Како правилно да го избереме кремот за лице за овој поладен период

 


Здраво драги мои,

ладните температури во зима може да претставуваат вистински кошмар за нашата кожа, и токму затоа од голема важност е вистинскиот избор на добар, квалитетен и пред сѐ соодветен тип на крем за нашата кожа, кој ќе ја заштитува, храни и хидрира кожата во поладните зимски денови. Ладното ги стеснува капиларите на кожата и со самото тоа ја отежнува циркулацијата, дотокот на кислород е помал и секако кожата изледа безживотна и сива. Наглите промени од ладно кон топло (од надвор во загреани простории) ја ослабнуваат заштитната бариера на кожата, а заштитните маски (кои сеуште ги носиме како прва заштита од висурот) додатно ја отежнуваат состојбата.

Токму затоа оваа статија сакам да ја посветам на тоа како правилно да го одбереме кремот за нега на нашата кожа во зима (според типологијата на кожата секако) и на што да обратиме внимние при самиот избор. Статијата ќе ја поделам на два дела: во првиот ќе говорам за нормална и комбинирана накај масна кожа, а во вториот за сува и чувствителна кожа. На тој начин ќе можам убаво да посветам внимание на секој од овие типови на кожа и секако да ви предложам соодветни производи за нега на истата. Стриктно во оваа статија. како што напоменав погоре, ќе се задржам на негата на нормална и комбинирана до масна кожа, предлагајќи ви производи за правилна нега на истата, кои сигурна сум дека ќе ве воодушеват. 

Во зима се зголемува способноста на траспрација на нашата кожа (TEWL), односно кожата губи многу повеќе вода. Ова не само што предизвикува дехидратација на кожата, туку го забрзува и клеточниот турновер, односно клеточната замена. Кога кожата губи повеќе вода, таа се брани на тој начин што го активира процесот на замена на клетките и тој турновер понекогаш резултира со бела кожичка (како перутање) на површинскиот слој на кожата. 

Што е она што треба да го правиме и како правилно да ги одбереме производите?

Најнапред сѐ започнува од правилната хигиена, односно измивање на кожата. Доколку ја сакате сопствената кожа ве молам заборавете на двојна детерзија, четки, сунгерчиња и какви се не други алатки за темелно чистење на кожата. Честопати претеруваме во намерата комплетно да ја исчистиме кожата, и таа преголема опседнатост доведува до спротивен ефект. На кожата и ја отстрануваме целата заштита (не само она што е пожелно да се отстрани како вишок на нечистотии, туку и она кое е пожелно да остане на самата кожа и да ја заштитува). До пред година ипол и јас самата ќе ви кажев дека двојната детерзија е одлична, меѓутоа по посетени два курса за козметологија во изминатиов период повеќе не сум убедена во тоа. Лично сметам дека двојната детерзија е причинител бр. 1 за сите понатамошни можни проблематики со кожата (за ова ќе посветам посебна статија бидејќи сакам со вас да споделам прекрасни информации кои ги научив).

Она што јас од срце ви го препорачувам и кое самата го применувам е производ кој на нежен начин ќе ја измие кожата без истата да ја иритира, исуши или да изврши било каква агресија. Дали тоа ќе биде пена, домашен сапун или млеко за миење на лицето, одберете вие самите врз база на типот на кожа и вашите потреби. 

Понатаму, за убава и здрава кожа од огромна важност е и кремот кој ќе го одбереме, со оглед на тоа што истиот останува да делува врз кожата. Нема никогаш да се уморам да ви повторувам да избегнувате било какви производи на база на состојки кои имаат филмогено дејство врз кожата како силикони, навтени деривати и компани. Некои ќе ви кажат ако може да користите силикон, добар е, ја спречува дехидратацијата на кожата, меѓутоа не верувајте и оставете тие самите да ги користат производите со силикони. Силиконот има филмогено дејство, не е воопшто компатибилен со кожата и на почеток дава чувство дека ја спречува дехидратацијата и ја прави кожата поубава, меѓутоа ефектот прво е лажен, а потоа и краткотраен. Ја спречува дехидратацијата за тоа нема збор, меѓутоа не на природен и правилен начин. Прави неправилно задржување на водата во кожата, не ја потпомага нејзината нормална и правилна функција и прави да кожата задржува многу повеќе вода од одна што е потрбно и тука верувајте ми настануваат голем број на проблеми. 

Други ќе ви речат, има малку силикон може.... Драги мои, кога една состојка не е компатибилна со кожата не е компатибилна дали е малку дали е многу, сепак останува некомпатибилна. Тоа е исто како кога одите на бензинска станица да ставите гориво и доколку вашиот автомобил функционира на безоловен да речете епа добро де малку може да помешам со дизел мала е количината нема врска...Не верувам дека би го направиле тоа...

