5 рецепти за убавина со.... сода бикарбона


Здраво драги мои,

од денес ќе започнам со една нова рубрика 5 рецепти за убавина со.....каде ќе ви претставам наједноставни и основни состојки кои може да се најдат скоро секаде, и кои се навистина неизбежни и доста ефикасни за нега на лицето, телото и косата. Оваа серија би сакала да ја започнем со една од најевтините состојки кај нас на пазарпт, односно сода бикарбона.

Овој бел прав без мирис и боја, претставува една од најсигурните и најевтините состојки кои може да ја корисиме за безброј работи: од лична нега, па сѐ до природна хигиена во домовите. Има блага алкална пХ вредност и реагира на тој начин што ги неутрализира киселините (киселите молекули) и го спречува дејството и развојот на бактерии на самата површина. Само да разјаснам дека неговото дејство не се должи на алкалната пХ вредност (како што напоменав има благо алкална пХ вредност), туку на способноста да неутрализира односно да креира средина каде ќе оневозможува развој на бактерии, односно ќе ги неутрализира.

Во продолжение би сакала да ви дадам неколку интересни и корисни рецепти за убавина кои може да ги направите токму со оваа состојка.

1. Скраб за лице



Доколку имате проблем со црнки на лицето, може да го пробате следниов скраб за лице:

- сода бикарбона
- кокосово масло

Во еден сад помешајте ги двете состојки сѐ додека да добиете една убава смеса со која ќе направите пилинг на благо навлажнето лице. Важно е движењата да бидат благи, без многу притискање и напор. Кожата потоа темелно се мие со млака вода.

Овој скраб ќе ја остави кожата мека и чиста. Намерно го предложив кокосовото масло бидејќи основна состојка на ова масло е лауринската киселина која има огромно антивирусно и антибактериско дејство. 


Важно е да напоменам дека овој скраб не треба да се користи во случај на бубуљици или ранички на кожата. Доколку кожата е здрава и имате проблем со црнки во тој случај е вистинското средство за вас.

Се користи не повеќе од еднаш неделно.

2. Природен деодоранс


Благодарение на способноста на содата да го спречува дејството на бактериите под пазувите, оваа состојка е одлична и при подготовка на домашен и природен деодоранс. Може да направите два вида на деодоранс и тоа: крем деодоранс и спреј деодоранс.

Крем деодорансот е еден од моите омилени бидејќи не само што штити од несакани мириси, туку и истовремено ја омекнува кожата. Потребн состојки за овој рецеп се:

1 супена лажица какао путер;
1 ипол кафена лажичка шеа путер;
2 кафени лажички кокосово масло;
1 ипол кафена лажичка бела глина (каолин);
2 кафени лажички сода бикарбона 
1 кафена лажичка нишесте
20 капки етерично масло по ваш избор

Најнапред на пареа се топат путерите и маслата, па потоа се додаваат останатите состојки и сѐ убаво се меша. Се префрла производо во едно празно и чисто кутиче и се остава да се зацврсне. Детален рецепт за овој производ со слики ќе најдете на следниов линк природен и домашен крем деодоранс

За спреј деодорансот потребни се само три состојки и тоа:


- дестилирана вода
- сода бикарбона
- етерично масло

Земете околу 100 мл. дестилирана вода и додајте една кафена лежичка сода бикарбона. Доколку комплетно се раствори додајте уште малку. Кога ќе забележите дека содата повеќе не се раствора туку паѓа на дното престанете да додавате сода бикарбона бидејќи самата вода не може да прими повеќе. Веќе примила сѐ она што можела од самата сода. Оставете да отстои така околу половина час (покриена со едно тацниче од кафе) и внимателно прецедете ја течноста (без талогот секако). Додадете околу 10 капки етерично масло и тоа: 5 од лаванда, 3 од лимон и 2 од чајно дрво (или можете сите 10 од лаванда).Убаво протресете и вашиот деодоранс е готов.

3. Парна бања за лице

Парните бањи се познати уште од времето на старите Римјани. Овој третман е од особена важност за здравјето и убавината на кожата, со оглед на тоа што ја прочистува и ја оддржува правилната хидратација.Само да напоменам дека во случај на чуствителна кожа со капилари или розацеа, не се препорачува третман со парна бања.

Во едно тенџере со врела вода ставете две супени лажица сода бикарбона и малку суво нане или жалфија. Изложете го лицето врз пареата (покријте ја главата со еден пешкир) и уживајте во корсното дејство на содата и билките. Внимавајте да не се доближете премногу до изворот на пареа за да не се изгорете и не се изложувајте на пареа повеќе од 5 мин.

Овој третман се прави на секои две недели, односно двапати месечно.



5. Избелувач на заби

Едно од најпознатите дејства на сода бикарбона е способноста да ги избели забите. Меѓутоа внимание нема да имате побели заби од она што природно ви се, туку помага во случај на храна која бои (зачини како кари, куркума и,т,тн), потоа кафе, цигари итн. Може многу да ја подобри состојбата и да ги отстрани сите овие дамки и флеки од самите заби. Сѐ што треба да направите е да ја нанете со помош на една четка за заби и нежно да миете. Ова секако не треба да се прави секојдневно, доволно е на секои 10 до 12 дена (или евентуало двапати месечно).

Исто така во случај на пречувствителни непца, навечер пред спиење може да ја плакнете устата со раствор од вода и сода бикарбона. Со оглед на тоа што бактериите во устата многу побргу делуваат на киселка пХ вредност, овој раствор тоа го неутрализира.

Се надевам дека оваа статија ви се допадна и пред сѐ ви беше од корист. Дали некогаш имате пробано дел од овие рецепти? Дали досега сте користеле сода бикарбона како главна состојка за вашата убавина и здравје? Секој ваш коментар е добредојден под самиот текст.

До скоро читање.
Вики

Comments