Правилен избор на камена пудра и пудра во прав


Здраво драги мои,

многу имам говорено за течните пудри, како да ги избереме, што треба дефинитивно да избегнуваме и.т.н. Овојпат ќе говорам за камените пудри и пудрите во прав. Дали се сите исти? Дали имаат ист ефект врз кожата???

Одговорот е не. Овој вид на пудри  може да имаат различно дејство врз кожата и да одговараат за различен тип на кожа како на пример: масна, нормална, нежна и.т.н. Најважно е најнапред да сфатиме што ни е потребно од една пудра во прав или камена пудра:

- поголема покривност;
- поголемо апсорбирачко дејство;
- свиленкаст финиш;
- природен изглед;

Откако ќе тргнеме со една јасна идеа што е она што сакаме да го добиеме како ефект, втор чекор е да ги гледаме состојките во самиот производ (како и секогаш нели :)). Обично овој тип на пудри содржат микс на прашкасти состојки кои се во прашкаста форма во пудрите во прав, а компатирани (притиснати) во компактните пудри. Внимавајте на овие вториве, затоа што многу често може да се најде и по некој “залутан“ или подобро кажано скриен силикон.

Различни прашкасти состојки имаат различно дејство и ефект врз кожата. Ајде подобро да ги разгледаме сите состојки во зависност од намената.



1. Пудра со поголема покривност

Доколку вашата цел е да земете камена пудра или пудра во прав која истовремено ќе биде доста покривна, потребно е во декларацијата да има висок процент на цинк оксид (zinc oxide) и титаниум диоксид (titanium dioxide), а помал процент на калциум карбонат (calcium carbonate) и цинк стереат (zinc stereate).  

2. Пудра со поголема апсорбирачка моќ (идеална за масна кожа)

Поголемиот дел на девојки бираат ваков тип на производи поради големата апсорбирачка моќ која ја имаат (секако доколку ги имаат вистинските состојки), затоа што на некој начин не само што ја фиксираат течната пудра под нив, туку и го апсорбираат виокот на маснотии и даваат мат изглед.

Доколку сте во потрага по еден таков производ во тој случај декларацијата треба да ги содржи следниве состојки:

- на прво место како дефинитивно најапсорбирачко е нишестето или скробот кој во декларацијата ќе го најдете како starch. Има неверојатна способност да апсорбира вишок на маснотија од лицето, без воопшто да ги запуши порите. Други состојки кои треба да бидат присутни во поголема количина се белата глина или каолин (caolin) и цинк оксидот (zinc oxide). 

Еден интересен факт на кој наидов е дека пудрите кои содржат висок процент на талк се помалку апсорбирачко од оние со нишесте. Зошто е тоа така? Нишестето има за нијанса поголема грануларна структира од талкот. Останува на површина на кожата не ги запушува порите и апсорбира не само вишок на себум, туку и вишок на влага.

Предлог за една одлична декларација со ваков вид на ефект кој не само што апсорбира, туку дава и свиленкаст ефект (за кој ќе говориме во продолжение) е пудрата во прав на Др. Хаушка која моментално ја користам и од која премногу сум задоволна.



Ingredients: Manihot Utilissima (Tapioca) Starch, Silk (Serica) Powder, Mica, Diatomaceous Earth (Solum Diatomeae), Anthyllis Vulneraria Extract, Hydrated Silica, Hamamelis Virginiana (Witch Hazel) Bark/Leaf Extract, Camellia Sinensis Leaf Extract, Fragrance (Parfum)*, Limonene*, Linalool*, Citronellol*, Geraniol*, Coumarin*, Citral*, Benzyl Benzoate*, Farnesol*, Eugenol*, Benzyl Salicylate*, Silica, Iron Oxides (CI 77491, CI 77492, CI 77499). 


3. Пудра со свиленкаст ефект која се слева со кожата

Возможно е да се најде пудра во прав или камена пудра која компетно ќе се слее со кожата за природен свиленкаст ефект? Секако. Во тој случај бирајте производи кои содржат поголем процент на следниве состојки: каолин (Kaolinite , caolin), нишесте (starch),калциум карбонат (calcium carbonate), калциум магнезиум (calcium magnesium) и бентонит (bentonite).  

Пример на пудра во прав со овој ефект е онаа на Alverde Mineral Powder

Ingredients: Kaolin, Mica, Zinc Stearate, Silica, Magnesium Silicate, Prunus Armeniaca Kernel Oil*, Isoamyl Laurate, Tocopherol, Tourmaline, Aloe Barbadensis Leaf Juice Powder*, Helianthus Annuus Seed Oil, Ascorbyl Palmitate, Parfum**, [+/- CI 77891, CI 77499, CI 77492, CI 77491, CI 77163]


На почетокот ви нагласив да внимавате на скриените силикони во компактните пудри затоа што кога ги компактираат со останатите прашкасти состојки, овие прават запушување на порите и имаат филмантно дејство што значи дека го оставаат себумот заробен во порите, и наместо да го апсорбираат не му даваат да излезе.

Се надевам дека овој краток водич за избор на пудрата во прав и компактната пудра ви беше од корист. Јас ве гушкам силно силно, а ни се читаме многу наскоро со нова интересна статија.


Вики
 

Comments