Креми за заштита од сонцето на BioSolis

 


Здраво драги мои,

иако летото како да е веќе зад нас, септември месец одсекогаш бил најубав за користење на летните одмори. Времето не е воопшто топло, може по цел ден да поминувате на плажа, нема воопшто гужви и секако температурите не се 45°C со УВ индекс 10 како во август. Токму затоа и многумина од вас одбраа да се релаксираат во Македонија или надвор, токму за време на овој месец.

Во многу статии ви имам предложено повеќе марки на органски средства за заштита од сонцето кои биле комплетно на база на физички филтри, со максимална заштита, пријатни за нанесување, меѓутоа имале една мала маана....малота грамажа на пакувањето. Скоро сите креми кои ви ги имам предложено доаѓале во пакување од 50 мл, кои понекогаш и не се доволни за текот на целиот летен одмор, па потребно е да се земат две или три пакувања од истиот. 

Многу од девојките и момците секако кои барале совет од мене за добар органски крем за заштита од сонцето ме прашуваа дали има некој со поголема грамажа со цел целата фамилија да може да го користи...епа драги мои, во оваа статија ви предлагам еден таков производ кој доаѓа во пакување од  100 мл. и може да се користи за заштита како на кожата на телото, така и за лицето. Станува збор за марката BioSolis. 

100% базирана на минерални филтри без наночестички, овие креми за заштита од сонцето даваат ефикасна заштита без да оставаат претерано бела трага врз кожата. Целата линија на производи како главна состојка го има алое вера кој во комбинација со шеа путерот и останатите внимателно одбрани масла, прави да кожата остане мека и хидрирана и при изложување на сончевите зраци. Во денешнава статија ќе ви ги претставам млекото за заштита на детската кожа СПФ50 и млекото со СПФ 30 за возрасни.

Детската кожа е многу нежна и токму затоа физичките филтри кои функционираат на принцип на одбивање на сончевите зраци и се одлично фотостабилни, се едни од најсигурните филтри како за оваа категорија, така и за бремените жени. Токму затоа за вашето дете секогаш бирајте производ на база на физички филтри, кој иако можеби и поскапо ќе го платите во однос на оној со хемиски, меѓутоа детското здравје и сигурност при изложување на сончевите зраци нема цена. Да се потсетиме дека физички филтри се цинк оксидот и титаниум диоксидот.

Овој производ е со следнава декларација:

  • Dicaprylyl Carbonate, 
  • Aloe Barbadensis Leaf Juice, 
  • Zinc oxide, Т
  • itanium dioxide, 
  • Pongamia Glabra Seed Oil, 
  • Diethyl Sebacate, 
  • Polyglyceryl-2 Dipolyhydroxystearate, 
  • Propanediol. 
  • Stearic Acid, 
  • Polyglyceryl-3 Diisostearate, 
  • Aluminum Hydroxide, 
  • Brassica Campestris Seed Oil, 
  • Talc, 
  • Benzyl Alcohol, 
  • Bisabolol,
  • Sodium Chloride, 
  • Dehydroacetic Acid, 
  • Tocopherol, 
  • Aqua (Water)

Од декларацијата може да видиме колку е едноставен овој производ а истовремено феноменално формулиран. Како што веќе напоменав базата на целата линија BioSolis е алое вера, и овде може да забележите дека наместо вода (како што е случај со многу други производи) базата е токму алое вера сок. Како филтри се застапени двата (цинк оксид и титаниум диоксд) што значи дека производот дава одлична заштита како од УВБ така и од УВА зраците. Убава вест е тоа што филтрите не се нано, туку се обложени. Комбинацијата со многу убави масла и екстракти како оној од камилица и вит Е (токоферол) прават да овој производ не само одлично заштитутва од сончевите зраци (што му е и самата намена), туку истовремено и ја негува детската кожа и го спречува сушењето на истата. Друго нешто многу важно е фактот што овој производ не содржи парфеми или мириси со цел да се намали можноста од иритации и алергиски реакции врз кожата (што е особено важно кај детската кожа). 

Како што кажав производот доаѓа во пакување од 100 мл. по цена од 1.415 мкд и истиот може да го купите онлајн на www.bellina.mk или во нивниот БиоШоп.

Доколку одите на летен одмор во септемви и веќе претходно имате малку фатено боја како база, во тој случај млекото за заштита со СПФ 30 е идеалниот производ за вас. 

  • Aloe Barbadensis Leaf Juice, 
  • Zinc oxide, 
  • Pongamia Glabra Seed Oil, 
  • Caprylic/capric Triglyceride, 
  • Dicaprylyl Carbonate, 
  • Propanediol, 
  • Polyglyceryl-2 Dipolyhydroxystearate, 
  • Polyglyceryl-3 Diisostearate, 
  • Polyhydroxystearic Acid, 
  • Benzyl Alcohol, 
  • Glyceryl dibehenate, 
  • Sodium Chloride, 
  • Bisabolol, 
  • Tribehenin, 
  • Glyceryl Behenate, 
  • Dehydroacetic Acid, 
  • Tocopherol, 
  • Aqua (Water), 
  • Parfume, 
  • Citronellol, 
  • Limonene
  • Linalool

Овој производ е за нијанса поразличен од оној детскиот, најнапред според состојки, а потоа и според комбинацијата. Како структура е полесен од детскиот кој е многу помасен и похранив. Како база исто така може да го зебележиме алое вера сокот кој има хидратантно и смирувачко дејство врз кожата. Како производ овој е одличен за сите видови на кожа и не остава премногу бела трага. Кожата убаво го апсорбира и воопшто не делува тешко врз кожата. Комбинацијата на цинк оксидот како заштитен филтер и прекрасната комбинација на масла прават да овој производ ја негува и хидрира кожата и го спречува сушењето на истата како резултат од сончевите зраци.

Како и преходниот, и овој може да го најдете на сајтот на www.bellina.mk или во нивниот БиоШоп по цена од 1.290 мкд. 

Драги мои, доколку се подготвувате да ги уживате летните одмори во овој преубав септемвриски период, во тој случај земете ги овие два производи кои ќе ви осигураат одлична заштита и здрава и убава кожа за време на изложување на сончевите зраци. Уживајте во вашиот одмор во мир и тишина во еден од најубавите месеци во годината каде сеуште се чувствува остатокот од летото, меѓутоа со мирис на есента.

Ние се читаме наскоро, во една од следните статии ќе ви препорачам комплетна рутина за враќање на кожата во топ форма по летните одмори.

Вики 

Comments