Крем за нега на кожата околу очите од марката Skindivision

 


Здраво драги мои,

едно од најчестите прашања кои ги добивам кога станува збор за препорака на козметички производи е токму препорака на убав и квалитетен крем за нега на кожата околу очите, кој освен тоа што ќе ја оддржува еластичноста на кожата во тој пределмод лицето, ќе даде и посјаен изглед, особено наутро. кај сите оние кои страдаат од подочници.

Како што многупати имам напоменато, зоната околу очите е многу чувствителна и за разлика од остатокот на лицето е сиромашна со лојни жлезди. Токму и затоа производите за нега на овој дел мора да бидат одлично формулирани. Во денешнава статија би сакала да ви претставам еден прекрасен производ кој го тестирав во последно време и кој навистина ми се допадна, односно кремот за нега на кожата околу очите со кафеин и хијалуронска киселина од марката Skindivision.

Како што може да забележиме од декларацијата, овој производ дејството го должи најнапред на присуството на кафеин во формулата кој ја буди површинската микроциркулација и го подобрува изгледот на темните подочници. 

Присуството на хијалуронска киселина е важно за оддржување на правилната хидратација на тој предел од лицето, додека комбинацијата на путер од манго со масло од шафран и екстракти како готу кола и спилантес го прават овој производ комплетен со оглед на тоа што ја подобрува структурата и еластичноста на кожата.

Има лесна гел структура, и воопшто не се чувствува кога ќе го нанесете, меѓутоа ефектот  феноменален. 

Цената на овој производ е 1.610 и истиот може да го надете онлајна на bellina.mk или во нивниот БиоШоп кај цветен пазар и во East Gate.

Ние се читаме наскоро.

Вики 

Comments