Совршено чисти бели алишта cо средствата на Organic People


 Здраво драги мои,

сите оние кои се грижат за природата и околината која не опкружува се во постојана потрага по еколошки средства за оддржување на хигиената во домовите, особено кога станува збор за средства наменети за перење на алишта. Честопати се наоѓаме во недоумница што да одбереме и дали и колку производот кој сме го одбрале е навистина еколошки. Еден голем проблем е што одредени производи кои се декларираат како еколошки воопшто и не се, а од друга страна пак одредени еколошки производи не измиваат или чистат толку добро како традиционалните.

Во денешнава статија ќе ви дадам совети како да препознаеме еден добар и истовремено ефикасен производ, без залудно да потрошиме пари за нешто кое потоа нема да го даде посакуваниот ефект.

Да започнеме од фактот дека не постои 100% еколошки производ кој нема да има никаков импакт врз околината (не зборувам за формулата на производот туку за импактот врз околината). Токму затоа потребно е да прoнајдеме еден компромис помеѓу квалитет, состојки и ефикасност со цел да добиеме производ кој е еколошки и со многу понизок импакт на загадување во споредба со традиционалните средства за хигиена.

Кога бираме поризводи од овој вид, прво нешто на кое треба да внимаваме е сертификатот на самиот производ. Верувајте ми постојат производи кои ги претставуваат како еколошки, па дури велат и дека се сертифицирани, а на самиот производ не се наоѓа никаков сертификат, ниту пак името на производот стои во листата на сертифицирани производи од страна на самиот сертификатор. Како најсигурни и најсериозни сертификатори за еколошки средства за хигиена особено се издвојуваат два и тоа: Ecolabel и ICEA кои се единствени во Европа кои прават ефективни тестови на перење на алишта со цел да ја утврдат ефикасноста и импактот на производот.

Ајде сето ова да го разгледаме по пат на конкретни примери. Во денешнава статија би сакала да ви предложам два неизбежни производи за миење на алиштата, односно детергентот за бели алишта и омекнувачот од марката Organic People специјално креирани за нега и ефикасно перење на алишта.

Овие производи го носат сертификатот на ICEA Eco Bio Cleaners пто значи дека одреден дел од состојките се од органско потекло. Самиот сертификат е гаранција дека производот е тестиран од аспект на ефикасност во перењето на алиштата. Јас лично ги тестирав и еве го моето мислење за истите.

1. Детергент за бели алишта


Мора да признаам дека овој детергент пријатно ме изненади. Од една страна очекував одличен перформанс, познавајќи ја марката (во минатото имам користено други произвди од овој вид од истата марка), меѓутоа сепак белите алишта се најспецифични и најтешки за оддржување и изборот на витинско средтсво е од огромна важност. Ова средство содржи ектракт од органки воден божур чии киселини нежно ги избелуваат алиштата без притоа да го оштетат материјалот.
Јапонскиот ориз соджи ферменти кои нежно и ефикасно ги отстрануваат флеките од материјалите. Формулата е биоразградлива и пријателска за околината. 


Ова средство е погодно како за машинско така и за рачно перење. Се употребува на тој начин што во делот за детергент во машината се става околу 60 мл. од производот. Во случај на тешки флеки ставете 100 мл. производ. За рачно перење ставете 60 мл. во 5 литри топла вода и оставете алиштата да покиснат околу 15 минути. Исперете и убаво исплакнете.
Овој производ доаѓа во пакување од 1 литар по цена од 615 мкд и може да го купите онлајн на bellina.mk или во некој од нивните БиоШоп.

2. Омекнувач на алишта од портокал и цитрон


Обично не користам омекнувач за алишта со оглед на тоа што ме нервира оној слој кој е залепен на алиштата по перењето (не знам дали сте забележале на пример пешкирите од меки стануваат тврди), меѓутоа бев љубопитна да го пробам овој и да видам каков ќе биде ефектот врз алиштата. Најнапред ми се допаѓа мирисот каде навистина се чувствуваат природни етерични масла со цитрусна нота, наспроти хемиски мириси во класичните комерцијални производи. 

Ми се допадна фактот што алиштата ги остава меки и благо мирисни, а исто така и лесни за пеглање (нешто што воопшто не е за потценување). 99‚% од отојките во овој производ се од природно потекло, додека 20% е од органско потекло. Доаѓа во пакување од 1 кг. по цена од 360 мкд. и истиот може да го нарачате онлајн на bellina.mk или во некој од нивните БиоШоп.

Драги мои јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист.
Се читаме наскоро.
Ве гушкам
Вики

Comments

  1. Ова сведоштво го споделувам со партнерите кои страдаат во нивните врски бидејќи постои трајно решение. Мојот сопруг ме остави мене и нашите две деца за друга жена три години. Се обидов да бидам силна само за моите деца, но не можев да ја контролирам болката што го мачеше моето срце. Бев повреден и збунет. Ми требаше помош, па истражував на интернет и наидов на една страница каде што видов дека д-р Елен, која работи на правопис, може да помогне да се вратат саканите. Ја контактирав и таа ми направи посебна молитва и магии. На мое изненадување, мојот сопруг повторно се врати дома по 2 дена. Така се обединивме и имаше многу љубов, радост и мир во семејството. Можете исто така да контактирате со д-р Елен, моќен магија за решенија
    1) Врати се дечко
    2) Повторно обединете маж или жена
    3) Ако имате кошмари
    4) Исцелување на ХИВ и рак
    5) Моќен магичен прстен
    6) Магија за среќа
    7) Раскинување на опсесијата
    8) Проблеми со породувањето и бременоста
    9) среќен лотарски број
    Контакт преку е-пошта: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да го Whatsapp +2349074881619

    ReplyDelete

Post a Comment