100% органcки памук во производите на Organyc


Здраво драги мои, 

во оваа статија би сакала да посветам внимание на еден многу важен производ за нас жените, односно влошките за заштита кои ги користиме не само за време на циклусот, туку и секојдневно. Сметам дека од огромна важност е искрено да говориме и за ова, со оглед на тоа што станува збор за еден производ кој е многу важен и користен за нас жените.

За та цел би сакала да ви ги претставам производите на марката ORGANYC, која нуди прекрасни природи хигиенски влошки, 100% органски памук кој не е избелуван со вештачки избелувачи (нешто кое е многу важно при изборот на ваков тип на производи). Овен влошките (за циклус и секојдневна употреба) ќе ви ги претставам и ватите за чистење на шминката.

Хигиенските влошки ORGANYC како што веќе напоменав изработени се од 100% органски памук кој помага во спречување на алергиски реакции и иритации во интимната зона. За разлика од многу други марки на хигиенски влошки присутни кај нас на пазарот, целата линија на производи ORGANYC произлегува од идејата да се креира еден хипоалергенски производ кој нема да содржи никаков вид на синтетички влакна  како најлон, вискоза, целулоза, полимер, ниту пак парфеми и вештачки избелувачи.

Секојдневните заштитни влошки се оние кои веднаш ги пробав штом ги купив со оглед на тоа што доста често ги користам. Овие ги имам користено и порано, така да може да кажам дека се многу пријатни и комфортни, воопшто не се чувствуваат а одлично штитат во случај на мали исцедоци пред или по циклусот. Им два вида едните се подолги, а другите скоро невидливи. 

Многу се тенки и одлично се приспособуваат на долниот веш, не се поместуваат (нешто што е многу важно) и не се одлепуваат во текот на денот. 

Заштитните влошки на ORGANYC  (оние кои ги користиме за време на циклусот), се навистина одлични. Овие се наменети за оние кои имаат “нормален циклус“. Јас обично имам пообилен циклус кој трае скоро 6 дена, и обично бирам влошки кои се поголеми (односно подолги) со цел да издржат. Во случај на пообилен циклус како мојот, овие се одлични и навистина издржуваат, доколку почесто се менуваат (по совет на една пријателка која е гинеколог во Рим, јас ги менувам на секои 2 до 3 часа). Најдобрата работа е што се тенки, не се чувствуваат како оние подебелите, а апсорбираат навистина многу добро. 

Доаѓаат во пакување од 10 парчиња секое посебно завиткано во заштитна фолија.

Ватите за чистење на шминката се ито така многу важни со оглед на тоа што доаѓат во контакт со една многу нежна зона од лицето, односно очите. Токму затоа потребно е да користиме памук кој не е хмиски третиран и избелувн, Овие вати одлично ја вадат шминката (со помош на некое средство за отстранување на шминката секако). Мали се и компактни и доаѓаат во пакување од 70 парчиња.

Сите овие прекрасни производи на марката ORGANYC може да ги нарачате онлајн на https://www.bellina.mk или во некој од нивните БиоШоп.

До следно читање.

Вики

Comments