Правилната хидратација на кожата се потпомага преку производи кои содржат состојки кои се компатибилни со истата и пред сѐ проидонесуваат кон правилната хидратација. Одлично е доколку истите производи содржат и антиоксидантни состојки или комплекс на витамини кои и те како се потребни во овој поладен период. Еден таков производ е кремот за лице на Pulp de Vie Soin Hydratant Protecteur Antioxydant.

Како што кажува самото име станува збор за крем кој има огромно хидратантно и заштитно дејство, но истовремено е и антиоксидантен. Одлична вест за сите девојки со комбинирана до масна кожа, бидејќи овој крем е токму за вас. Структурата е таква да кожата инстантно го впива, се чувствува дека е на водена база, воопшто не ја масти кожата. Верувајте ми досега немам пробано ваков производ. Можам со сигурност да кажам дека ова е најдобриот производ за комбинирана до масна кожа.

Истовремено хидрира (нешто што е од огромна важност за овој тип на кожа) заштитува од надворешните услови и што е најважно го подобрува тенот благодарените на антиоксидантната формула. Содржи екстракт од праска и киви, прекрасна комбинација на масла, вит. Е и хијалуронска киселина.


Има прекрасен мирис на праска и предобар сензоријален ефект врз кожата (нешто што не е за потценување). Веднаш се размачкува и впива во кожата и дава ефект на кожа која се напила вода (ако може така да се изразам). 

Овој производ може да го најдете на bellina.mk по цена од 885 мкд.

Крем за први брчки на лицето de Vie "Rides Killer"

Најнапред започнувам со фактот дека не постои волшебен крем кој ќе ги избрише брчките на лицето, меѓутоа постои производ кој ќе ја подобри еластичноста на кожата и ќе го одложи предвременото стареење. Тајната на убава и здрава кожа не лежи само во производот кој го мачкаме на лицето, туку во правлната комбинација на кремот со правилна масажа на лицето, и секако здрава исхрана.

Базата на овој крем е прекрасна комбинација на неколку масла со различна густина како:

Коко каприлат кој е многу лесно масло претставува еколошка варијанта на циклометиконот (силикон), а исто така многу е сличен и на допир. Коко каприлатот има огромно емолиентно (омекнувачко) дејство врз кожата и остава чувство на свиленкаст но сув ефект (нешто како оил нон оил). Токму затоа е ставено на почетокот на декларацијата како прво масло со цел да ги “олесни“ на некој начин оние похранливите и потешки масла.

Маслиновото масло е потешко масло и има голема хранлива моќ врз кожата на лицето. Богато е со вит. Е и со несапунифицирани состојки кои се од огромна важност за здрава, убава и еластична кожа. Сончогледовото масло е исто така одличен извор на вит. Е и ја подобрува еластичноста на кожата. Сквалaнот има големо омекнувачко дејство врз кожата и како состојка е многу компатибилен со неа. Се добива од скваленот кој природно е присутен во нашата кожа и за разлика од него овој е отпорен на оксидација. Маслото од ленено семе е тешко масло кое меѓутоа има голема хранлива моќ. Како што може да забележите прекрасен микс на масла и секако прекрасен сооднос на разни густини на маслата.

Понатаму во кремот може да забележиме состојки кои имаат улога да ја подобрат структурата на самиот крем, меѓутоа и заштитно дејство врз кожата како на пример пчелин восок. Како екстракти користени се: екстракт од смоква и екстракт од магарешки трн. Може да забележиме и два прекрасни хидролати односно од малина и црна рибизла кои се богати со Ц витамин.

Во кремов може да се забележи и хијалуронската киселина која ја оддржува правилната хидратација на кожата и на тој начин го спречува и предвременото стареење.

Може да заклучиме дека кремов е одличен микс на Ц витамин со Е витамин и хијалуронска киселина кој според мене го прави погоден за сите жени и девојки од 30-та па нагоре.

Еве ја структурата на самиот производ

Има многу пријатна структура, ни многу густа ни многу течна, и дава пријатно чувство штом ќе се нанесе на кожата на лицето. Најнапред чувствувате благо затегање, нешто како анти ејџ ефект на производот,(пријатно затегање, како кога производот делува врз лицето) а веднаш потоа кожата ја чувствувате мазна и мека. Одлично ја хидрира кожата и лесно се впива .

Редовната цена на овој производ е 1.055 мкд, меѓутоа моментално е на 50% попуст и може да го купите за 527 мкд на bellina.mk

Јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и дека ви беше од корист. Во следната статија ќе говориме за сува и чувствителна кожа со предлог производи за нега на истата. Јас ве гушкам и бидете ми добро.

Вики



Comments