Коса без првут во 4 чекори


Здраво драги мои,

колкумина од нас колку и да сме убаво облечени, дотерани и чисти, се почувствувале навистина непријатно знаејќи дека имаат проблем со првутот, со оглед на тоа што претставува проблематика видлива на прв поглед. Косата е заштитен знак и од огромна важност за секоја жена, и здравата и убава коса не прави да се чувствуваме поубаво и посигурно. Не е ни чудо што, кога жените сакаат да променат нешто во својот изглед скоро секогаш започнуваат од косата. Секако, голем е бројот и на мажите кои страдаат од оваа проблематика и кои сепак се чувствуваат непријатно кога имаат првут.

За првутот имам веќе говорено во оваа статија, (доколку сте ја пропуштиле прочитајте ја) и имам кажано дека многубројни се факторите кои влијаат врз појавата на оваа несакана проблематика. На прво место е секако исхраната која е основа на сите проблеми со кои се соочуваме, со оглед на тоа што сѐ што конзумираме внатрешно излегува на површина на кожата која како што знаеме е нашиот најголем орган. Стресот, пушењето и хормоналниот дисбаланс додатно го зголемуваат проблемот, а несоодветните козметички производи се онаа капка која ја прелива водата во чашата, со оглед на тоа што може да помогнат или одмогнат, во зависност од она што сами го нанесуваме на сопствената кожа. Да не говорам за честата употреба на пени за коса на база на алкохол кои сушат или пак лакови за коса кои исто така не се баш најголеми пријатели на темето и на самото влакно...

За исхраната, хормоналните проблеми, стресот и пушењето секако исконсултирајте се со стручни лица како доктори, матични лекари или нутриционисти. Јас сум овде за да ви помогнам со козметиката, предлагајќи ви еден комплетен третман во 4 чекори за нега на темето на косата (но и самата коса) кој е комплетно на природна база. Ајде да ги разгледаме секој од овие 4 чекори посебно.

Чекор бр. 1- Омекнувачко масло за коса


Многупати кога читателите и читателките ми се обратиле за совет при проблем со сув првут, скоро секогаш сум им предложила пред миењето на косата да користат масло за коса нa темето кое ќе го омекне самото теме и ќе ја намали евентуалната агресивна моќ на шампонот кој ќе биде"зафатен" со одмивање на маслото без претерано да ја измие косата. Маслото е од особена важност за здравјето на темето на косата (а со самото тоа и за здравјето и убавината на самата коса) со оглед на тоа што прави баланс на себумот односно мастите на самата кожа и го регулира правилното лачење на мастите. Овде секако говорам за природни растителни масла или пак маслени комбинации кои не содржат силикони, навтени деривати, ПЕГ итн. Голем број на масла како на пример јојобата одлично го регулира прекумерното лачење на масти на кожата и со самото тоа го враќа балансот на темето на косата (во овој случај). Уште подобри се и комбинациите на повеќе масла и етерични масла кои меѓусебно се надополнуваат и делуваат на повеќе фактори како: првут, суво теме, премногу масно теме итн.

Не е вистина дека масната коса нема потреба од масла и дека треба само да ја одмиваме...Доколку знаеме како правилно да го одбереме производот маслото може да направи да се регулира вишојкот на масти кои кожата ги лажи со цел да се одбрани од нашата евентуална “агресија“ со неправилни или премногу измивачки производи. Едно такво масло кои одлично делува врз појавата на првутот и успева да го омекне премногу сувото теме на главата и да го подобри правилното лачење на масти е маслото за коса на марката Dr. Konopka's.

Ова масло е направено според патентираната формула бр. 37 на Др. Конопка специфично дизајнирано за да ја подобри состојбата на сувиот скалп кој се перута. Базата на производот е маслиново масло кое е одлично во случај на сува кожа на  темето со оглед на тоа што ја храни и омекнува. Ова масло е поддржано во своето дејство од сончогледовото масло, потоа од маслото од арган кое јa подобрува структурата на косата, маслото од макадамија кое храни и маслото од јојоба кое нормализира. Е сега драги мои следува магијата. Користени се природни етерични масла и екстракти кои меѓусебно се толку убаво поврзани што го прават овој производ уникатен и функционален. Може да се забележи масло од чајно дрво кое има антибактериско дејство и ја спречува појавата на сувиот првут. Маслото од малина има антивоспалително дејство и ја спречува појавата на црвенила. Маслото од рузмарин ја подобрува циркулацијата на кожата на темето од косата, додека маслото од вечерница ја зајакнува косата. Екстрактот од невен има смирувачко и антивоспалително дејство, додека екстрактот од дива капина го зајакнува влакното.


