Смирувачка пигментирана крема против црвенила на лицето од марката Jonzac


Здраво драги мои,

оваа статија ја пишувам со огромно задоволство за сите оние кои имаат пречувствителна кожа со црвенила и флеки каде ќе препорачам производ  кој не само што ќе ги прикрие несовршеностите, туку ефективно делува и врз самата проблематика. Убаво прочитавте, овој производ е два во еден: благодарение на својот состав ја зајакнува бариерата на хиперчувствителната кожа склона кон црвенила и флеки, а од друга страна, истовремено, благодарение на пигментите во самата формула го изедначува колоритот на кожата и ја прави самата кожа посјајна, поубава и поздрава.

 Станува збор за прекрасниот крем од органската марка која се базира врз термална вода, односно Жонзак. Ајде најдапред да ја разгледаме декларацијата на овој производ, а потоа при крајот на статијата ќе може да видите едно кратко видео од апликацијата и ефектот врз кожата.

    AQUA /WATER/EAU, HAMAMELIS VIRGINIANA (WITCH HAZEL) LEAF WATER*, COCO-CAPRYLATE/CAPRATE, DICAPRYLYL ETHER, CI 77891 (TITANIUM DIOXIDE), DICAPRYLYL CARBONATE, POLYGLYCERYL-2 DIPOLYHYDROXYSTEARATE, HYDROGENATED CASTOR OIL, GLYCERIN, CI 77492 (IRON OXIDES), ACACIA DECURRENS/JOJOBA/SUNFLOWER SEED WAX POLYGLYCERYL-3 ESTERS, BUTYROSPERMUM PARKII (SHEA) BUTTER*ORYZA SATIVA (RICE) POWDER*POLYGLYCERYL-3 DIISOSTEARATE, MAGNESIUM SULFATE, SEA SALT, SODIUM LEVULINATE, CI 77491 (IRON OXIDES), TRIHYDROXYSTEARIN, SODIUM BENZOATE, GLYCERYL CAPRYLATE, GLYCERYL UNDECYLENATE, CI 77499 (IRON OXIDES)GLYCERYL STEARATE CITRATELACTIC ACID, HYDROGENATED LECITHIN, POLYGLYCERYL-3 STEARATE, PHYTOSPHINGOSINE**,
    CHLORELLA VULGARIS EXTRACT, SODIUM LAUROYL GLUTAMATE, GINKGO BILOBA LEAF EXTRACT*, LYSINE, TOCOPHEROLXANTHAN GUM, MAGNESIUM CHLORIDE,
    HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) SEED OILGLYCINE SOJA (SOYBEAN) OIL


    На прва позиција може да забележиме термална вода после која следи хидролат од хамамелис. Оваа комбинација е одлична за чувствителна кожа со оглед на тоа што темалната вода има смирувачко дејство, а хидрлолатот од хамамелис има регенеративно дејство врз кожата. Комбинацијата на масла со различна густина прави да кремот има лесна структура која истовремено помага во задржување на правилната хидратација на кожата. Понатаму се забележува присуство на  хлорела и вулканска глина кои додатно ја збогатуваат формулата. Екстрактот од гинко билоба и бел слез имаат смирувачко дејство врз кожата и се одлични во случај на црвенила. Пигментите приутни во самиот крем го изедначуваат тенот и даваат здрав изглед на самата кожа.

Лесната структура на производот дава пријатно чувство врз кожата и формира еден вид на заштита од надворешните влијанија, особено од студот во овие ладни денови каде температурите одат под нулата. 

Верувајте ми јас се заљубив во овој производ и ми стана фаворит за овој период. Го препорачувам и на оние од вас кои немаат чувствителна кожа, меѓутоа сакаат производ кој најнапред ќе ја негува кожата во овие зимски денови, а потоа и ќе делува како ББ крем, односно ќе го изедначи тенот и ќе даде здрав изглед на кожата.

Како што претходно напоменав ви подготвив видео во кое ќе ви го покажам ефектот од производот врз кожата.

Да напоменам за крај дека овој производ може да го најдете онлајн на сајтот на bellina.mk (како и во некој од нивните БиоШоп) по цена од 1.045 мкд кој доколку се земе квалитетот и ефектот на самиот производ навистина вреди секој денар. Драги мои, јас се надевам, дека оваа статија ви е допадна и ви беше од корист. Доколку е тоа така, ставете лајк, оставете ваш коментар и споделете ја на вашите социјални мрежи и фејсбук профили. Ние се читаме наскоро со нови интересни статии.

Ве гушкам.

Вики

Comments