Разбудете ја вашата кожа со производите со витамин Ц на Urtekram


Здраво драги мои,

убавите сончеви денови ќе бидат сѐ помногубројни и со надоаѓањето на летната сезона потребно е да промениме нешто во негата на кожата. Јас секогаш препорачвам производи на база на втамин Ц како еден начин на будење и нега на кожата во пролетниот и летниот период, од проста причина што ја држи под контрола металопротеазата, односно оние ензими кои ги уништуваат нашиот колаген, еластин и хијалуронска киселина. Нивото на овие металопротеази се зголемува под дејство на слободните радикали (оксидативниот стрес) и сончевите зраци. Витаминот Ц е во состојба да го контролира ова зголемување на металопротеазите. Витаминот Ц понатаму е компатибилен со кремите за заштита од сонцето. ркогаш кога ме прашуваат дали витаминот Ц смее да е корити во текот на летниот период, ја секогаш велам „не само што може туку мора“, со оглед на тоа што кремите за заштита од сонцето обичо немаат специфично дејство против слободните радикали (нивната примарна функција е заштита од сончевите зраци). Токму затоа, доколку витаминот Ц се нанесе пред заштитниот крем, го подобрува дејството на истиот, односно е во синергија (склад) со него;

Токму затоа во оваа статија би сакала да ви предложам два производи на база на Ц витамин, серум и крем од марката Уртекрам, или поточно од линијата Narcissa. Стануза збор за два прекрасни и многу валидни производи кои ги тестирав во изминативе 3 недели.

Серум за лице со витамин Ц     

                                                                                                                                                                      Овој серум за лице според мене е еден од најисплатливите, а истовремено многу функционални производи кај нас на пазарот. За разлика од другите серуми кои доаѓаат во пакување од 30 или 50 мл. овој доаѓа во пакување од 100 мл. што значи дека ќе ви трае цел летен период. Декларацијата е следна: 

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE*, GLYCERIN, CETEARYL ALCOHOL, ASCORBYL GLUCOSIDE, SODIUM HYALURONATE, HEXAPEPTIDE-11, TERMINALIA FERDINANDIANA FRUIT EXTRACT, PODOCARPUS ELATUS FRUIT EXTRACT, PLEIOGYNIUM TIMORENSE FRUIT EXTRACT, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER, LEUCONOSTOC/RADISH ROOT FERMENT FILTRATE, CHONDRUS CRISPUS POWDER, XANTHAN GUM, SHEA BUTTER ETHYL ESTERS, CETEARYL OLIVATE, SORBITAN OLIVATE, BRASSICA CAMPESTRIS SEED OIL*, HELIANTHUS ANNUUS HYBRID OIL*, CITRIC ACID, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, PARFUM, GERANIOL, LINALOOL, LIMONENE, CITRONELLOL, CI 77491. *

(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

Како што може да забележите од формулата овој прозвод има лесна текстура (благодарение на базата на алое вера гел, глицерин и витамин Ц во стабилна форма ascorbyl glucoside), кој освен лесната текстура дава и хидратантна моќ на производот. Ова може да го видиме од комбинацијата на овие водени состојки со маслените состојки од кои во голем дел зависи и хидратантната моќ на еден производ. Во формулата може да се забележи комбинација на шеа путер, сончогледово масло, масло од маслодајна репка итн. За комплетирање на формулата производителот ставил одлични екстракти и активни функционални состојки како екстракти од ферментирана слива, пептиди (кои се одлични во комбинација со вит. Ц за повозрасна кожа) и хијалуронска киселина. 

Го препорачувам за сите типови на кожа, поради лесната структура, меѓутоа како возраст за жените од 40+ поради пептидите и комбинацијата на состојки. Одичен е бидејки истовремено ја зголемува правилната хидратација на кожата, има антиоксиданднто дејство (против слободните радикали) и секако анти ејџ дејство, односно ја подобрува еластичноста на кожата. Цената на овој производ е 1.065 мкд, меѓутоа како што кажав претходо станува збор за производ од 100 мл. така да долго че ви трае (вреди да се инвестира во кожата). Овој серум може да го нарачате онлајн на www.bellina.mk или да го купите во некој од нивните БиоШоп.