Како што можевте да забележите станувa збор за многу убав и уникатен производ кој одлично го омекнува сувото теме на косата и ја спречува и намалува појавата на првут. Се користи на тој начин што со помош на пипетата мала количина од маслото се нанесува само на коренот од косата (на сувa коса) со благи движења и се остава да делува околу 20 мин. Потоа се мие со убав благ, убаво избалансиран и органски шампон.

Ова масло веќе го рецензирав во статијата од линкот кој ви го оставив погоре и во неа напоменав дека е одлично за суво теме и сув првут на косата, со оглед на тоа што одлично омекнува и храни. Меѓутоа, со оглед на тоа што имам премногу масла дома (поголемиот број сама ги правам) ова масло го подарив на една другарка која има масен првут и сакаше да го проба. Мора да кажам дека делуваше и кај неа. Единствената разлика е во тоа што кај неа беше потребно повеќе време со оглед на тоа што кожата полека почна да сфаќа дека не е обезмастена како претходно, и полека почна да го регулира лачењето на масти. Кај оние со сув првут првичните резултатите ќе бидат видливи скоро веднаш, уште по само 2 апликации (секако првутот нема веднаш да исчезне, меѓутоа ќе видите огромно подобрување што претставува поттик да се продолжи понатаму). Ете зошто велам дека оние со масен корен или масна кожа на лицето не треба да се плашат од масла.

Овој производ може да го најдете по цена од 515 мкд.  и истиот може да се најде на штандот на Белина во трговските центри Сити Мол и Рамстор во Скопје и Палма Мол во Тетово, како и во продажниот салон на Белина во Капиштец, Art of Living, и онлајн на bellina.mk

Чекор бр. 2 - Нежен, убаво избалансиран шампон за коса 


Многумина од нас косата ја мијат со првиот шампон кој ќе им дојде при рака, или пак бираат производи за кои виделе реклами или слушнале дека се ефикасни, без воопшто да го разгледаат составот на истите, хемиската фрмула, а со самото тоа и дејството врз темето на косата. Колку пати само шампонот кој бил наменет за решавање на проблемот со првут предизвикал уште толку првут, или пак некој шампон кој сте мислеле дека е одличен предизвикал првут по употребата (иако претходно сме го немале). Голем е бројот на оние кои откако престанале да ги користат силиконските шампони и преминале на природна козметика се соочиле со појава на првут, меѓутоа не поради фактот што природниот шампон го предизвикал, туку поради чистењето на самото теме на главата од силиконските шампони пред него. Така да пред да донесеме пресуда дека некој шампон ни направил проблем, запрашајте се што предходно сте користеле, каква била формулата на шампонот и каква била вашата нега (на база на хемиска односно комерцијална или природна козметика). 

Шампонот кој сакам да ви го предложам во оваа статија како втор чекор од негата за намалување на појавата на првутот е шампонот со хидролат од нане на марката Dr. Konopka's. Ајде најнапред да ја разгледаме декларацијата на овој шампон.

Ingredients: Melilotus Albus Flower/Leaf/Stem Extract*, Sodium Coco-Sulfate, Aqua, Lauryl Glucoside, Cocamidopropyl Betaine, Chamomilla Recutita Flower Water*, Olea Europaea Fruit Oil*, Helianthus Annuus Hybrid Oil*, Melaleuca Alternifolia Leaf Oil*, Argania Spinosa Kernel Oil*, Macadamia Ternifolia Seed Oil*, Simmondsia Chinensis Seed Oil*, Rubus Idaeus Seed Oil*, Oenothera Biennis Oil*, Rosmarinus Officinalis Leaf Oil*, Helianthus Annuus Seed Oil, Calendula Officinalis Flower Extract*, Rubus Chamaemorus Fruit Extract*, Arnica Montana Flower Extract*, Tocopherol, Citric Acid, Benzyl Alcohol, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate.

Станува збор за еден природен и органски шампон кој има одличен баланс на сурфактанти, масла и екстракти во самата формула. Како главен сурфактант (примарен) употребен е содиум коко сулфат, кој притоа е избалансиран со бетаинот (кој ја намалува агресивноста на примарниот) и секако со глукозидот кој додатно ја ублажува формулата и ја прави понежна. Со оглед на тоа што добив пораки и бев сведок на дискусија за сулфатите сакам да разјасниме една многу важна работа. Сулфатите како Sodium Lauryl Sulfate - SLS, Sodium Laureth Sulfate - SLES (кој не се употребува никогаш во органската козметика со оглед на тоа што дел од молекулата е третирана со етилен оксид и всушност претставува навтен дериват) и Sodium Coco Sulfate - SCS се навистина агресивни како состојка, меѓутоа доколку сами директно ги нанесеме на косата или пак доколку не се убаво избалансирани во формулата на еден шампон.


