Здрава и убава кожа во текот на целиот летен период


 Здраво драги мои,

пред некој ден објавив едно видео во кое објаснив зошто многумина од нас по завршувањето на летниот период се наоѓаат со дехидрирана и сува кожа. Доколку сте пропуштиле да го погледнете ви оставам линк.

Кога се изложуваме на сончевите зраци, летно време нашето тело прозведува поголема количина на слободни радикали, кои се одговорни за предвременото стареење на кожата. Постоечките брчки на лицето стануваат повидливи, кожата го губи здравиот изглед и сјај и станува сива и безживотна. Токму затоа, од огромна важност е да во текот на целиот период користиме производи кои содржат состојки со големо антиоксидантно дејство како на пример вит. Ц или вит. Е. Во видеото погоре ви претставив два прекрасни производи за кои ветив дека посебно ќе ги рецензирам, односно кремот со Ц витамин на органската марка Madara и кремот за заштита од сонцето на органската марка Mossa.

Станува збор за два фантастични производи во кои буквално се заљубив и кои, верувајте ми, ќе ја препородат вашата кожа и ќе помогнат во задржување најнапред на здравјето, а потоа и на убавината на самата кожа.

Крем за лице со Ц витамин на Madara 

Ајде најнапред еднаш засекогаш да ја разјасниме заблудата  која кружи на интернет дека Ц вит. не се користи за време на летниот период. Не само што е пожелно да се користи туку според мене апсолутно мора да се користи. Нашата кожа има потреба од додатна количина на антиоксиданси со цел да може да се справи со поголемиот број на слободни радикали и оксидативниот стрес. Освен тоа, витаминот Ц претставува еден вид на комплементарен производ на кремот за заштита од сонцето, со оглед на тоа што голем дел од кремите за заштита од сонцето се концентрирани на филтрите (како што и треба да биде со оглед на тоа што се токму тие кои заштитуваат), а многу ретко производителите истите ги комбинираат со некои антиоксидантни состојки (ова секако е различно од производ до производ). 

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, SIMMONDSIA CHINENSIS (JOJOBA) SEED OIL, GLYCERIN, GLYCERYL STEARATE CITRATE, PENTYLENE GLYCOL, CETEARYL ALCOHOL, ASCORBYL GLUCOSIDE, ISOAMYL LAURATE, BETAINE, DICAPRYLYL CARBONATE, SODIUM PCA, AROMA, POTASSIUM HYDROXIDE, PALMITIC ACID, STEARIC ACID, SODIUM CITRATE, XANTHAN GUM, RUBUS CHAMAEMORUS (CLOUDBERRY) EXTRACT, ASCORBYL PALMITATE (VITAMIN C), RICINUS COMMUNIS (CASTOR) OIL, TOCOPHEROL, HYDROLYZED HYALURONIC ACID, SODIUM HYALURONATE, SODIUM PHYTATE, ASCOPHYLLUM NODOSUM (BROWN ALGAE) EXTRACT, CITRIC ACID, CI 77492 (IRON OXIDE), LIMONENE, CITRONELLOL, LINALOOL, GERANIOL, CITRAL.

Овој крем според декларација, структура и ефект премногу ми се допаѓа. Како што може да забележите и од самата декларација во самиот крем има комбинација од две различни форми на Ц витамин Ascorbyl Glucoside и Ascorbyl Palmitate (означени со зелена боја). Првиот најчесто во козметичките производи се користи во процент од 1 до 2 %, иако подобро е доколку се задржиме на 1% поради пХ вредноста на производот. Во декларацијава е ставен токму во 1%. Како репер земете го глицеринот (тој е секогаш еден вид на “издаица“ во самата декларација). Во кремите од овој вид глицеринот е обично присутен околу 3 до 4%. После него ги имаме емулгаторите (и ко- емулгаторите кои ја подобруваат структурата на еден производ), па дури потоа стабилната форма на вит. Ц. Ова ми дава до знаење дека процентот треба да е некаде околу 1%. Вториот тип на Ц витамин, односно Ascorbyl Palmitate е присутен во многу помала количина.

Овие две форми се стабилни форми на витаминот Ц, кои во козметиката се користат со оглед на тоа што не оксидираат. Секако оригиналната форма L-Ascorbic Acid има најголемо антиоксидантно дејство, меѓутоа проблемот со оваа состојка е што лесно оксидира. Не верувајте ако ве убедуваат во спротивното. Може да ја користите сами правејќи си тоник кој ќе го користите навечер, меѓутоа мора секојдневно да го поготвувате.

