Три пасти за три различни проблематики на забите

 


Здраво драги мои,

во една од постарите статии во кои говорев за оралната хигиена и важноста на избор на добра паста за заби беше истакнато дека иако навидум наивна процедура, редовното миење на забите е особено важен дел од оралната хигиена на секој поединец. Редовното и детално чистење на забалото овозможува здрава средина, а со тоа превеција од појава на болести на забите и нивниот потпорен апарат (гингивата, коската и околното ткиво). Порано под орална хигиена стоматолозите сугерираа чистење на забите 2 пати во денот, наутро и навечер пред легнување. Современите истражувања покажаа дека бактериите кои потекнуваат од храната делуваат најинтензивно по завршување на оброкот. Тогаш е и најголемиот ризик од појава на кариес. Така да, секогаш кога е возможно, најдобро би било доколку забите се мијат по секој оброк.

Сфаќаме дека од огромна важност е хигиената на забите, и токму затоа многу се важни и производите кои ќе ги одбереме за таа намена. На пазарот се нудат голем број на разни пасти за миење на забите од многу различни марки, меѓутоа не се сите исти. Со оглед на тоа што пастата е производ кој доаѓа во допир со устата, односно со внатрешноста (не е производ кој само го мачкаме надворешно) од огромно значење е истата да содржи само природни состојки и да биде безбедна за користење. Токму затоа во оваа статија јас ќе ви предложам една прекрасна органска марка на пасти за заби со навистина фантастична декларација, односно пастите за заби на Recipes of Babuhka Agafia.

Овој тип на пасти за заби има навистина одлично елаборирана формула со цел да обезбеди комплетна но што поприродна орална хигиена во зависност од проблемот кој го имате. 

Започнувам од онаа која јас прва ја пробав со оглед на тоа што имам многу чувствителни непца кои со несоодветна паста лесно крварат, односно пастата со мед и прополис специјално наменета за оваа проблематика. 

Во здрава уста, изгледот на гингивата  е со бледо розева боја, таа просторите помегу забите го исполнува во вид на мали тиаголници и целосно има  изглед налик на кора од портокал. Но при воспалување на непцата, таа видливо се менува. Промената се забелжува првично со промена на бојата. Воспаленото непце нема повеќе розева боја. Таа е интензивно зацрвенета, а понекогаш дури и модра. Друг знак е обликот на непцето помегу забите (интерденталната папила). Таа кај здрави непца е во вид на мали триаголниви кои при воспалението го менуваат својот облик и отекуваат. Имаат изглед на зрно од грозје, отечени, често пати болни на допир и крварат. При тоа видлива е промената во естетскиот изглед на пациентот. Трет знак кој ни укажува на воспаление на непцето (гингивитис) е крварењето на непцата. При било каква провокација со храна, четка, допир крварат многу лесно, а во потешки случаи и спонтано.

Пастата за заби со мед и прополис има навистина едноставна а истовремено моќна комбинација на состојки кои на нежен начин ги чистат забите без притоа да ги иритираат непцата, а воедно ја спречуваат и можноста за крварење. 


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, HYDRATED SILICA, GLYCERIN, HYDROGENATED STARCH HYDROLYSATE, SODIUM COCO-SULFATE, CELLULOSE GUM, MEL*, PROPOLIS EXTRACT, SALVIA OFFICINALIS LEAF EXTRACT*, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL*, STEVIA REBAUDIANA EXTRACT, MALTODEXTRIN, ZINC CITRATE, MENTHOL, MENTHYL LACTATE, XANTHAN GUM, BENZYL ALCOHOL, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, AROMA, CITRIC ACID, CI 77492, CI 77491, CI 77499, LIMONENE. (* = состојки од органско потекло, ** = составено од органски состојки)

Моќта на чистење ја има силиката која е потпоогнатаод мало присуство на сурфактант во случајов содиум коко сулфат. Содржи мешавина од мед, прополис и жалфија кои се од непроценлива важноста за здрави непца и чисти заби.

Оваа паста ја користам веќе месец дена и навистина сум презадоволна.

За сите оние кои сакаат бела насмевка и убави сјајни заби, на помош доаѓа пастата за избелување од истава марка со сок од бреза, активен јаглен и екстракт од камилица.



СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, HYDRATED SILICA, GLYCERIN, HYDROGENATED STARCH HYDROLYSATE, SODIUM COCO-SULFATE, XYLITOL, BETULA ALBA JUICE*, BETULA ALBA BUD EXTRACT*, CHARCOAL POWDER, CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER EXTRACT*, STEVIA REBAUDIANA EXTRACT, POTASSIUM CITRATE, ZINC CITRATE, MENTHOL, MENTHYL LACTATE, CELLULOSE GUM, XANTHAN GUM, BENZYL ALCOHOL, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, AROMA, CITRIC ACID.

 Базата на оваа паста е слична на онаа претходната, меѓутоа секако се менуваат екстрактите.За избелувачкото дејство е заслужен актовниот јаглен, кој има огромна моќ за бели и убави заби. Екстрактот од камилица има смирувачко дејство, а сокот од бреза помага да се добие една комплетна формула за здрава орална хигиена.

Третата паста од оваа марка е наменета за сите оние кои имаат проблем со забни наслаги и сакаат производ кој секојдневно ќе ја подобри и ооддржи здравата состојба на забите. 

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, HYDRATED SILICA, GLYCERIN, HYDROGENATED STARCH HYDROLYSATE, SODIUM CHLORIDE, SODIUM COCO-SULFATE, CELLULOSE GUM, CHARCOAL POWDER, MARIS SALT, SODIUM BICARBONATE, ZINC CITRATE, VOLCANIS ASH, DASIPHORA FRUTICOSA EXTRACT *, JUNIPERUS SIBIRICA NEEDENTLE EXTRACT * MENTHYL LACTATE, XANTHAN GUM, BENZYL ALCOHOL, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, AROMA, CITRIC ACID.

Оваа паста е комбинција на многу убави состојки кои помагаат при оваа проблематика како активен јаглен, вулкански прав, морска сол и екстракти како оној од сибирски бор, нежно ги мие забите го спречува таложењето на наслагите и истовремено придонесува за побели заби.



Драги мои која и паста да ја одберете од овие три верувајте ми нема да погрешите. Станува збор за производи со одлични декларации и состојки кои на најприроден можен начин ќе се погрижат за правилната орална хигиена.

Јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист. Ние се читаме наскоро.

Поздрав

Вики

Comments