Нега на кожата на телото по завршувањето на летниот период

 


Здраво драги мои,

летото веќе официјално заврши, иако сеуште ги уживаме последните сончеви зраци. Иако повеќето од вас различно ги поминаа летните одмори: кој на планина, кој на езеро, кој на базен во сопствените домови, она што е заедничко за сите нас е дехидрираната кожа на телото како резултат на топлите температури, хлорираната вода од базените итн. Токму затоа по завршувањето на летниот период нашата кожа има потреба од многу нежни производи за нега на телото кои ќе ја подобрат правилната хидратација на кожата, ќе ја негуваат и секако нема премногу да ја сушат. Токму такви производи се оние од најновата линија за нега на телото од мојата омилена марка Уртекрам. 

Како новитет излегоа три различни мириси од оваа линија за нега на кожата и тоа: лаванда, цвет од портокал и лимонова трева. Од сите три некако најмногу ме инспирираше оној со цвет од портокал, па затоа се решив да го пробам токму него. И веруваје ми не погрешив, мириса спектакуларно, мистично и неодоливо.

1. Гел за туширање со цвет од портокал


Како што претходно напоменав, по завршувањето на летниот период, нашата кожа е помалку или повеќе дехидрирана (во зависност од тоа како сме ја негувале во текот на целиот летен период) и има потреба од многу нежен гел за туширање кој нема многу да измива и да ја суши кожата, туку ќе биде нежен и нема да направи дисбаланс на природниот заштитен филм на самата кожа. Овој производ е токму таков. Станува збор за еден гел за туширање кој нежно измива, има убаво омекнувачко дејство врз кожата и неодоливо мириса. Ајде најнапред да ја разгледаме декларацијата.

По водата на прва позиција, може да забележиме екстракт од алое вера кој има убаво омекнувачко дејство врз кожата и ја подобрува правилната хидратација на истата. Потоа следува убав микс од сурфактанти и тоа: како примарен содиум коко сулфат кој е ублажен од два споредни односно коко глукозид и лаурил глукозид кои се многу нежни и секако глицерин. Оваа комбинација дава производ кој нежно измива (почитувајќи ја природната заштитна бариера на кожата) и воопшто не е агресивен.Како екстракти присутен е екстракт од роза, потоа етерично масло од сладок портокал, вит. Е и сквален кој е одличен за кожата. Етеричното масло од сладок портокал е збогатено со мирис на некои зачини меѓу кои цимет, москантно оревче, анис (барем од она што јас можев да забележам ова секако не е нагласено), меѓутоа мириса прекрасно и тому и затоа се нарекува Spicy orange blossom.


2. Млеко за нега на кожата со цвет од портокал


Млекото за нега е комплементарен производ на гелот за туширање и има за цел да ја негува кожата и да ја спречи понатамошната дехидратација. Ја остава кожата мека, нежна и убаво мирисна. Воопшто не ја масти кожата, мислам дека воопшто нема ни да го почувствувате производот врз кожата и токму во тоа е вистинската умешност на еден производ: да хидрира, а воопшто да не ја отежнува кожата.


Од декларацијата може да забележиме дека базата на овој производ е маслиново масло, алое вера екстракт, шеа путер и глицерин. Овие состојки се толку убаво избалансирани, односно хранливата моќ на маслиновото масло и шеа путерот се избалансирани со омекнувачката моќ на алоето и глицеринот. Шеа путерот исто така дава посув ефект на овој производ и на некој начин го олеснува ефектот на маслиновото масло кое е доста хранливо. Понатаму содржи масло од јојоба, масло од портокал, екстракт од роза, екстракт од магнолија и хијалуронска киселина. Исто така содржи и една состојка бисаболол која јас лично ја обожавам и е одлична за кожата особено за онаа најчувствителна со оглед на тоа што ја заштитува и омекнува. Еве ја структурата на овој производ.

Одлично ја хидрира кожата, веднаш се впива, не масти и како што претходно напоменав ја остава самата кожа мека и свиленкаста.

Како и да поминало вашето лето, колку и да сте заборавиле или погрешиле во негата на вашата кожа еве ви можност тоа да го исправите. Доколку ви се допаднаа овие производи ве потсетувам дека доколку истите ги нарачате онлајн на вебсајтот на  bellina.mk ќе може да добиете попуст од 15% внесувајќи го кодот biodevojka15. Иницијативата трае до 15 септември и се однесува на сите производи од вебсајтот на Белина.


Со оглед на тоа што повеќето ме прашаа како функционира попустот, еве што треба да направите: при внесувањето на производот во кошничката, под самиот производ има едно прозорче каде пишува внеси купон каде треба да го внесете кодот biodevojka15. Штом го сторите тоа, до него ќе видите друго прозорче каде стои провери купон. Со самото кликање на провери купон попустот автоматски се аплицира на сите производи кои сте ги ставиле во кошничката. 

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист. Ние се читаме наскоро со многу нови интересни статии и рецензии.

Ве гушкам 

Вики 

Comments