Правилен избор на маслата за здравје и убавина


Здраво драги мои,

маслата се дефинитивно еден од најупотребуваните производи, како во исхраната така и за нега на кожата и косата. Многу често од разни причини и без многу размислување бираме било кое масло кое ќе ни дојде при рака, а тоа е навистина многу погрешно. Пред околу година дена во Италија запознав еден човек кој работи како дегустатор на масла и благодарение на него сфатив колку е важно да се избере квалитетно масло пред истото да го внесеме во нашиот организам. Тој маслото го споредуваше со вода и кажа дека како внимателно бираме каков вид на вода ќе внесеме во организмот, исто така треба да бидеме внимателни и при изборот на маслата. Верувајте ми сѐ што внесуваме одвнатре, се манифестира како последица и врз нашата кожа. Во оваа статија би сакала да ви ги претставам органските масла од марката ДМ кои лично ги обожавам и кои заслужуваат навистина големо влијание. Станува збор за три масла кои се неизбежни како во нашата исхрана, така и во козметички цели, односно: кокосово масло, маслиново масло и сончогледово масло.

1. Кокосово масло


Започнувам со дефинитивно моето најомилено масло. Кокосовото масло се добива од семките на билката Cocos Nucifera која е доста распространета во тропските краеви. Плодот од ова дрво, односно кокосовиот плод претставува основна материја за производство на ова масло со оглед на тоа што 65% од тежината на кокосовиот плод се всушност масти. Основна состојка на ова масло е лауринската киселина која има огромно антивирусно и антибактериско дејство. Друга состојка е капринската киселина која има способност да ги уништи паразитите во цревата а помага и во лечењето на кандидата. Нешто многу важно што треба да се знае за ова масло е што масните киселини присутни во истото ја стимулираат работата на организмот. Кога кокосовото масло ќе го внесеме во нашиот организам, овие масни киселини не се претвораат во непотребна маст или “сало“, туку во енергија и го стумулираат организмот да гори повеќе калории. 

Од огромна важност е кокосовото масло да биде висококвалитетно, органско и ладно цедено, како маслово кое што ќе ви го предложам во продолжение. Кокосовото масло од марката ДМ го открив пред околу 5 години. Дотогаш пробував разни кокосови масла кои можев да ги најдам кај нас на пазарот, меѓутоа откако го пробав ова му останав верна и не сум променила друго масло. Јас секојдневно го конзумирам кокосовото масло наутро (една кафена лажичка во чај за доручек) и токму поради тоа мора да ви кажам дека кога еднаш ќе го пробате и се навикнете на вкусот на маслото од ДМ, верувајте ми ќе ги заборавите сите остананти видови на кокосово масло.

Ова масло е секако ладно цедено, органско и зимно време е во цврста состојба (под температура од 24 ° C . Иако го конзумирам по внатрешен пат ова масло има огромно позитивно дејство врз кожата и косата. Еве во продолжение за што сѐ може да го користите:




1.      Како балзам за усни: 
намачкан на устата ја омекнува кожата и ја штити од ладното;
2.      Како серум за трепки: 
го нанесувам навечер пред спиење на трепките, ги негува, згуснува и помага во растењето;
3.      За нега на лице: 
откако го пробав буквално се заљубив, одлично ја негува кожата без притоа да ја масти (нормално да не се претерува со количината). Се нанесува на благо навлажнета кожа после тоникот за лице. Мала количина од маслото се трие помеѓу прстите за да се загрее и потоа се нанесува на лицето со многу благи движења.
4.      За коса:
во зависност од резултатот кој сакам да го постигнам го нанесувам на два начини и тоа: како третман за косата и како серум за оштетени врвови. Како третман го нанесувам на благо навлажнета коса правам блага масажа на темето (се верува дека на тој начин придонесува и за поздрав и побрз раст на косата), ставам кеса а врз неа пешкир. Загревам со фен од 2 до 5 мин. и оставам да делува најмалку два часа (а некогаш и преку ноќ). Ја мијам косата со благ и квалитетен шампон. Веднаш се забележува разлика, косата е помека и сјајна. Споменав дека го нанесувам на влажна коса а еве и зошто: ако го нанесете на сува откако ќе го измиете со шампон ова масло со себе ќе ги врзе сите масла природно присутни во вашата коса. Косата ќе ви делува сува и ќе добиете спротивен ефект од посакуваниот. Со навлажнувањето на косата ова се спречува затоа што водата претставува еден вид на бариера а знаеме дека водата и маслото не се мешаат. Како серум го нанесувам на врвовите на сува или влажна коса.
5.      За нега на нокти:
често го нанесувам на ноктите и околу кутикулите за побрз и поздрав раст на ноктите. Најчесто ова го правам навечер. Брзо се апсорбира, па затоа е одлично и како крема за раце.
6.      Како отстранувач на шминка:
верувајте ми нема подобар и поприроден отстранувач на шминка (па дури и водоотпорната) а при тоа ја негува кожата.
7.      Како пилинг за лице: 
го мешам со пекарска сода и го нанесувам на навлажнета кожа со благи движења избегнувајќи го пределот околу очите.Мора да бидете внимателни и нежни без нагли движења и силен притисок врз кожата.
8.  За бричење: 
кој би рекол, ова масло е фантастично како крема за бричење (за мажи и за жени). Лично ја користам за отстранување на влакната под пазувите. Кожата ја прави екстремно мека. 
9.  Како крема за петици: 
одлично ја омекнува грубата кожа на петиците, а ако сакате интензивен третман односно еден вид на маска за петици ставете поголема количина и веднаш облечете чорапи.Направете го ова навечер пред спиење.

