Рецензија на тоник за лице од органската марка Dr. Konopka's

Здраво драги мои,

во денешнава статија би сакала да ви претставам два прекрасни производи кои може да ги вметнете во вашата секојдневна рутина за нега на кожата на лицето и деколтето, односно тониците на органската марка Dr. Konopka's. Ова е една од моите омилени марки на козметика кои содржат малку состојки (одлично одбрани и искомбинирани), одлични формули и имаат фантастичен перформанс и ефект врз кожата. Ајде да ги разгледаме заедно.

Тоник за лице Age Defining Dr. Konopka's




Дефинитивно еден од најдобрите тоници кои сум ги пробала досега. Го користам наизменично со оној за хидратација од истава марка кој ќе го рецензирам во продолжение. Станува збор за еден производ со многукратно дејство врз кожата:

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, MELILOTUS ALBUS FLOWER/LEAF/STEM EXTRACT*, SECALE CEREALE SEED EXTRACT*, AMARANTHUS SPINOSUS SEED OIL*, CEDRUS ATLANTICA WOOD OIL*, LINUM USITATISSIMUM SEED OIL*, RIBES NIGRUM LEAF WATER*, CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER WATER*, ANTHEMIS NOBILIS FLOWER EXTRACT*, RUBUS IDAEUS FRUIT EXTRACT*, RUBUS IDAEUS SEED OIL*, CAMELLIA OLEIFERA SEED OIL*, ROSA CANINA FRUIT OIL*, ROSA CANINA FRUIT EXTRACT*, CAPRYLYL/CAPRYL WHEAT BRAN/STRAW GLYCOSIDES, FUSEL WHEAT BRAN/STRAW GLYCOSIDES, POLYGLYCERYL-5 OLEATE, SODIUM COCOYL GLUTAMATE, GLYCERYL CAPRYLATE, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, BENZYL ALCOHOL, DEHYDROACETIC ACID, CITRIC ACID.
(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

Од самата декларација може да забележиме дека овој производ содржи билни екстракти и масла во комбинација со комплекс на антиоксиданси, витамини и минерали кои се од основно значење за задржување на младешка, хидрирана и убава кожа. Во составот може да се забележи:
- хидролат од камилица кое има смирувачко дејство врз кожата,
- масло од амарант кој има  регенеративно дејство врз кожата,
- масло од рибизла, малина и шипка кои се богати со вит. Ц,
- екстракти од шипка и рибизла кои имаат анти ејџ ефект и го подобруваат целокупниот изглед на кожата.

Овој производ исто така содржи пшенични протеини кои ја омекнуваат кожата, шеќери кои помагаат во задржување на правилната хидратација на кожата. Целиот овој комплекс на состојки е патентиран како комплекс бр. 49 на Др. Конопка. Претставува идеална комбинација од сѐ она од кое има потреба една повозрасна кожа со цел да ја поврати еластичноста и убавиот изглед.

Се нанесува на чиста кожа наутро и навечер пред употреба на серумот или кремот. Исто така може слободно да го испраскате врз кожата секогаш кога ќе почувствувате потреба за тоа. Со надоаѓањето на потоплата сезона, овој производ според мене е неизбежен дел од нашата бјути рутина.

Deep Hydrating Dr. Konopka's


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, MELILOTUS ALBUS FLOWER/LEAF/STEM EXTRACT*, SACCHARIDE ISOMERATE, SORBUS SIBIRICA EXTRACT*, LAVANDULA ANGUSTIFOLIA OIL*, MENTHA PIPERITA LEAF WATER*, MENTHA PIPERITA OIL*, CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER WATER*, ANTHEMIS NOBILIS FLOWER EXTRACT*, NUPHAR LUTEUM ROOT EXTRACT*, ANGELICA ARCHANGELICA ROOT WATER*, ALTHAEA OFFICINALIS ROOT EXTRACT*, HAMAMELIS VIRGINIANA WATER*, ROSA CANINA FRUIT EXTRACT*, SODIUM CITRATE, CAPRYLYL/CAPRYL WHEAT BRAN/STRAW GLYCOSIDES, FUSEL WHEAT BRAN/STRAW GLYCOSIDES, POLYGLYCERYL-5 OLEATE, SODIUM COCOYL GLUTAMATE, GLYCERYL CAPRYLATE, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, BENZYL ALCOHOL, DEHYDROACETIC ACID, CITRIC ACID.
(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)


Овој тоник е за нијанса похидратантен од претходниот со оглед на тоа уште на почетокот содржи SACCHARIDE ISOMERATE кој како што веќе напоменав има способност да се врзе за аминокиселините на нашата кожа и со самото тоа да помогне во правилното задржување на водата во кожата. Содржи понатаму масло од лаванда, хидролат од нане и хамамелис, екстракт од ангелика и шипка и пшенични протеини.

Дава преубаво чувство врз кожата и може слободно да го нанесете секогаш кога ќе почувствувате потреба за тоа. Со оглед на тоа што за една правилна хидратација не е доволен само тоник, кожата има потреба и од масти, моја препорака е да одберете некој убав крем за нега на кожата како на пример овој на Др. Конопка.

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист.
Се читаме наскоро.
Вики

Comments