Рецензија на новиот антицелулитен крем на Мадара




Здраво драги мои,


целулитот е дефинитивно најголемиот непријател на жената. Да не се лажеме, го имаме сите, кој помалку, кој повеќе, во зависност од начинот и стилот на живот. Поголемиот дел од нас (жените) обично месец дена пред одмор, кога бараме костим за капење не фаќа паника и во потрага сме по “волшебниот“ производ, метод, чај или што сѐ не, очекувајќи да направи целулитот да исчезне преку ноќ. На оваа проблематика потребно е да се “работи“ во текот на целата година и тоа на повеќе полиња, со цел да го дочекаме летото во топ форма и пред сѐ да бидеме здрави.





Најнапред, најважно е да сфатиме дека освен тоа што е неестетска појава, целулитот претставува вистинска патологија која укажува на проблем со микроциркулацијата на кожата и токму затоа неговата појава треба да се сфати многу сериозно. Започнува од хиподермисот, (последниот слој од кожата) кој се состои од колаген и масти, меѓутоа во зависност од фазата, видлив е на епидермисот (најгорниот слој на кожата)



Постојат три фази на целулит и тоа:



Неговата појава зависи од повеќе фактори, така да со цел истиот да се намали и да се превенира, потребно е да се делува на повеќе полиња (исхрана, спорт, козметички производи).

 1 ЧЕКОР - ПРАВИЛНА ИСХРАНА

Сѐ започнува од трпезата, па затоа од огромно значење е она што го конзумираме, во колкава количина и со колкав процент на сол. Токму затоа се препорачува умерена исхрана (од сѐ по малку) пред сѐ богата  со овошје и зеленчук, а сиромашна со сол. Кога станува збор за  исхраната мора да напоменам дека од огромна важност е и конзумирањето на најмалку литар ипол течности во текот на целиот ден.

2 ЧЕКОР - АНТИЦЕЛУЛИТНИ ТРЕТМАНИ

Антицелулитните третмани се навистина важни иако мора да напоменам дека сами по себе нема да направат чуда, доколку не се поддржани од исхраната и спортот. Како всушност делуваат антицелулитните третмани?



Во оваа статија би сакала да ви предложам еден прекрасен производ кој имав можност да го користам во поледниов есец дена и кој навистина многу ми се допадна. Станува збор за кремот на база на кафеин Shape од органската марка Madara.


Најнапред ја подобрува еластичноста на кожата (благодарение на декларацијата за која ќе говориме во продолжение), понатаму помага во исфрлувањето на вишокот на течности од организмот кое помага во намалувањето на кората од портокал. Може да се користи на сите критични делови како бедрата, задникот, стомакот и рацете.


Од декларацијата може да забележиме дека по водата има сончогледово масло како база на овој производ кој понатаму е искомбинирано со какао путер и дикаприлил карбонат кое е многу лесно масло, како и шеа путер. Оваа комбинација заедно со водената фаза секако, најнапред дава производ кој лесно се впива и не ја масти кожата, а истовремено ја подобрува еластичноста на самата кожа.  

Кога станува збор за вишокот на течности и целулитот, овој производ делува благодарение на комбинацијата на кафеинот, екстрактот од мате и спирулината. Исто така, екстрактите од див костен и витаминот Ц додатно го збогатуваат самиот производ.


Како што напоменав претходно, има многу лесна структура која убаво се впива и не остава масна трага, така да може да се облечете веднаш откако сте го нанеле, што ја зголемува практичноста при употребата. 


Се користи наутро и навечер на убаво чиста кожа, и се втрива во кожата со благи и кружни движења.

Цената на овој производ е 1.775 мкд и истиот може да го најдете онлајна на www.bellina.mk или во нивниот БиоШоп позади цветен пазар и во East Gate.

Јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист.
Вики

 

Comments