Помлада и поубава кожа со шеа путер


Здраво драги мои,

во денешнава статија ќе говориме за една од најкомплетните по состав состојки, која природата ни ја дава не само за нега на кожата туку и косата, односно шеа путерот или ши путерот (мене шеа ми е некако поубаво за пишување иако се изговара ши).

Шеа претставува дрво кое природно расте во Африка во зоната помеѓу Нил и Сенегал, а плодовите од него сеуште се собираат рачно во месеците март и април, се сушат и рачно се толчат со цел да се добие чист и природен производ односно шеа путерот. Овој путер содржи состојки кои одлично ја оддржуваат еластичноста на кожата и е богат со витамините А, Б, Е, Ф. Самото дрво се нарекува “дрво на здравје и младоста“ токму поради тоа што еа путерот придонесува за помлада, поздрава и поубава кожа.

Африканските жени кои се познати по меката, свиленкаста и мазна кожа, со генерации го употребуваат овој путер како единствена состојка за нега на кожата, не само за да ја оддржат кожата поеластична, туку и за да ги намалат штетните ефекти на сончевите зраци. И навистина скоро сите органски креми за заштита од сонцето покрај физичките филтри обавезно употребуваат и шеа путер токму поради оваа причина.

Во оваа статија би сакала да ви го претставам шеа путерот на Institute Organica. Станува збор за еден чист производ кој е само за надворешна употреба. Го испробав за многу нешта и мене навистина ми се допадна.



Има убава структура (со средна цврстина, карактеристична за шеа путерот) која во допир со кожата под дејство на телесната топлина многу брзо се топи. Комплетно е без мирис, односно не се додавани никакви парфеми или ароми, па затоа е погоден дури и за најчувствителната кожа.



Пакувањето на овој производ е навистина многу интересно, доаѓа во слатко пластично кутивче од 50 мл. со мала книгичка со рецепти за употреба. 

Овој производ има повеќе од една намена и може да го користите како:

Крем за сува кожа;
Производ за намалување на борите на лицето;
Крем за нега на кожата околу очите;
Балзам за уста;
Крем за нега на кожата на телото по изложувањето на сонце;
Третман за сува коса пред шампонирање;
Производ за заштита од испукување на врвовите на косата;
Производ за заштита од фенирање и за стајлинг на косата;
Крем за нега на детската кожа;


За вас подготвив едно специјално видео каде објаснувам на кои сѐ начини може да го користите шеа путерот, односно ќе ви дадам дури 12 употреби на оваа состојка.

Со оглед на тоа што го заборавив делот за косата, дозволете ми само да напоменам дека доколку го користите како маска за коса, нанесете го на благо навлажнета коса по должината, ставете ќеса и пешкир и оставете да делува најмалку половина час. Потоа измијте со убав природен шампон. Како производ за заштита на косата од фенирање или за стајлинг, нанесете ептен мала количина само на врвовите на мокра коса пред сушењето со фен, или на сува коса за полесно да ја обликувате.

Исто така во видеото заборавив да напоменам дека шеа путерот е одличен и како третман против флеки на кожата. Со редовна употреба ќе видите подобрување. Со овие додатоци стигнавме до 15 употреби на шеа путерот.

Јас сега ве оставам да го изгледате видеото.


Дали досега сте пробале шеа путер како дел од вашата секојдневна нега. Како вие најчесто ја користите оваа состојка?

Поздрав
Вики
 

Comments

  1. Zdravo Viki, kade moze da se najde ovoj puter i kolku cini ?Pozdrav i ubav den :)

    ReplyDelete
    Replies
    1. Драга Јулија, може да го најдеш во Космо и цената е 350 денари. Поздрав.

      Delete
  2. Replies
    1. Во секое време драга. Благодарам и на тебе. Поздрав :)

      Delete
  3. Здраво Вики, дали може да се користи путерот како основа пред шминкање или ги затвора порите како кокосовото масло? Пудрата која моментало ја користам многу брзо се суши и ми треба некоја помасна основа да се нанесе подобро. Поздрав :-)

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво драга, секако дека може да се користи. Што се однесува до фактот дали затвора пори или не, не можам да коментирам затоа што е индивидуално и различно за секоја кожа. И кокосовото масло не може да се генерализира како комедогено, бидејки кај некого затвора пори, а кај друг одлично делува. Мој совет ти е да пробаш и да видиш како твојата кожа ќе реагира на овој производ. Јас го користев летоска извесен период и без разлика на тоа што имам комбинирана кожа, не ми предизвика никаков проблем со затворање на пори. Поздрав.

      Delete
  4. Zdravo Viki me interesira dali osven shea puterot vo kremava ima dopolnitelni ingredients sostaveni od bilo kakvi masla?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Се извинувам што одговарам сега, меѓутоа за жал не ми стогна известување дека сте коментирале. Овој шеа путер е чист без никаков додаток. Поздрав

      Delete

Post a Comment