Правилна детерзија на кожата во зимскиот период


Здраво драги мои,

правилната дтерзија на лицето е прв и најосновен чекор за здрава и убава кожа. Иако навидум изгледа како едноставна постапка која секојдневно ја изведуваме, голем е бројот на оние кои неправилно го чистат лицето со премногу агресивни производи или прават двојни и тројни детерзии кои како последица создаваат голем број на проблематики како:

- алтерација на pH вредноста;

-  воспаленија на кожата (кои стануваат хронични);

- формирање на флеки на кожата;

- пореметување на правилната хидратација;

- ослабната способност на на кожата да се брани од надворешните влијанија;

-предвремено стареење на кожата;

- нарушување на функционалноста на заштитната бариера

Особено во овој постуден период, кожата има потреба од физиолошка детерзија која најнапред ќе ја зајакне заштитната бариера, и со самото тоа ќе ја заштити кожата од надворешнте агенти како смогот, ладното итн. Знаете дека јас сум поборник за користење на еден производ кој истовремено ќе ја детерзира кожата и отстрани шминката, наместо двојни и тројни детерзии кои само ја ослабнуваат заштитната бариера и ја прават кожата неотпорна. Токму затоа во оваа статија би сакала да ви претставам еден производ кој според мене е одличен за сите оние кои во овој период ј чувствуваат кожата посува, или пак за оние со комбинирана кожа каде оние делови крај образите затегаат. Станува збор за нежниот балсам за миење од марката Evolve. 

Мислам дека ова е прв производ кој го рецензирам од оваа марка и многу сум среќна што започнувам од базата, со оглед на тоа што сѐ повеќе девојќи ми бараат предлог токму за еден ваков производ. 

СОСТОЈКИ (INCI): CAPRYLIC / CAPRIC TRIGLYCERIDE, GLYCERIN**, HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) SEED OIL, PRUNUS AMYGDALUS DULCIS (SWEET ALMOND) SEED OIL*, SUCROSE LAURATE, ADANSONIA DIGITATA (BAOBAB) SEED OIL*, CITRUS AURANTIUM DULCIS (ORANGE) FRUIT WATER*, VANILLA PLANIFOLIA FRUIT OIL, ROSA DAMASCENA FLOWER OIL*, SUCROSE STEARATE, TOCOPHEROL, SUCROSE PALMITATE

Од декларацијата може да се забележи дека станува збор за производ кој е емулзиоиран преку процес на ладно (без загревање на состојките), благодарение на емулгаторот кој во својот сотав годржи sucrose laurate во комбинација со бадемово масло, глицерин и хидролат од сладок портокал (сите овие состојки се дел од емулгаторот). Производот содржи одреден дел на маслени состојки меѓу кои сончогледово мало, каприлик каприк, масло од баобаб масло од ванила и чист вит. Е кои во комбинација со оној мал дел на водена фаза (хидролати од роза и ладок портокал и глицерин) е во состојба да формира (во контакт со водата) нежно кремасто млеко кое ја чисти кожата без да направи агресија врз истата или пак да ја оштети. 


Јас го тестирам веќе три недели и можам да кажам дека забележав зголемена хидратација на кожата, оние делови кои се посуви кај мојата кожа (со оглед на тоа што имам комбинирана кожа) помалку затегаат по миењето и кожата изгледа поубава и поомпактна. Овој производ одлично ја отстранува и шминката од лицето и очите.

Доколку имате сува кожа која затега, дехидрирана кожа која е измачена од многу неправилни произоди за детерзија, комбинирана кожа каде сувите делови затегаат итн., или пак едноставно сакате нежен производ за овој постуден период кој по миењето нема да прави алтерација на pH вредноста ниту пак да предизвика хронични воспаленија на истата, во тој случај ова е вистинскиот производ за вас.

Може да го нарачате онлајн на https://www.bellina.mk или да го купите во некој од нивните БиоШоп по цена од 1.720 мкд. Можеби на прв поглед ќе ви се чини поскап од она што обично го купувате за оваа намена, меѓутоа верувајте ми, најнапред производов тае со оглед н тоа што доволна е помала количина воспоредба со другите производи, а и состојките користени во истиов, комбинацијата на истите и провесот на изработка ја правдаат цената. Освен тоа ефектот врз кожата е без конкуренција.

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви беше од корист и ви се допадна. Ние се читаме наскоро со нови интересни содржини.

Ве гушкам

Вики

Comments