Сува кожа на лицето која затега? Пробајте ги новите производи на Уртекрам


 Здраво драги мои,

голем дел од пораките кои ги добивам во последно време се однесуваат на нега на сувата кожа со производи кои имаат одлична декларација, а сепак не коштаат премногу. Токму затоа за вас ги пробав производите на Уртекрам кои се делумно економични (доколку се земе предвид ефектот, декларацијата и дејството врз кожата). Станува збор за линија која длабински ја хидрира и храни сувата кожа, ја остава мека и свиленкаста и е одлична за овој летен период каде можеби од сонцето кожата делува уште посуво (особено за време на летните одмори).

Прво нешто што ме плени кај оваа линија (освен декларацијата која е најважна нели) е мирисот кој е феноменален. Овој е истиот мирис од линијата за тело која ја рецензирав минатата година и штом ги видов состојките се израдував бидејки знаев дека исто ќе мириса и оваа за лице. Потоа структурата на двата производи е толку пријатна и убава што, не само што ја оставаат кожата мека и нахранета, туку и од сензоријален аспект се одлични за нанесување. Станува збор за гелот за миење и кремот на марката Уртекрам наменети за сува и безживона кожа.

Гелот за миење е навистина многу нежен и одлично формулиран. Воопшто не е агресивен за кожата и нежно ја измива без да го наруши природниот хидролииден филм на самата кожа. Го отстранува вишокот на нечистотии, беза да направи алтерација на хидратацијата и пХ вредноста на нашата кожа.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF EXTRACT*, SODIUM COCO-SULFATE, COCO-GLUCOSIDE, SODIUM CHLORIDE, DISODIUM COCOYL GLUTAMATE, CITRUS AURANTIUM DULCIS PEEL OIL*, ROSA DAMASCENA FLOWER EXTRACT*, PCA GLYCERYL OLEATE, SODIUM COCOYL GLUTAMATE, SODIUM GLUCONATE, LACTIC ACID, SODIUM HYDROXIDE, PARFUM.

(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)


Од декларацијата може да забележите колку е едноставна формулата, а понекогаш токму таквите формули се најделотворни. По водата има алое вера екстракт кој има смрувачко дејство врз кожата, па дури потоа доаѓаат сурфактантите каде примарниот содиум коко сулфат е избалансиран со коко глукозидот (кој е еден од најнежните сурфактанти), а потоа и со дисодиум коко глутамат, и други сурфактанти кон крајот на декларацијата. Понатаму, во производот може да се забележи масло од сладок портокал кој не само што дава прекрасен мирис на портокал, туку и ја буди самата кожа.

Навистина многу едноставна декларација а феноменален ефект врз кожата. Се користи двапати дневно (наутро и навечер), благо се масира врз кожата и се исплакнува со многу вода. Цената на овој производ е 605 мкд. и истиот може да го најдете онлине на www.bellina.mk или во нивниот БиоШоп позади цветен пазар.

За коплетен третман, по измивањето на кожата следува производ за нега, односно кремот од истава линија. Јас имам комбинирана кожа и за мене беше за нијанса потежок овој крем (сепак наменет е за сува кожа), ама верувајте ми се заљубив во ефектот. Толку ми се допадна што извесен период го нанесував само преку ден без разлика што не е баш за мојата кожа (помала количина), бидејќи кожата ја прави неверојатно мека и убава на допир. 

Состојките во самиот производ се компатибилни со нашата кожа, и на природен начин ја потпомагаат самата функција на кожата. 


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF EXTRACT*, SHEA BUTTER ETHYL ESTERS, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER*, GLYCERIN**, POLYGLYCERYL-3 DICITRATE/STEARATE, CETEARYL ALCOHOL, C15-19 ALKANE, PRUNUS AMYGDALUS DULCIS OIL*, COCOS NUCIFERA OIL*, ZEA MAYS STARCH*, GLYCERYL CAPRYLATE, SIMMONDSIA CHINENSIS SEED OIL*, CITRUS AURANTIUM DULCIS PEEL OIL*, BETA VULGARIS ROOT EXTRACT, MAGNOLIA OFFICINALIS BARK EXTRACT, BETA-SITOSTEROL, SODIUM HYALURONATE, AVENA SATIVA KERNEL OIL, SQUALENE, XANTHAN GUM, HYDROLYZED CORN STARCH, TOCOPHEROL, SODIUM HYDROXIDE, SODIUM LAUROYL LACTYLATE, PARFUM, CITRAL, CITRONELLOL, GERANIOL, LIMONENE, LINALOOL.

(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

По водата иовде може да се забележи алое вера екстракт, па потоа веднаш шеа путер и глицерин. Шеа путерот е одлично искомбиниран со масла како бадемово и кокосово кои ја хранат сувата кожа и помагаат во задржувањето на правлната хидратација, потоа масло од јојоба, и масло од портокал кое дава сјај на самата кожа. Скваленот има одлично дејство врз нашата кожа и ја збогатува ио онака убавата формула, а токоферолот (вит. Е) дава антиоксидантно дејство врз кожата и ја штити маслената фаза од ужегнување. Во кремот понатаму се забележуваат прекрасни екстракти од цвекло и магнолија, како и хијалуронска киселина за подобра хидратација на кожата.

Еве ја структурата на овој производ


Како што веќе претходно напоменав, има фантастично дејство врз кожата и ја остава, мека, хидрирана и нахранета. Се користи двапати дневно (наутро и навечер) на убаво измиена кожа (препорачливо по гелот кој претходно и го предложив). Овој производ може да го купите онлајн на www.bellina.mk или во нивниот БиоШоп по цена од 705 мкд.

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист, а доколку страдате од сува и безживотна кожа, дајте им шанса на овие два производи верувајте ми ќе бидете премногу задоволни.

Се читаме наскоро

Бидете ми добри

Вики

Comments