Urtekram detox за чиста кожа во загадените градски средини

 


Здраво драги мои,

еве ме повторно со нова статија за производи кои ми се допаѓаат и кои се надевам ќе ви бидат од корист и вам. Пред околу две години рецензирав еден шампон со зелен чај од линијата Urtekram detox (заедно со балсамот и маската) кој до ден денес останува бр. 1 за мене и мислам дека дефинитивно му нема замена (статијата ќе ја најдете на овој линк).Со оглед на тоа што премногу ми се допадна како линија, се одлучив да ги пробам и останатите производи од истата линија кои ќе ви ги претставам во денешнава статија и кои се наменети за нега на кожата на телото односно: гелот за туширање, млекото за тело, антицлулитното масло и течниот сапун за миење на раце.


Започнувам со еден од најпотребните производи во оваа сезона на пандемија и вируси, односно течниот сапун за миење на рацете. Знаеме колку е важно да се мијат рацете правилно и честопати во текот на денот, а исто така многу важно е и средството кое ќе го одбереме за таа намена. Со оглед на тоа што во овој период рацете се додатно изложени на удар под дејство на ниските температури и (како што веќе напоменав) пречестото миење, средството за миење мора да ја почитува кожата, односно да има блага формула која одлично ќе измива а притоа нема да суши. 

Гелот за миење на рацете од линијата со зелен чај е идеално токму поради одлично избалансираната и блага фомула која не иритира и не ја суши кожата на рацете.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF EXTRACT *, SODIUM COCOSULFATE, LAURYL GLUCOSIDE, GLYCERIN **, SODIUM COCOYL GLUTAMATE, COCO GLUCOSIDE, CAMELLIA SINENSIS LEAF *, HYDROLYZED ALGIN, PHENETHYL ALCOHOL, SUCROSE, GLYCINE SOJA SEED EXTRACT, LACTOBACILLUS / CAPSICUM FRUTESCENS FRUIT FERMENT EXTRACT, POLYGLYCERYL-4 CAPRATE, GLYCERYL OLEATE, LACTIC ACID, SODIUM CHLORIDE, CITRUS AURANTIFOLIA OIL *, PARFUM, TOCOPHEROL, BETA-SITOSTEROL, SQUALENE, LIMONENE. 

Како што може да забележиме од самата формула по водата има алое вера екстракт и микс на сурфактанти кои се одлично избалансирани со цел да се добие производ кој како што напоменав убаво измива без да ја иритира или суши кожата на рацете. Производот понатаму е збогатен со естракт од зелен чај, микроалги, бетаситостероли, и шеќери за омекнувачко дејство. 

Го користам веќе 10 дена секојдневно по којзнае колку пати и мора да напоменам дека кожата ја остава мека и хидрирана. Ова секако не значи дека треба да ја запоставиме кожата и нема потреба да нанесуваме крем за раце. На оваа тема ќе посветам цела една статија и ќе ви предложа одлични производи за таа намена.

Од рацете преминуваме кон нега на телото и тоа со помош на два неизбежни производи кои секогаш одат во пар, односно гелот за туширање и млекото за тело со зелен чај. 


Гелот за миење е едно од најдобрите средства кои ги имам пробано во последно време. Одлично ја измива кожата истовремено оставајќи ја мека и нежна. 

СОСТОЈКИ (INCI): ALOE BARBADENSIS LEAF EXTRACT *, AQUA, LAURYL GLUCOSIDE, CETEARYL ALCOHOL, POLYGLYCERYL-3 DICITRATE/STEARATE, COCO-GLUCOSIDE, GLYCERIN **, SODIUM COCO-SULFATE, CETYL ALCOHOL,HYDROLYZED ALGIN,PHENETHYL ALCOHOL, SUCROSE, CAMELLIA SINENSIS LEAF *,CITRUS AURANTIFOLIA OIL *,XANTHAN GUM, LECITHIN, SODIUM CETEARYL SULFATE, OLUS OIL, HEXAPEPTIDE-11, PARFUM, LACTIC ACID, LIMONENE.

Мора да напомнам дека како формула овој производ е многу понежен од оној за миење на кожата на рацете. Самите сурфактанти се поблаги и миксот на истите е подобро избалансиран. Токму затоа овој гел може слободно да го користат сите, па дури и оние со чувствителна кожа.


Ги содржи истите екстракти како и течниот сапун за миење на раце, односно екстракт од зелен чај и микоалги, иако како што веќе напоменав формулата е малку поинаква. Структурата на вој производ е доста кремаста  и навистина многу пријатна при туширањето. Остава преубав мирис во бањата.

Негата не е комплетна доколку не се заврши со лосион за нега на кожата на телото. 


Овој производ од истата линија со зелен чај според мене е наменет за сите оние кои сакаат производ кој е лесен, веднаш се впива и не остава масна трага. Доколку имате сува или многу сува кожа, во тој сучај не е вистинскиот производ за вас. Овој лосион нема големо хранливо дејство, туку хидратантно. Одлично ја хидрира кожата, ја освежува и ја прави помека. Одличен за сите оние кои кога се во брзање имаат потреба од нешто лесно што кожата веднаш ќе го впие.

Еве ја структурата на производот

Доколку имате посува кожа која има потреба од похранлив производ, во тој случај ви го препорачувам маслото со зелен чај, кое истовремено има и антицелулитно дејство врз кожата.


Базата на овој производ се четири масла: маслиново, бадемово, коко каприлат (многу лесно масло кое е производ од кокосовото масло) и масло од јојоба. Уште пред да го пробам гледајќи ја декларацијата со маслиново и бадемово на првите две позиции мислев дека станува збор за тешко масло кое ќе треба многу време да се масира пред истото да се впие во кожата. Меѓутоа комбинацијата со коко каприлатот и маслото од јојоба ја ублажуваат тежината на првите две масла и го прават самиот производ многу пријатен за употреба.

Во овој производ може да забележиме екстракт од чили пиперка која има антицелулитно дејство благодарение на способноста да ја стимулира микроциркулацијата на кожата, екстракт од зелен чај со прочистувачко дејство и екстракт од микроалги кој помага во исфрлувањето на вишокот на течности од организмот.

Безбојно е, лесно се впива и како што веќе напоменав има фантастичен мирис. За разлика од многу масла кои со право мирисаат на антицелулитни масла, ова мириса на нешто преубаво, верувајте ми самиот мирис ќе ве освои. Ова масло е идеално како за домашна употреба, така и доколку правите антицелулитни масажи. 


Сите овие производи може да ги најдете онлајн на www.bellina.mk

Најдоброто го зачував за крај. Со секои два купени производи од линијата со зелен чај, го добивате на подарок мојот омилен производ за коса, односно третманот за коса кој е идеален за длабинска регенерација на косата и прочистување во загадените градски средини. Еве го ефектот врз косата (на времето кога бев плавуша)


Јас се надвам дека оваа статија ви беше од корист и ви се допадна. Ние наскоро се читаме со нови интересни содржини.
Огромен поздрав
Вики

Comments