Најнапред од основна важност е шампонот да не содржи само еден сурфактант (затоа што истиот ќе биде поагресивен), туку комбинација од сурфактанти, затоа што при правилната комбинација, истите се неутрализираат и надополнуваат со што се сведува на минимум агресивноста и иритирачката моќ на еден производ. Еден од сурфактантите треба да биде примарен кој всушност и ќе ја дава измивачката моќ на производот, потоа секундарен(ни) кој ќе ја ублажат агресивната моќ на примарниот и останати сурфактанти кои исто така ќе ја ублажат агресивноста на примарниот, но и ќе дадат густина, пенливост итн. 

Во овој шампон тоа е направено. Значи ве молам не говорете веднаш дека шампонот не е добар со оглед на тоа што има сулфат и не ја демонизирајте состојката. Видете како е употребена, на кој начин е избалансирана и во каков сооднос е со останатите состојки во шампонот.

Доколку во еден шампон ставиме само вода и сурфактанти, истиот ќе претставува средство за миење на садови :), па затоа за еден шампон да биде квалитетен и да има одредена хранлива моќ, да ја негува и прави косата полесна за расчешлување, треба да содржи и други состојки како на пример протеини, масла и витамини. Во оваа формула може да се забележи присуство на 4 многу убави масла и тоа: маслиново масло, сончогледово масло. масло од арган и масло од макадамија. Овие се од основна важност за поблаго дејство на самиот производ врз теето на косата. Понатаму содржи и хидролат од камилица кој има смирувачко дејство врз скалпот и екстракти и етерични масла кои се специјачно наменети за проблематиката првут.


Овој шампон го користам откако се вратив од одмор, значи од 1 јули па до ден денес (да ви кажам најискрено трае доста со оглед на тоа што пакувањето е 500 гр.) и без разлика на тоа што немам првут многу ми се допаѓа ефектот врз самата коса. Не само што благо ја мие косата. туку ја остава мека (а тоа не ме ни чуди ако се земат предвид сите масла и екстракти), верувајте ми немам потреба од балсам со оглед на тоа што навистина лесно ја расчешлувам косата (ова е секако индивидуално кај мене). Јас го обожавам шампонов и штом овој кој не е наменет за мојот тип на коса вака убаво ја мие косата, можам да замислам какво е дејството на оној за сува и оштетена коса, односно за регенерација на косата кој едвај чекам да го земам и пробам. 

Се нанесува на мокра коса растворен во малку вода и се нанесува на темето на главата со убава масажа. Темелно се измива со вода Доколку сте направиле маслен третман на косата претходно, потребно е истата да ја измиете двапати со шампонов, во спротивен случај само со едно миење косата е веќе чиста, мека и убава. Овој шампон може да го најдете по цена од 770 мкд. и истиот може да се најде на штандот на Белина во трговските центри Сити Мол и Рамстор во Скопје и Палма Мол во Тетово, како и во продажниот салон на Белина во Капиштец, Art of Living, и онлајн на bellina.mk

 Чекор бр. 3 - Омекнувачки балсам за коса


Со оглед на тоа што имам тенко влакно, за мене е навистина тешко да најдам балсам или маска која ќе омекнува меѓутоа нема да ја “сплеска“ премногу косата ако може така да се изразам. Мојот омилен третман за коса беше и останува оној со зелен чај на Уртекрам, иако мора да напоменам дека и од балсамов кој ќе ви го претставам во продолжение сум навистина многу задоволна. Станува збор за производ кој може да го нанесете на целата коса, односно како на темето, така и по должината на косата бидејќи убаво омекнува (не премногу) и косата ја прави поубава и посјајна. А тоа е она што мене лично ми треба.

