Мека и негувана кожа на телото со линијата со лаванда на Urtekram


Здраво драги мои,

еве ме повторно со една статија во која ќе ви претставам три производи од органската марка Urtekram кои ги тестирав во последниов месец дена. Сите три се дел од линијата со лаванда за нега на кожата на телото.

Доколку редовно ме читате веќе сигурно знаете дека лавандата е една од моите омилени билки и просто ја обожавам. Благодарение на антибактериското, антисептичкото, релаксирачкото, антидепресивното и смирувачкото дејство, оваа билка е идеална за здравјето и убавината на кожата. Оваа колекција ја одбрав не само поради тоа што содржи лаванда, туку најнапред поради фактот што екстрактите и етеричните масла од лаванда се изработени од сопствена лаванда Urtekram  и поради тоа што сите три производи се нежни, благи и во согласност со она што го работам и за што се залагам.

Ајде подобро да ги разгледаме сите три производи посебно.

1. Гел за туширање со лаванда



INCI: AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF EXTRACT*, SODIUM COCO-SULFATE, LAURYL GLUCOSIDE, GLYCERIN**, COCO-GLUCOSIDE, DIGLYCERIN, GLYCERYL OLEATE, LACTOBACILLUS FERMENT, LAVANDULA ANGUSTIFOLIA FLOWER EXTRACT*, SALIX PURPUREA BARK EXTRACT*, LAVANDULA HYBRIDA OIL*, ROSMARINUS OFFICINALIS LEAF OIL*, LAVANDULA ANGUSTIFOLIA OIL*, EUCALYPTUS GLOBULUS LEAF OIL*, CHAMOMILLA RECUTITA OIL*, POLYGLYCERYL-4 CAPRATE, SODIUM COCOYL GLUTAMATE, TOCOPHEROL, BETA-SITOSTEROL, SQUALENE, SODIUM HYALURONATE, SODIUM CHLORIDE, LACTIC ACID, PARFUM, LIMONENE, LINALOOL. 

Од самата декларација може да забележиме дека станува збор за ектстремно нежен производ наменет за нормална до сува кожа. По водата на второ место има екстракт од алое вера па следува одлично избалансирана комбинација на сурфактанти кои благо измиваат без да ја иритираат или сушат кожата. Од екстракти содржи секако лаванда, потоа рузмарин, а од масла содржи масло од лаванда, камилица и еукалиптус. Верувајте ми оваа комбинација е идеална, иако се чувствува на прв мирис лавандата, при туширањето се чувствуваат и благи ноти на камилица. Секако како останати состојки може да видиме вит. Е, бета ситостерол, сквален и хијалуронска киселина.

Овој производ има гел структура, прави блага пена и што е најважно ја остава кожата перфектно мека и мазна. Како што веќе напоменав воопшто не е агресивен и е одличен за сите оние кои имаат нормална накај сува кожа. Може да го користите како при туширање, така и во кадата со вода доколку сте повеќе љубители на бањите.

2. Лосион за тело со лаванда



Овој лосион премногу ми се допаѓа бидејки има толку лесна структура и воопшто не ја масти кожата. Може слободно веднаш да се облечете откако ќе го намачкате врз кожата. Истата бргу го впива, нема ефект на отежната кожа како што е случај со многу креми или млека, и што е најважно кожата е мека и хидрирана. Според мене е идеален за претстојната летна сезона кога многу често се тушираме и сакаме полесен производ кој веднаш ќе се впие и ќе ја хидрира и храни нашата кожа. Ајде да ја разгледаме и декларацијата.

INCI: AQUA, OLEA EUROPAEA FRUIT OIL*, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER*, ALOE BARBADENSIS LEAF EXTRACT*, GLYCERIN**, POLYGLYCERYL-3 DICITRATE/STEARATE, ZEA MAYS STARCH*, COCO-CAPRYLATE, GLYCERYL STEARATE SE, PRUNUS ARMENIACA KERNEL OIL*, GLYCERYL CAPRYLATE, LACTOBACILLUS FERMENT, SIMMONDSIA CHINENSIS SEED OIL*, LAVANDULA ANGUSTIFOLIA FLOWER EXTRACT*, SALIX PURPUREA BARK EXTRACT*, LAVANDULA HYBRIDA OIL*, ROSMARINUS OFFICINALIS LEAF OIL*, LAVANDULA ANGUSTIFOLIA OIL*, EUCALYPTUS GLOBULUS LEAF OIL*, CHAMOMILLA RECUTITA OIL*, CETYL ALCOHOL, XANTHAN GUM, MAGNOLIA OFFICINALIS BARK EXTRACT, TOCOPHEROL, BETA-SITOSTEROL, SQUALENE, SODIUM HYALURONATE, HEXAPEPTIDE-11, PARFUM, LIMONENE, LINALOOL.

Кога за првпат ја видов декларацијава се запрашав како е можно овој производ да има волку хранливи масла а сепак да не ја масти кожата и лесно да се впива? Еве сега ќе ви објаснам.

