Стрес или емоционална истоштеност? Пробајте ги производите на база на етерични масла на You&Oil
познавањето и употребата на етеричните масла овозможува баланс на целиот организам на најприроден можен начин. Етеричните масла преку својот мирис влијаат врз мозокот, попрецизно врз нервниот систем. Играат голема улога во отстранувањето стресот, подобрувањето на меморијата, подобрувањето на сонот, па и здравјето и изгледот на кожата и косата.
Како поборник за природните методи на подобрување на добросостојбата и здравјето на организмот, за етеричните масла и ароматерапијата имам говорено навистина многу, меѓутоа во сите статии сум правела осврт на чистите етерични масла. Пред да продолжам со статијата, ајде само на кратко да се потсетиме која е разликата помеѓу етеричните масла од една страна и растителните масла од друга страна.
Оние кои јас во статиите постојано ги нарекувам базни масла, се всушност сите чисти растителни масла како маслиново, бадемово, арганово, кокосово, јојоба и.т.н. Овие масла се масла во вистинска смисла на зборот и се добиваат преку ладно цедење на семки (сончоглед, семка), плодови од маслинка или јаткасти плодови (бадем, лешник). Овие масла може директно да се користат на кожата и богати се со масни киселини и витамини како Е.
Етеричните масла не претставуваат масло во вистинска смисла на зборот. Станува збор за високо концентрираани состојки чијашто молекула има способност преку кожата да навлезе во самиот организам (во циркулацијата). Се употребува терминот масло, со оглед на тоа што како производ етеричното масло е хидрофобно, односно не се врзува со водата, туку со маслото. Етеричните масла никогаш не се користат чисти врз кожата (со неколку исклучоци), туку секогаш претходно растворени во некое растително масло од претходно споменатите. Концентрацијата на раствор зависи од видот на маслото и намената.
Терминот етерично (на англиски essential ) доаѓа од една теорија на Парацелзус (терапевт и волшебник) кој во периодот на ренесансата се водел според концептот дека човекот (микрокосмос) е огледало на универзумот (макрокосмос) . Оттука преку употребата на етеричните масла, кои се најактивните состојки извлечени (екстрахирани) од една билка, духовноста на билката доаѓа во контакт со човековото тело а преку него и во комуникација со човековата душа. Токму затоа разни етерични масла имаат различно влијание, најнапред врз нашето расположение, а потоа секако и врз одредена проблематика или болест на организмот.
Во денешната статија ќе ви претставам еден навистина уникатен производ направен на база на етерични масла. Многу е важно да прецизирам дека не станува збор за чисто етерично масло, туку производ каде етеричното масло е веќе растворено во растително масло, така да производот е готов за употреба. Станува збор за маслата на You & Oil KI и тоа:
- бленд на етерични масла кој помага во случај на стрес
- бленд на етерични масла кој помага во сучај на емоционална истоштеност
- бленд на етерични масла погоден за медитација
Започнувам со производот наменет за подобрување на состојбата на организмот во случај на емоционална истоштеност на организмот. Во денешно време навистина е тешко да се справиме со сите стресни ситуации во животот без притоа да посегнеме по таблети за таа намена. Етеричните масла не само што го подобруваат проблемот, туку прават комплетен баланс на организмот и целокупната добросостојба. На тој начин не само што ја ублажувате проблематиката, туку одите подлабоко 360 степени, ја отстранувате причината, го балансирате организмот и го подобрувате расположението (што во денешно време не е за потценување).
Comments
Post a Comment