто проблемот со средствата кои содржат само физички филтри е белата трага која честопати истите ја оставаат на кожата. Ова секако не е генерално за сите средства на база на минерални филтри, и зависи пред сѐ од формулата, комбинацијата на филтрите со останатите состојки како масла и путери и секако умешноста на производителот.

Хемиски филтри се всушност синтетички (добиени по хемиски пат) и функционираат на тој начин што ги апсорбираат УВ зраците и ги претвораат во топлина која потоа ја испуштаат во телото. Според едно американско истражување постои ризик да состојките кои се присутни во хемиските филтри бидат апсорбирани од страна на кожата и да навлезат во крвотокот.

Како поборник на природната и органска козметика, во денешнава статија ќе ви предложам еден прекрасен производ за заштита на детската кожа (комплетно базиран врз физички филтри) од органската марка Лавера. 

Крем за заштита на детската кожа (Lavera baby) СПФ 50

Ова е еден од најдобро формулираните креми за заштита на детската кожа. Може слободно да почнете да го користите уште по 6 месец (иако јас лично не препорачувам изнесување на бебиња на директно сонце пред 1 годишна возраст). Има одлично избалансирана формула и ефикасно заштитува како од УВБ така и од УВА зраците.

Пред да преминам со анализа на производот само да напоменам нешто околу ознаката СПФ. 

СПФ = Sun Protection Factor е фактор за заштита од сонцето и го означува всушност времетраењето на изложување на сончевите зраци. На пример доколку јас не ставам никакво заштитно средтво мојата кожа по 15 мин. ќе почне да црвенее како резултат на сончевите зраци. Ако пред изложувањето на сонце ставам крема со заштитен фактор 10, мојата кожа ќе почне да црвенее после 150 мин (односно 15х10), ако ставам фактор  20 времетраењето се дуплира на 300 мин. и.т.н. Секако, ова зависи пред сѐ и од бојата и видот  на кожата и е многу индивидуално, меѓутоа горе долу, вака би можело да биде објаснето. 

Важно е да знаеме дека ознаката SPF всушност се однесува на заштита од UVB зраците, меѓутоа според европскиот правилник за производи за заштита од сонцето 1/3 од она што е означено на опаковката како УВБ заштита треба да се однесува на УВА зраците. На пример средство со СПФ 50 би имало околу 15 УВА заштита.


Како што може да забележите од декларацијата, овој производ дава одлична заштита како од УВБ така и од УВА зраците благодарение на комбинација на двата минерални филтри цинк оксид и титаниум диоксид. Умешноста на еден производ за заштита од сонцето е правилната комбинација на овие филтри со останатите состојки како масла, путери и останато кое не само што производот ќе го направи погоден за заштита од сончевите зраци, туку и дополнително ќе му даде хидратантно, хранливо и омекнувачко дејство врз кожата. 

Во оваа формула може да забележиме масла како коко каприлат кое е доста лесно како масло и одлично како база во една формула. Истово е понатаму искомбинирано со pongamia glabra, односно масло од понгамија или како што уште се нарекува масло од каранџа, кое има одлично хидратантно и омекнувачко дејство врз кожата, благодарение на високата концентрација на олеинска киселина. Во формулата може да се забележат и масла како сончогледово, потоа кокосово масло и екстракти од манго и папаја, кои додатно ја збогатуваат самата формула.

Обично кога купувате производи за заштита од сонцето кои содржат и титаниум диоксид, моја препорака ви е да гледате истите да содржат антиоксдиантни состојки како на пример Ц витамин, екстракт од морков, екстракт од зелен чај, резвератол или Oryanzol кои дополнително го лимитираат штетното дејство на УВА зраците и дејството на потенцијалните слободни радикали врз кожата. Без разлика што производителот одлично ја избалансирал пропорцијата и комбинацијата на двата минерални филтри, додатно вметнал и Oryanzol за зголемена заштита од УВА зраците и сигурност на самиот производ врз кожата. Ова е дополнително потпомогнато со уште една состојка со антиоксидантно дејство, односно вит. Е во чиста форма (токоферол).

Според мене ова е едно од најдобрите средства кое може да го земете за заштита на кожата на вашите најмили. Не остава многу бело (минимално, ама не се забележува премногу) и навистина кожата веднаш го прифаќа и апсорбира без никаква масна трага. Одличен е како за деца, така и за возрасни кои имаат премногу чувствителна кожа. Eве ја структурата:

Цената на овој производ е 1,595 мкд.за 100 мл. производ,  и истиот може да го нарачате онлајн на www.bellina.mk или да го купите од БиоШоп на Белина позади цветен пазар.

За сите оние кои ова лето ќе одат на планина или пак на море (доколку имаме можност за тоа), би сакала да ви препорачам уште еден производ за заштита, меѓутоа овојпат заштита на детските усни. Овој производ не содржи заштитни филтри (не заштитува од сонцето), меѓутоа претставува одлична заштита од топлото, солта, или пак ладното (доколку сте на планина). Според формулата претставува одлична секојдневна заштита, како за време на летниот одмор така и во поладни услови. Не е нешто што мора да го имате (како што е средството за заштита од сонцето), меѓутоа корисно е да се има, особено доколку забележите дека детската усна е малку посува.


СОСТОЈКИ (INCI): OCTYLDODECANOL, RICINUS COMMUNIS SEED OIL, BUTYROSPERUM PARKII BUTTER, GLYCERYL STEARATE, CERA ALBA, HIPPOPHAE RHAMNOIDES FRUIT OIL*, TRITICUM VULGARE GERM OIL*, PINUS SIBIRICA SEED OIL, RUBUS IDAEUS SEED OIL*, RUBUS CHAMAEMORUS SEED OIL, TOCOPHERYL ACETATE, AROMA.

Од аспект на декларација содржи рицинусово масло шеа путер, масло од волчји трн и скандинавска дива капина. Ја омекнува устата и ја штити од ладното, топлото, ветерот, солта итн. Како што веќе напоменав, совршено е за употреба како во текот на летото, така и за време на зимските постудени денови.

Лично го препорачувам за употреба почнувајќи од 1 година па нагоре. 

Цената на овој производ е 295 мкд. и истото може да го нарачате онлајн на www.bellina.mk или во нивниот БиоШоп позади цветен пазар.

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и пред сѐ ви беше од корист. Ние се читаме наскоро.

Бидете ми добро

Вики

Comments