Кажете му збогум на првутот со овие два прекрасни производи


Здраво драги мои,

првутот е една од најомразените проблеми на косата, кој меѓутоа е доста распространет и голем е бројот на мажи и жени кои страдаат од оваа непријтна појава. Освен тоа што претставува многу неестетска појава, првутот претставува и еден вид на вистинска "болест" на темето на косата. Може да се појави како резултат на стрес, хормоналнa промена, неправилна исхрана или пак како реакција на темето на главата на одредени производи: преагресивни шампони, производи кои содржат алкохол (пени, лакови за коса) итн.

Премногу агресивните шампони кои содржат недобро урамнотежен микс на сурфактанти може да предизвикаат два типа на реакции: преголемо сушење на темето на кожата и притоа појава на сув првут, или пак зголемено лачење на себум, односно масти (што повеќе обезмастуваме толку повеќе кожата се брани од нашата "агресија" со зголемено лачење на себум) и со тоа масен првут. Ајде накратко да ги разгледаме и двата типа на првут.

Масниот првут е скоро секогаш поврзан со зголемено лачење на себум или масти на кожата и се манифестира како мали парченца со жолтеникава боја како резултат на зголеменото лачење на масти. Косата има масен изглед и ние поведени од желбата да ја "обезмастиме" користиме поагресивни производи кои потоа даваат спротивен ефект. Овој тип на првут се манифестира со чешање, формација на жолти парченца првут, па дури и косопаст.

Сувиот првут е карактеризиран само со непријатно чешање на косата и за среќа не е поврзан со зголемен косопаст. Првутот е со белкаста боја и лесно се двои од темето на косата, паѓа и е видлив на облеката.

Освен правилна исхрана (се' што внесуваме внатре се манифестира и однадвор) од огромна важност се и производите кои ги користиме за миење на косата. Токму затоа би сакала да ви препорачам два прекрасни производи кои претставуваат еден вид на комплетен третман, и во зависност од начинот на употреба може да одговараат и во случај на двата проблеми. Станува збор за шампонот со Алое вера од органската марка Urtekram и маслото против првут на органската марка Dr Konopka's. Ајде да ги разгледаме двата посебно.

1. Шампон за коса со алое вера од Urtekram




  • INCI: Aqua (Water)
  • Aloe Barbadensis (Aloe Vera) Leaf Extract, 
  • Sodium Coco-Sulfate, 
  • Glycerin, 
  • Coco Glucoside, 
  • Lauryl Glucoside, 
  • Glyceryl Oleate, 
  • Sodium Lauroyl Lactylate (Plant Source), 
  • Melissa Officinalis Leaf Extract, 
  • Mentha Piperita (Peppermint) Leaf Extract, 
  • Sodium Chloride, 
  • Citrus Aurantium Dulcis (Sweet Orange) Peel, 
  • Magnolia Officinalis Bark Extract, 
  • Parfum (Fragrance), 
  • Polyglyceryl-4-Caprate, 
  • Xanthan Gum, 
  • Lysolecithin, 
  • Citric Acid
  • Coco Caprylate, 
  • Tocopherol, 
  • Beta-Sitosterol
  • Squalene
  • Limonene


  • Од декларацијата може да забележиме дека по водата, која се наоѓа на прва позиција, следува алое вера екстракт, па микс на многу убаво избалансирани сурфактанти. Содиум коко сулфат е примарен сурфактант кој ја има главната измивачка моќ и одлично е избалансиран од глукозидите кои се едни од најнeжните сурфактанти (особено лаурил глукозидот) кој освен тоа што го ублажува производот ја подобрува и пенливоста на шампонот. Потоa има коко глукозид и глицерил олеат кои секогаш одат во пар, кои всушност и  не се сурфактанти во вистинска смисла на зборот бидејќи не измиваат, туку го ублажуваат производот и го прават помалку агресивен. Додатокот на глицерин е секако важен зa здaвјeтo и убaвинaтa на косата.