Крем за лице со витамин Ц

За комплетна нега на лицето, препорачувам серумот да го комбинирате со кремот од истата линија. Може слободно да ги користите двапати дневно на убаво исчистено лице (наутро и навечер).

Кремот со витамин Ц има за нијанса погиста стрјтура од серумот, меѓутоа во никој случај не масти и не ја отежнува кожата на лицето. 

INGREDIENTS: AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE*, CAPRYLIC/ CAPRIC TRIGLYSERIDE, CETEARYL ALCOHOL, GLYCERIN, POLYGLYCERYL-3 DICITRATE/STEARATE, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER, HYDROGENATED ETHYLHEXYL OLIVATE, BRASSICA CAMPESTRIS SEED OIL*, ASCORBYL GLUCOSIDE, BETAINE, TERMINALIA FERDINANDIANA FRUT EXTRACT, PLEIONGYNIUM TIMORENSE FRUIT EXTRACT, CHONDRUS CRISPUS POWDER, HYDROGENATED OLIVE OIL UNSAPONIFIABLES, XANTHAN GUM, BENZYL SALICYLATE, CETEARYL GLUCOSIDE, POTASSIUM SORBATE, SODIUM BENZOATE, GERANIOL, CITRINELLOL, LINALOOL, LIMONENE, PARFUM, CL 77491. *

(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

Од формулата може да забележиме дека по алое вера гелот следува масло (каприлик каприк) кое како структура е доста лесно, потоа цетеарил алкохол кој служи за да се корегира густината на еден производ (се користи и како ко-емулгатор) заедно со главниот емулгатор POLYGLYCERYL-3 DICITRATE/STEARATE. Во овој прозвод како маслена фаза има шеа путер, маслиново масло, асло од маслодајна репка кој го прават самиот прозвод за нијанса похранлв, мешутоа убаво се искомбинирани да дадат зголемена хидратација (во комбинација со водената фаза) без притоа да го отежнат дејството на производот. Како екстракти содржи екстракт од какаду слива.

Со оглед на тоа што овој производ не содржи пептиди, погоден е за сите возрасти и секако сте типови на кожа. 

Цената на овој прозвод е 1.175 мкд и истиот може да го нарачате онлајн на www.bellina.mk или да го купите во некој од нивните БиоШоп.

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист. Ние се читаме наскоро.

Поздрав

Вики

Comments

  1. Ова сведоштво го споделувам со партнерите кои страдаат во нивните врски бидејќи постои трајно решение. Мојот сопруг ме остави мене и нашите две деца за друга жена три години. Се обидов да бидам силна само за моите деца, но не можев да ја контролирам болката што го мачеше моето срце. Бев повреден и збунет. Ми требаше помош, па истражував на интернет и наидов на една страница каде што видов дека д-р Елен, која работи на правопис, може да помогне да се вратат саканите. Ја контактирав и таа ми направи посебна молитва и магии. На мое изненадување, мојот сопруг повторно се врати дома по 2 дена. Така се обединивме и имаше многу љубов, радост и мир во семејството. Можете исто така да контактирате со д-р Елен, моќен магија за решенија
    1) Врати се дечко
    2) Повторно обединете маж или жена
    3) Ако имате кошмари
    4) Исцелување на ХИВ и рак
    5) Моќен магичен прстен
    6) Магија за среќа
    7) Раскинување на опсесијата
    8) Проблеми со породувањето и бременоста
    9) среќен лотарски број
    Контакт преку е-пошта: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да го Whatsapp +2349074881619

    ReplyDelete

Post a Comment