Kремава е направена врз база на повеќе масла во комбинација со путери, убаво избалансирана, веднаш се впива и не дава масен ефект. Кога во декларацијата ќе забележам многу масла обично гледам три важни работи и тоа: 

- процентот на масла употребени во кремата кои се показател за тоа колку кремата е всушност масна;
- изборот на масла, кој е индикатор за тоа како кремата ќе се размачкува на телото;
- редоследот на маслата кој го дава карактерот на една крема, односно за каква кожа е наменета



По водата на прва позиција во овој лосион може да забележиме маслиново масло кое е неопходно за нега на нормална до сува кожа, кое меѓуоа е одлично искомбинирано со шеа путерот и останатите масла како маслото од јојоба, масло коко каприлат, масло од кајсија и масло од лаванда. Во еден производ многу е важна комбинацијата на маслата и истите да имаат различна тежина и густина. 

Не мислете дека доколку сакаме да направиме еден лесен производ потребно е да користиме само лесни масла како на пример јојоба, сончогледово итн. Точно е дека станува збор за лесни масла кои кожата бргу ги впива, меѓутоа токму поради тоа истите може многу бргу и да се “вратат назад“ односно да избијат врз кожата и да предизвикаат мастење. За еден производ да биде хранлив хидратантен и убаво да се размачкува и впива во кожата, потребно е истиот да содржи комбинација на разни масла кои меѓусебно ќе се надополнуваат. Од огромна важност овде се и путерите, бидејќи поголемиот процент на путер во еден производ може да даде “сув ефект врз кожата“ во смисла да направи маслата да се апсорбираат без маслен ефект.


Од лична употреба може да ви кажам дека овде маслата и шеа путерот се така добро искомбинирани што кога ќе го мачкате производот најнапред имате чувство на хидратација и свежина, како кожата да се напила вода, а потоа веднаш се впива, не остава трага и кожата ја чувствувате мека. Навистина прекрасно чувство како воопшто да не сте нанеле ништо, а кожата е прекрасно хидрирана и нахранета. Како екстракти ги содржи оние од лаванда, врба и магнолија и секако етерични масла од лаванда, камилица и рузмарин.

Мене лично како производ премногу ми се допаѓа и верувајте ми понекогаш го мачкам дури и двапаи дневно бидејќи ми дава убаво чувство на хидратација. Еве ја структурата на овој производ



3. Пилинг со лаванда

Мислам дека овој ќе ми стане хит производ за ова лето. Овој пилинг е совршенство поради тоа што е многу нежен со ситни честички и доста хранлив кој според мене не е баш пилинг, туку станува збор за еден вид на гомаж за ексфолијација на кожата. 



INCI: AQUA, HYDROGENATED CASTOR OIL, ALOE BARBADENSIS LEAF EXTRACT*, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER*, PRUNUS AMYGDALUS DULCIS OIL*, POLYGLYCERYL-3 DICITRATE/STEARATE, GLYCERIN**, GLYCERYL STEARATE SE, CETYL ALCOHOL, ZEA MAYS STARCH*, LYSOLECITHIN, GLYCERYL CAPRYLATE, LACTOBACILLUS FERMENT, SALIX PURPUREA BARK EXTRACT*, LAVENDULA AUGUSTIFOLIA FLOWER EXTRACT*, LAVANDULA HYBRIDA OIL*, ROSMARINUS OFFICINALIS LEAF OIL*, LAVANDULA ANGUSTIFOLIA OIL*, EUCALYPTUS GLOBULUS LEAF OIL*, CHAMOMILLA RECUTITA OIL*, SIMMONDSIA CHINENSIS SEED*, SODIUM HYALURONATE, HEXAPEPTIDE-11, MAGNOLIA OFFICINALIS BARK EXTRACT, XANTHAN GUM, TOCOPHEROL, BETA-SITOSTEROL, SQUALENE, PARFUM, LINALOOL, LIMONENE.

Содржи комбинација на рицинусово масло, бадемово масло, шеа путер, масло од јојоба, секако екстракти од лаванда, лизолецитин и етерични масла од лаванда, рузмарин и камилица. Има преубава густа структура и верувајте ми толку е нежен што го пробав и како скраб за лице со одличен ефект. Еве погледнете ја структурата




Многу нежно прави пилинг, скоро и да не го чувствувате врз кожата, меѓутоа потоа кожата ја чувствувате мека и мазна. Одличен е за сите оние кои имаат многу чувствителна кожа на телото. Јас ви велам го обожавам и го користам само него овој период еднаш неделно.

Драги мои се надевам дека оваа рецензија ви се допадна и дека ќе пробате некој од овие производи на Urtekram . Верувајте ми дека ќе бидете презадоволни, бидејќи навистина вреди да се пробаат. Сите производи може да се најдат на штанот на Белин во трговските центри Сити Мол и Рамстор, како и онланј на следниов сајт.



Доколку пробате некој од овие производи слободно оставете ваш коментар под статијата.

Ние се читаме наскоро со многу интересни содржини.
Поздрав
Вики




Comments