Освен вит. Ц во овој крем присутна е една прекрасна комбинација од масла со различна густина и големо емолиентно (омекнувачко) дејство врз кожата како масло од јојоба, рицинусово масло, каприлик масло итн. и секако присутен и еден друг витамин кој има антиоксидантно дејство врз кожата, односно вит. Е (во чиста форма токоферол). Витаминот Ц во суштина на некој начин го потпомага антиоксидантното дејтво на вит. Е, токму и затоа многу често се ставаат заедно во комбинација во еден производ. 

Во производов понатаму може да се забележи и присуство на хијалуронска киселина, која ја помага правилната хидратација на кожата и екстракт од алги.

Кремот се нанесува двапати дневно наутро и навечер на убаво исчитено лице. Истиот може да го нарачате онлајн на www.bellina.mk или да го купите во нивниот БиоШоп позади цветен пазар, по цена од 2.395 мкд. 

Запомнете дека доколку се изложувате на сончевите зраци, обавезно е користењето на добар крем за заштита од сонцето како на пример овој на Mossa.

Крем за заштита од сонцето SPF 30 на Mossa

Овој крем го одбрав специјално како последен чекор наутро (или секогаш кога се изложуваме на сончевите зраци) со оглед на тоа што е поразличен од скоро сѐ што досега сум пробала од природна и органска козметика. 

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, ZINC OXIDE, ISOAMYL LAURATE, DICAPRYLYL CARBONATE, POLYGLYCERYL-3 POLYRICINOLEATE, GLYCERIN, CETYL RICINOLEATE, SORBITAN SESQUIOLEATE, HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) SEED WAX, OLEA EUROPAEA (OLIVE) FRUIT OIL, SODIUM CHLORIDE, BEESWAX, GLYCERYL CAPRATE, MAGNESIUM STEARATE, AROMA, SODIUM DEHYDROACETATE, RHUS VERNICIFLUA (SUMAC) PEEL CERA, SHOREA ROBUSTA RESIN, CELLULOSE, HIPPOPHAE RHAMNOIDES (SEA-BUCKTHORN) FRUIT EXTRACT, XANTHAN GUMRUBUS IDAEUS (RASPBERRY) FRUIT EXTRACT, ALUMINUM TRISTEARATE, CI 77491 (IRON OXIDE), CI 77492 (IRON OXIDE), CI 77499 (IRON OXIDE), ASCORBYL PALMITATE (VITAMIN C), SODIUM PHYTATE, TOCOPHEROL, POTASSIUM HYDROXIDE, RUBUS IDAEUS (RASPBERRY) SEED OIL, GLYCOLIPIDS, HYDROLYZED HYALURONIC ACID, SODIUM HYALURONATE, LINALOOL, LIMONENE.

Започувајќи најнапред од декларацијата, овој крем во својот состав веќе содржи и антиоксидантни состојки, што е голема реткост. Комплетно е базиран на физички (минерални) филтри, кои, како поборник за природната и органска козметика, апсолутно ги препорачувам наспроти хемиските. 

Бидете сигурни дека овој крем не само што правилно ќе ја заштити кожата од сончевите зраци (благодарение на цинк оксидот како главен и единствен филтер во овој производ), туку и има додатно антиоксидантно дејство благодарение на многубројните екстракти како екстракт од малина (кој има одлично антиоксдиантно дејство), вит Ц (во формата аскорбил палмитат) кој исто така има одлично антиоксиднтно дејство, екстракт од волчји трн итн. Богатата формула содржи прекрасни масла богати со вит. Е како на пример сончогледово, потоа восоци кои имаат за цел да ја подобрат структурата, но и да ја заштитат кожата од надворешните влијанија како на пример пчелин восок, восок од маслинка и Rhus Verniciflua Peel Wax (наречен уште и јапонски восок, добиен од едно дрво кое расте во Кина и Јапонија). Производот понатаму е збогатен и со хијалуронска киселина и чиста форма на вит. Е (токоферол). 

Најубавата информација ја сочував за на крај...Овој крем е тониран, така да може да кажам дека е единствен кој, не само што воопшто нема да ви остави никаква бела трага врз лицето, туку ќе ви даде убава и здрава боја врз кожата и изедначен тен. Како производ е феноменален, од срце ви го препорачувам. Овој производ може да го најдете онлајн на сајтот на www.bellina.mk или во нивниот БиоШоп позади цветен пазар, по цена од 980 мкд.

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви беше од корист е и дека ќе ги пробате овие два прекрасни производи. Во меѓувреме ви посакувам прекрасно лето, и се читаме наскоро со нови интересни рецензии и статии.

Ве гушкам

Вики


Comments