    Ова беше базата која е одлично избалансирана и на која треба да де додадат активни состојки кои ќе го направат самиот произвoд погоден за намалување на првутот. И токму тоа е направено. Многу умешно додадени се неколку екстракти кои ја подобруваат оваа прпблематика како: екстракт од лимонов балсам, екстракт од нане, етерично масло од портокал и екстракт од магнолија. Според ова што го гледам од декларацијата, овој шампон е одличен за сите оние кои имаат проблем со масен првут, со оглед на тоа што одлично го балансира вишокот на масти на косата, елиминирајќи го притоа и проблемот со првут. Активните состојки во самиот шампон се одлични за да го вратат природниот баланс на темето на косата, додека алое вера екстрактот и глицеринот даваат максимална хидратација и сјај на косата. Има нежен мирис на портокал кој го прави самиот производ уште попријатен за употреба. 

    Доколку вашиот проблем е сув првут не грижете се, и продолжете да ја читате оваа статија.

    2. Масло против првут од Dr. Konopka's


    Многупати кога читателите и читателките ми се обратиле за совет при проблем со сув првут, скоро секогаш сум им предложила пред миењето на косата да користат масло за коса нa темето кое ќе го омекне самото теме и ќе ја намали евентуалната агресивна моќ на шампонот кој ќе биде"зафатен" со одмивање на маслото без претерано да ја измие косата. Досега ви предлагав масла кои може сами да ги направите, меѓутоа овојпат за среќа има готов производ кој одлично функционира и е навистина многу убав. 

    Ова масло е направено според патентираната формула бр. 37 на Др. Конопка специфично дизајнирано за да ја подобри состојбата на сувиот скалп кој се перута. Базата на производот е маслиново масло кое е одлично во случај на сува кожа на  темето со оглед на тоа што ја храни и омекнува. Ова масло е поддржано во своето дејство од сончогледовото масло, потоа од маслото од арган кое јa подобрува структурата на косата, маслото од макадамија кое храни и маслото од јојоба кое нормализира. Е сега драги мои следува магијата. Користени се природни етерични масла и екстракти кои меѓусебно се толку убаво поврзани што го прават овој производ уникатен и функционален. Може да се забележи масло од чајно дрво кое има антибактериско дејство и ја спречува појавата на сувиот првут. Маслото од малина има антивоспалително дејство и ја спречува појавата на црвенила. Маслото од рузмарин ја подобрува циркулацијата на кожата на темето од косата, додека маслото од вечерница ја зајакнува косата. Екстрактот од невен има смирувачко и антивоспалително дејство, додека екстрактот од дива капина го зајакнува влакното.


    Како што можевте да забележите станувa збор за многу убав и уникатен производ кој одлично го омекнува сувото теме на косата и ја спречува и намалува појавата на сув првут. Се користи на тој начин што со помош на пипетата мала количина од маслото се нанесува само на коренот од косата (на сувa коса) со благи движења и се остава да делува околу 20 мин. По истекот на времето се мие со шампонот кој претходно гo рецензирав (кој после маслото е во ред да се користи и за сув првут со оглед на тоа што е нежен и не суши , а и веќе сме нанеле претходно од маслото). 

    Верувајте ми овие два производи се толку нежни, убави и ефикасни што ќе бидете многу задоволни. Истите може да ги најдете на штандот на Белина во трговските центри Сити Мол и Рамстор во Скопје и Палма Мол во Тетово, (шампонoт и вo Cosmo Tinex) како и онлајн на bellina.mk.

    Се надевам дека оваа статија ви се допадна, меѓутоа ова не е се. Белина реши да ви даде можност да ги пробате овие прекрасни производи и да се уверите во нивниот квалитет. Се што треба да направите е:

    1. Да ставите лајк на оваа статија
    2. Да ја споделите на вашите фејсбук профили
    3. Во коментар пoд статијатa да ја тагнете вашата најдобра другарка. 

    И двете ќе добиете по еден комплет шампон со масло на подарок. Наградната игра ќе трае до петок 12 јули до 20 часот. 

    Со среќа нa сите. 
    Ве гушкам
    Вики

    Comments