Детокс сапун за длабинско чистење на кожата на Natura Siberica
Здраво драги мои,
во денешнава статија сакам да проговорам за еден производ кој според мене навистина заслужува да биде споменат, со оглед на тоа што ги освои сите можни награди низ светот, односно детокс сапунот на Natura Siberica. Станува збор за еден прекрасен сапун-маска кој длабински ја чисти кожата благодарение на внимателно избраните состојки во него.
Ова е првпат да рецензирам производ од ваков вид, иако во последно време на пазарот се појавија многу производи на база на јаглен како црни маски, сапуни и останато. Многу е важно при изборот да се прави разлика помеѓу еден и друг произво, а разликата пред сѐ ја прави декларацијата (состојките).
Меѓутоа зошто го одбрав токму овој производ? Ајде да ја разгледаме декларацијата и да ви објаснам зошто.
Ingredients (INCI): Aqua, Sorbitol, Sodium Cocoyl Isethionate, Stearic Acid, Coal, Parfum, Hippophae Rhaimnoides Fruit Oil*, Hippophae Rhaimnoidesamidopropyl BetaineHR, Pinus Sibirica Needle ExtractWH, Pineamidopropyl BetainePS, Picea Obovata Needle ExtractWH, Abies Sibirica Needle ExtractWH, Shizandra Chinensis Fruit Extract, Linum Usitatissimum Seed Oil*, Rubus Idaeus Seed Oil*, Rubus Chamaemorus Seed Oil, Betula Alba Sap*, Vaccinium Vitis-Idaea Fruit Extract, Benzyl Alcohol, Dehydroacetic Acid, Potassium Sorbate, Soidum Benzoate. (*)
Issued from organic agriculture (PS) Pinus Sibirica
Seed Oil Derivative
(WH) Wild harvested Siberian plants` organic extracts.
(HR) Wild harvested Altaian seabuckthorn oil Derivative
(WH) Wild harvested Siberian plants` organic extracts.
(HR) Wild harvested Altaian seabuckthorn oil Derivative
0% siliconi 0% BHT-BHA
0% oli minerali 0% PEG
0% parabeni 0% EDTA
0% oli minerali 0% PEG
0% parabeni 0% EDTA
Базата на овој производ е вода, сорбитол и Содиум Кокоул Изетионат кој е всушност сурфактант или измивач. Во видеото ќе ме слушнете кога зборувам за ефектот дека ви велам кожата ја чувствувам хидрирана а не знам зошто...Еве гледајќи ја декларацијава знам зошто.
Сорбитолот кој се наоѓа на втора позиција после водата има огромно омекнувачко и хидратантно дејство и е еднаков на глицеринот. Во комбинација со сурфактантот кој е еден од најблагите сурфактанти во прав погоден за ваков тип на производи (цврсти сапуни или шампони), ја измива кожата меѓутоа истовремено дава ефект на хидрирана кожа која не затега. Исто така сорбитолот доколку се додаде барем 30% во еден производ има функција и на конзерванс и ја оддржува стабилноста на производот (иако во производов е потпомогнат од страна на два конзерванси кои секогаш одат во пар и тоа: содиум бензоат и потасиум сорбат).
Активниот јаглен е една од главните компоненти во овој сапун. Не само што ја дава црната боја на производов, туку и има одлично прочистувачко дејство врз кожата. Активниот јаглен претставува еден вид на магнет кој ги апсобрира (ги влече кон себе) сите нечистотии, вишок на себум и токсини од кожата. После базата започнуваат сите прекрасни масла и сибирски екстракти кои може да ги најдете само во овој производ.
Да започнеме со маслата кои се присутни во овој прекрасен производ, односно: атлајски трн, масло од ќедар и шишандра.
Маслото од атлајски трн е богато со витаминте А, Б, Ц, Е и П (особено високо присуство на витаминот Ц). Одлично ја омекнува кожата, го враќа тонусот и ја зголемува еластичноста на самата кожа.
Маслото од ќедар има антисептичко и тонифицирачко дејство врз кожата. Хидрира и го зајакнува заштитниот филм на кожата.
Оригиналното име на биката Шисандра е Wu Wei Zi кое во превод значи билка со 5 вкуса. И навистина ова растение е истовремено слатко, солено, кисело, лутко и малку пецка (ако може така да се изразам). Во козметички цели има огромно заштитно дејство врз кожата од надворешните влијанија.
Од екстракти употребени се: нордиска капина, црвена боровинка, бреза и бор.
Овој производ не се користи секојдневно туку дапати неделно за длабинско и темелно чистење на кожата. Погоден е за скоро секој тип на кожа, со оглед на тоа што ја остава мека и хидрирана.
Има навистина прекрасен мирис на билки кој не е многу нападен, и многу густа структура. Се нанесува на сува кожа со помош на сунѓерчето кое треба да биде мокро. Доколку сакате да дознаете како правилно да го нанесете на лицето и каков ефект дава врз кожата, ви советувам да го погледнете видеото кое го направив специјално за сите вас.
Меѓутоа, тука не завршува сѐ...Оставете коментар од ваше лично искуство со некој од производите на Natura Siberica...следува изненадување за најинтересниот и најинспиративниот коментар!!!
Ве гушкам
Вики
Каде може да се набави овај производ ?
ReplyDeleteПроизводов може да се најде во ДМ маркетите, продавниците на Космо и приватните аптеки низ републикава. Поздрав.
Delete