Освен сите овие употреби кокосовото масло е доста ценето и при изработката на сапуни. Се користи најмногу до 20% (над тоа ја суши кожата), дава убава пенливост и структура на сапунот.

2. Маслиново масло



Маслиновото масло е база на медитеранската исхрана и најдобар алеат на нашиот организам и најдобро е доколку истото е ладно цедено. Под терминот ладно цедено маслиново масло, се подразбира масло добиено по пат на прво цедење на плодовите, односно маслинките, без никаква понатамошна хемиска обработка и без загревање на производот. При ладното цедење температурата  е пониска од 27°C со што се гарантира еден чист и многу хранлив производ кој ги има задржано непроменети сите хранливи својства на самиот плод, во случајов маслинката.

Процентот на масните и хранливите компоненти во едно масло варираат во зависност од производителот, типот на маслинка, пределот во кој се одгледува и.т.н., меѓутоа како средна вредност за едно ладно цедено маслиново масло може да се земат овие вредности:



Олеолинската киселина која е во најголем процент застапена токму во ладно цеденото маслиново масло, претставува еден вид на незаситена масна киселина која припаѓа на семејството на омега 9 масни киселини. Висока застапеност на олеинската киселина во едно масло значи поголема издржливост и отпорност на самото масло на високи температури. Благодарение на олеинската киселина, маслиновото масло е богато со токоферол и полифеноли, што значи дека има големо антиоксидантно влијание. Линолеинската киселина припаѓа на семејството на омега 6 додека α- линолеинската на групата омега 3 масни киселини.
Tratto da http://www.my-personaltrainer.it/alimentazione/proprieta-olio-extravergine-di-oliva.html


Ладно цеденото маслиново масло има многубројни бенефиции врз нашиот организам и тоа:

- го намалува лошиот холестерол, а со тоа и кардиоваскуларните проблеми;
- го зајакнува имунитарниот систем;
- има антиканцерогени својства;
- претставува рудник на антиоксиданси;
- ја подобрува работата на системот за варење




Маслиновото масло од марката ДМ е едно од најдобрите масла кои ги имам пробано во последниов период. Поразлично е од сѐ она што сте го пробале досега и верувајте ми еднаш кога ќе се навикнете да го конзумирате секое друго маслиново масло ќе ви изгледа обично. Има прекрасна боја и доста интензивен мирис на маслинка. Уште на прв поглед (односно вкус) ќе сфатите дека квалитетот на ова масло е навистина врвен. Иако маслиновото масло има добар степен на загревање (во смисла отпорно е на високи температури и погодно е за пржење на храната), јас сепак не ви советувам да пржите со ова масло, не поради нешто друго, туку поради фактот што греота е толку убаво и квалитетно масло да го користите за таа намена. Ова масло е идеално за подготвување на салати, зачинување на јадења на ладно (во смисла вие најнапред подгответе го јадењето, па потоа зачинете го со маслиново масло откако е готово), за подготовка на брускети (верувајте доволно е само да го потпечете лепчето, да го премачкате со лукче и да додадете од ова масло одозгора).



Освен за јадење, маслото од ДМ може да го користите и за изработка на домашни билни масла (на пример лаванда, невен, рузмарин, кантарион итн.). Ова масло е одлично за сите оние кои имаат сува кожа и коса. Ова масло е одлично и за изработка на природни и домашни сапуни и е едно од ретките масти кое при производството на сапуни може да се користи до 100% (односно како единствено масло). 

3. Сончогледово масло



Сончогледовото масло се добива со цедење на семките од билката Helianthus annus . Ова прекрасно жолто и големо цвеќе кое го следи движењето на сонцето било кориетсно уште пред 3.000 години. Морам да признаам дека сончогледот е мое омилено цвеќе.

Ова масло е едно од најбогатите масла со вит. Е и може да се користи како ладно во салати, така и за готвење. Како и маслиновото масло, така и ова пожелно е да биде ладно цедено и органско. Сончогледовото масло од марката ДМ е токму такво. Има преубав мирис на сончоглед и интензивна боја. Јас најчесто го користам за готвење, меѓутоа доста често знам да го ставам во салата или врз варен зеленчук кога сакам малку да променам (да не биде цело време само маслиново масло). 

Сончогледовото масло е едно од поотпорните масла на ужегнување и токму затоа се препорачува за подготовка на билни масла (ладен метод, или метод со сончева топлина). Јас доста често го користам при изработка на билните масла, особено доколку истите сакам да ги користам за нега на кожата на лицето.

За изработката на сапуни ова масло е лимитирано во количната, со голед на тоа што дава мек сапун, и скоро секогаш го комбинирам со маслиновото и кокосовото.

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и дека ќе одберете и пробате некои од овие ласно цедени и органски масла на ДМ кои се навистина висококвалитетни и одлични. Јас ве поздравувам, а ние се читаме во некоја наредна статија.

Вики

Comments