Заштита, нега, хидратација и изедначен тен со тонираните креми на Alga Maris

 


Здраво драги мои,

голем број од вас секогаш ме прашуваат за помош околу изборот на природни тонирани креми, ББ креми или пудри за лицето кои истовремено и ќе ја заштитуваат и негуваат кожата. Во многу претходни статии ви имам предложено ББ креми. ЦЦ креми, тонирани креми кои освен тоа што ги корегирале неправилностите или црвенилата на лицето, што е најважно биле компатибилни со самата кожа и на некој начин ја негувале. Некои од нив содржеа и заштитни филтри кои се од огромна помош доколку производот го нанесуваме летно време или пак секогаш кога директно се изложуваме на сончевите зраци.

Во оваа статија ќе ви препорачам една марка на органски тонирани креми кои се одлични за кожата, со состојки кои се дермокомпатибилни, ја заштитуваат и негуваат самата кожа и истовремено ја заштитуваат од сончевите зраци со оглед на тоа што имаат СПФ 30 или 50 (во зависност од периодот во кој се користат и типот на кожата). Станува збор за марката Alga Maris, органска линија на производи каде заштитен знак е црвената алга. Ајде подобро да ги разгледаме.


Знаете дека јас не сум за нанесување на СПФ во текот на целата година. Мојата филозофија е дека СПФ е потребен само кога директно се изложуваме на сончевите зраци без разлика дали е тоа летно време на плажа или пак зимно време на скијање на планина. Кога нема сонце, не само што нема потреба да се става крем со СПФ, туку истотото може да биде контрапродуктивно, со оглед на тоа што, најнапред, не е убавониту пак препорачливо употреба на филтри (особено хемиски) кога за тоа нема потрба, а потоа и со постојаното нанесување на заштитни филтри ја ослабнуваме природната способност на кожата сама да се заштитува (доколку постојано се навикнува на СПФ во текот на целата година). Запомнете дека ознаката СПФ се однесува на УВБ зраците (оние кои ја горат кожата), додека само една третина се како заштита од УВА зраците. Е сега точно е дека УВА зраците се присутни и кога нема директно сонце, меѓутоа со оглед на тоа што тие не ја “горат “ кожата туку предизвикуваат предвремено стареење, истите може да се контрастираат со помош на антиоксидантни состојки. Токму и затоа не препорачувам СПФ секогаш и кога врне и кога вее (како што некои имаат обичај да кажат).


Иако овие денови се облачни, сепак се предвудува топло време барем до крај на септември и прва половина на месец октомври, овие креми ќе ви бидат од огтромна корист. Истите може да ги користите и за време на зимските одмори доколку одите на скијање или пак на одмор на планина каде што директно се изложувате на сонце.

Кремите доаѓаат во три нијанси (во зависност од типот на кожата, годишното време и тенот секако). јас на тестирање земав две нијанси (најсветлата ivory и средната нијанса beige, со оглед на тоа што најтемната нема да ми одговара). 

СОСТОЈКИ (INCI): CAPRYLIC / CAPRIC TRIGLYCERIDE, ZINC OXIDE, COCONUT ALKANES, AQUA, TITANIUM DIOXIDE, ORYZA SATIVA POWDER *, POLYGLYCERYL-2 DIPOLYHYDROXYSTEARATE, PRUNUS DOMESTICA SEED OIL *, POLYGLYCERYL-3 DIISOSTEARATE, GLYCERIN **, SORBITAN STEARIC, COCIDINA, ALUMIDINA -CAPRYLATE / CAPRATE, MAGNESIUM SULFATE, GELIDIUM SESQUIPEDALE EXTRACT, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE POWDER *, CI 77492, GLYCERYL CAPRATE, OCTYLDODECANOL, PROPANEDIOL, POLYGLYCERYL-4 CAPRATE, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL, TOCOPHEROL, CIOBA 77491, JOOBA 77491, JOOBA TRIHYDROXYSTEARIN.
(* = состојки од органско потекло, ** = составено од органски состојки)


Од декларацијата може да забележиме дека овој производ има најнапред заштитно дејство (благодарение на физичките или минерални филтри цинк оксид и титаниум диоксид), омекнувачко дејство врз кожата благодарение на комбинацијата на масла, путери и водени состојки. Во формулата како масла присутни се масло од семки на слива кое е нешто помеѓу бадемово масло и масло од семки од кајсија со таа разлика што емногу лесно масло кое ја подобрува бариерата и функцијата на кожата и е одлично во случај на премногу чувствителна кожа. истото е искомбинирано со сончогледово масло (поради големата количина на Е витамин, природно присутно во истото), потоа каприлик масло и Coconut Alkanes, дериват на маслото од кокос кој има огромно омекнувачко, заштитно и хидратантно дејство врз кожата.


Како екстракти најнапред би ги споменала оној од црвена алга (која е заштитен знак на целата колекција) која има огромно антиоксидантно дејство врз кожата. запомнете дека е реткост да се најде крем со СПФ кој има и добра количина на антиоксиданднти состојки, а овој за среќа е комплетен од тој аспект. Потоа производов содржи и прав од алое вера гел, оризов прав и вот. Е во чистата форма токоферол.

Еве ја структурата на овој производ и двете бои (светлата и средно темната боја)


Еве го ефектот од производот врз кожата


Мора да кажам дека на кожа подобро стои средната нијанса, дури и кај мене иако имам светол тен. Најсветлата нијанса е премногу светла и земете ја само доколку имате порцелански тен. Јас веќе кога ги имам двете решив да и мешам пред да ги нанесам на кожата. 

Важно е да сфатиме дека овој производ не претставува пудра секако, меѓутоа одлично го изедначува тенот на кожата, не ја отежнува или запушува самата кожа и истовремено ја негува. Овој производ може да го купите по цена од 1510 мкд нарачувајќи го онлајн на www.bellina.mk или пак во нивниот БиоШоп позади цветен пазар.

Јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и дека ви беше од корист. Ние се читаме наскоро со многу интересни статии и рецензии.

Ве гушкам
Вики


Comments