Ingredients: Aqua, Melilotus Albus Flower/Leaf/Stem Extract*, Glycerin, Cetearyl Alcohol, Distearoylethyl Dimonium Chloride, Cocos Nucifera Oil, Chamomilla Recutita Flower Water*, Olea Europaea Fruit Oil*, Helianthus Annuus Hybrid Oil*, Melaleuca Alternifolia Leaf Oil*, Argania Spinosa Kernel Oil*, Macadamia Ternifolia Seed Oil*, Simmondsia Chinensis Seed Oil*, Rubus Idaeus Seed Oil*, Oenothera Biennis Oil*, Rosmarinus Officinalis Leaf Oil*, Helianthus Annuus Seed Oil, Calendula Officinalis Flower Extract*, Rubus Chamaemorus Fruit Extract*, Arnica Montana Flower Extract*, Tocopherol, Guar Hydroxypropyltrimonium Chloride, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate, Benzyl Alcohol, Dehydroacetic Acid, Citric Acid, Limonene, Linalool, CI 77492


Овој балсам содржи омекнувачки агенти, меѓутоа за среќа не омекнува премногу. Содржи глицерин, кокосово масло, хидролат од камилица, маслиново масло, сончогледово масло, етерично масло од чајно дрво, масло од јојоба, етерично масло од рузмарин, екстракт од невен, екстракт од арника и вит. Е. Она што лично ми се допаѓа е фактот што убаво го чисти темето на косата, воопшто не масти (токму затоа ви кажав дека може да се користи и на целата коса за разлика од многу други кои не се користат на темето).

Етеричните масла истовремено делуваат врз проблематиката првут, а маслата ја омекнуваат кожата на темето. Екстрактите и хидролатите додатно го омекнуваат темето на главата и ги спречуваат можните иритации. Овој производ доаѓа во пакување од 500 гр. по цена од 335 мкд. и истиот може да се најде на штандот на Белина во трговските центри Сити Мол и Рамстор во Скопје и Палма Мол во Тетово, како и во продажниот салон на Белина во Капиштец, Art of Living, и онлајн на bellina.mk

Чекор бр. 4 - Серум за коса со масло од сибирски кедар


Откако ја измивме косата и нанесовме балсам, како чекор бр. 4 секако не смее да недостига производ кој нема да го одмиеме и ќе продолжи да делува врз самото теме, односно серум. Овој серум е навистина прекрасен, многу лесен како производ, не масти, темето веднаш го апсорбира и одлично делува со оглед на тоа што е концентриран производ со специфично дејство. Ајде да ја разгледаме декларацијата на истиот.

Serum Ingredients: Melilotus Albus Flower/Leaf/Stem Extract*, Carrageenan, Glycerin, Aqua, Caprylyl/Capryl Wheat Bran/Straw Glycosides, Fusel Wheat Bran/Straw Glycosides, Polyglyceryl-5 Oleate, Sodium Cocoyl Glutamate, Glyceryl Caprylate, Pinus Sibirica Seed Oil*, Olea Europaea Fruit Oil*, Helianthus Annuus Hybrid Oil*, Melaleuca Alternifolia Leaf Oil*, Argania Spinosa Kernel Oil*, Macadamia Ternifolia Seed Oil*, Simmondsia Chinensis Seed Oil*, Rubus Idaeus Seed Oil*, Oenothera Biennis Oil*, Rosmarinus Officinalis Leaf Oil*, Helianthus Annuus Seed Oil, Calendula Officinalis Flower Extract*, Rubus Chamaemorus Fruit Extract*, Arnica Montana Flower Extract*, Tocopherol, Benzyl Alcohol, Dehydroacetic Acid, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate, Citric Acid

Како што може да забележите е на водена база, односно гел. каде одлично се инкорпорирани разни екстракти, етерични масла и масла кои во водените производи може да се употребат до одреден процент. Со оглед на тоа што овој производ го оставаме да делува до следното миење, има огромно позитивно дејство врз темето на косата и со текот на времето секако ја подобрува проблематиката првут на косата. Содржи патентирана фомула бр. 37 и 52 на Др. Конопка.


Се нанесува по миењето на косата на влажна коса, мала количина само на темето. Се прави блага масажа  потоа се суши косата како што обично правите. Овој производ е многу пријатен за употреба, навистина многу практичен и пед сѐ доста функционален. Доаѓа во пакување тубичка од 20 гр. по цена од 370 мкд и истиот може да се најде на штандот на Белина во трговските центри Сити Мол и Рамстор во Скопје и Палма Мол во Тетово, како и во продажниот салон на Белина во Капиштец, Art of Living, и онлајн на bellina.mk

Драги мои, доколку ги следите сите 4 чекори од оваа нега јас ви гарантирам дека веќе по месец дена ќе имате огромно подобрување на состојбата на првутот, а со самото тоа и вашата коса ќе биде поубава и поздрава. јас се надевам дека оваа статија ви беше од корист, а ние се читаме наскоро со нови содржини.

Поздрав
Вики

Comments