Домашен гел за убод од комарци


Здраво драги мои,

во неколку претходни статии ви имам дадено природни рецепти за производи за заштита од комарци, меѓутоа многумина од вас во текот на изминатиов период ме прашаа: “а што да нанесуваме по убод од комарец“????

Доколку и вие ја имате истата проблематика, продолжете да читате, затоа што ќе ви предложам едно многу лесно и доста ефикасно домашно средство кое може да го нанесете по убодот од комарец. Многу е важно да нагласам дека овој производ не се нанесува како превенција од комарци на цело тело, туку само на местото од убод на комарецот.

Има големо антисептичко и антибактериско дејство, ја омекнува и смирува кожата и го намалува чешањето во тој предел. Дава инстантно олеснување и помага во намалување на црвенилото.

За подготовка на овој производ потребни ви се:


1 ипол супена лажица алое вера гел;
2 кафени лажички масло од невен (или друго по ваш избор);
9 капки етерично масло од лаванда;
8 капки етерично масло од чајно дрво

Алое вера гелот има големо хидратантно и смирувачко дејство врз кожата и одлично помага во случај на иритации. Невеновото масло е одлично кога станува збор за иритирана кожа (на пример по убод) ја смирува кожата и има ленитивно дејство.

Етеричното масло од лаванда има смирувачко дејство, а етеричното масло од чајно дрво има големо антисептичко и антибактериско дејство.


Детална постапка за подготовката на овој производ може да ја видите во ова видео:


Поздрав
Вики

Comments