Есенцијални масни киселини: одлични сојузници на сувата кожа

 


Здраво драги мои,

како што кажува и самиот термин, станува збор за есенцијални (неопходни) масти кои нашиот организам не е во состојба да ги синтетизира. Токму затоа, од огромна важност е истите да се внесуваат најнапред преку исхраната (масло од ленено семе, свеж лосос, ореви итн.), а потоа и локално нанесени на кожата, особено по 40-та година. 

Во оваа статија ќе се задржиме на важноста на овие есенцијални масни киселини при негата на кожата (нанесени локално). По 40-та година полека се намалуваат одредени механизми на одбрана на нашата кожа. Истата станува понеотпорна, почувствителна има тенденција за дехидратација, а со самото тоа и појава на посува кожа.


Зошто овие есенцијални масни киселини се толку неопходни за нега на кожата?

1. Ја бранат нашата кожа од штетите предизвикани од УВ зраците (одлични се како дополнување на кремите кои ги користиме после сончање);

2. Ја подобруваат еластичноста на кожата и со самото тоа го спречуваат предвременото стареење, особено важно за кожата по 40-та година;

3. Одлични се при нега на кожа со флеки и темни дамки;

4. Помагаат во зајакнување на бариерата на кожата и со самото тоа превенираат појава на иритаци и хиперчувствителна кожа.

Дали само знаете од кога сакав да говорам за важноста на овие есенцијални масни киселини во секојдневната нега на кожата (особено сега во пресрет на летниот период), меѓутоа немав можност да го сторам тоа, со оглед на тоа што досега немав најдено соодветен производ кај нас на пазарот. Меѓутоа, драги мои, со огромна радост ви го претставувам серумот Omega Booster на  Novexpert кој го користам веќе околу 2 недели и во кој буквално се заљубив.

Овој серум претставува перфектен микс на 5 омега киселини, благодарение на еден уникатен спој на масла кои на некој начин се вистинкси рудник на одреден вид на омега како:

Масло од инка инчи e дефинитивно најбогатото масло со омега 3 масни киселини (49%), потоа омега 6 (39%) и омега 9 (9%). Оваа комбинација на есенцијални масла го прави самото масло совршено кога станува збор за регенерација на кожата. Преку тестови ин витро научно е докажано дека со само 1% од ова масло во козметичките производи (како во случајов овој маслен серум) се гледа зголемена клеточна регенерација, односно побрзо зголемување на бројот на кераноцитите за 19%.

Масло од семки од калинка богато со омега 5 масни киселини кое е одлично кога станува збор за подобрување на еластичноста на кожата и спречување на предвременото стареење на кожата.

Масло од волчји трн, богато со омега 7 масни киселини.

Омега 3, 6 и 9 благодарение на комбинација на масла како јојоба, марула и сусам.

Како што може да забележите од самата декларација, овој серум претставува вистинско злато најнапред за сува кожа, а особено за сите оние жени после 40-та чијашто цел е здрава, убава и сјајна кожа. 

Како најдобро да се искористат својствата на овој прекрасен производ?

1. Јас го користам навечер, неколку капки (3-4) во малку крем за лице (природен без силикони и навтени деривати). На тој начин најнапред ја подобрувам функционалноста на самиот крем, а потоа маслото (благодарение на кремот) доага во допир и со водена фаза и кожата многу подобро успева да ги искористи сите корисни својства од самиот серум. Доколку имате многу сува кожа во тој случај слободно користете го и наутро во комбинација со дневниот крем.

2. Истото го правам и со кремот кој го нанесувам на зоната околу очите: две капки од серумот додавам во малку крем за нега на зоната околу очите. Кожата на овој предел е многу почувствителна и посува отколку остатокот на лицето и уште поважно е да се додадат овие есенцијални масни киселини со цел правилно да се негува кожата и што подолго да се задржи еластичноста на истата.

3. Доколку сакате природен сјај на лицето без употреба на илуминатор (онаа шминка која светка и се става на јаболчниците под окото за да даде сјај на кожата) земете една капка од овој серум и слобоно нанесете на дирекно на крајот од јаболчниците. На многу природен начин ќе дадете сјај на тој дел од лицето и самата кожа ќе изгледа поприродно и поубаво. 

Цената на овој производ е 3.070 мкд и истиот може да го нарачате онлајн на www.bellina.mk.

Свесна сум дека цената на овој производ е повисока и не секој може да си го дозволи, меѓутоа доколку сте во можност обавезно земете го. Ќе и направите голема услуга на вашата кожа а и самите вие ќе ја увидите разликата по 28 дена користење на истиот. Јас од срце ви го препорачувам.

Драги мои, се надевам дека оваа статија ви се допадна и дека ви беше од корист. Ве поздравувам и се читаме во некоја наредна прилика.

Вики

Comments