Organic Shop шампони за слаба коса без сјај


Здраво драги мои,

голем број од девојките кои ми пишуваат и бараат совет, имаат слаба коса или пак косата без сјсј, а понекогаш ги имаат и двата проблема заедно. Кога станува збор за слабата коса и косата без сјај, една од најважните работи е хранењето на косата односно користењето на производи кои ја хранат и зацврснуваат самата коса.

Токму затоа, во оваа статија би сакала да ви претставам два шампони кои се комплетно природни и сертифицирани органски од марката Organic Shop. Станува збор за шампонот за зајакнување на косата со алги и глина (мојот омилен) и шампонот со маслинка за длабинско хранење на косата (омилениот на сестра ми). Ајде да ви ги претставам двата со слики, дејство и ефект од употребата.

1. Blue lagoon mineral shampoo 


Доколку вашиот проблем е слаба и тенка коса, која истовремено нема сјај, во тој случај овој шампон е идеалниот производ за вас. Станува збор за еден фантастичен производ кој одлично ја зајакнува косата, дава волумен и ја прави косата посјајна. Јас лично го обожавам. Ајде да ја разгледаме декларацијата на истиот.
  • Aqua (Water)
  • Sodium Coco-Sulfate, 
  • Lauryl Glucoside, 
  • Coco Glucoside, 
  • Glyceril Oleate, 
  • Laminaria Digitata Extract , 
  • Betonite Clay, 
  • Hydrolyzed Wheat Protein, 
  • Glycerin, 
  • Sodium Chloride, 
  • Parfum (Fragrance), 
  • Benzyl Alcohol, 
  • Sodium Benzoate, 
  • Potassium Sorbate, 
  • Dehydroacetic Acid, 
  • Tocopherol, 
  • Citric Acid, 
  • Limonene
    • Од декларацијата може да забележиме дека шампонов има избалансирана формула. Сурфактантите кои се употребени е одлично избалансирани меѓуебно со цел да се добие еден нежен шампон, кој убаво измива а не е воопшто агресивен што е многу важно. Верувајте ми кога станува збор за шампоните изборот и пред сѐ комбинацијата на сурфактантите е најважна. Постојат шампони кои е природни и органски, меѓутоа лошо избалансирани и агресивни за темето на косата.

      Овде како примарен сурфактант е употребен содиум коко сулфат кој во течни шампони се користи најмногу до 15 % не повеќе. Истиот е одлично избалансиран од лаурил глукозидот, кој има за цел да го ублажи измивачкото дејство на примарниот сурфактант, потпомогнат од коко глукозидот и глицерил олеатот кои скоро секогаш одат во пар. 


      Шампонот не би бил шампон доколку во истиот не се ставени разни состојки како екстракти, состојки со омекнувачко дејство, разни протеини итн. Во овој шампон може да видиме екстракт од кафена алга кој има зајакнувачко дејство врз слабата коса. Понатаму можа да забележиме бентонит (сива глина) која како состав е поблиска до белата глина, односно каолин. За разлика од останатите глини кои имаат еден вид на апсорбирачко дејство односно се сушат врз кожата, оваа има способност да ја подбри гел структурата на еден производ. (доколку се обидете да ја помешате со вода ќе добиете поразлична смеса отколку онаа со друг вид на глина). Токму затоа е одлична во овој производ затоа што не суши, туку напротив давајќи гел структура на некој начин ја помага хидратацијата, иако има и прочистувачко дејство.       
                                                      
      Понатаму во шампонот има пченичен протеин, глицерин, вит. Е и кознерванси (содиум бензоат и потасиум сорбат). Навитина уникатен и прекраен производ, не е ни чудо што е вљубив во овој шампон.
        
      Откако ја разгледавме декларацијата, ајде да преминеме на ефектот врз косата. Најнапред да кажам дека има прекраен мирис кој не е многу нападен, меѓутоа многу пријатен. По измивањето косата ја остава мека, нахранета, хидрирана и еве го користам веќе три недели може да кажам дека има и зацврснувачко дејство врз косата.
        
      Еве слика од ефектот на овој шампон. Дава преубав сјај и волумен на самата коса
         


      2. Maroccan princess repair shampoo
        

      Ова е омилениот шампон на сестра ми, буквално кога дојде кај мене го проба и си го зема :). Станува збор за шампон кој има неверојатна хранлива моќ врз влакното. Нема зајакнувачка моќ како претходниот, меѓутоа благодарение на маслиновото масло и цветот од портокал, неверојатно го ревитализира самото влакно, особено доколку имате сува и хемиски третирана коса која нема сјај. 
        Ајде како и за претходниот најнапред да ја разгледаме декларацијата. 
          • Aqua (Water), 
          • Sodium Coco-Sulfate, 
          • Lauryl Glucoside, 
          • Coco Glucoside, 
          • Glyceril Oleate, 
          • Olea Europaea Fruit Oil, 
          • Argania Spinosa (Argan) Kernel Oil, 
          • Hydrolyzed Wheat Protein, 
          • Rosa Damascena Flower Water,  
          • Citrus Aurantium Amara (Bitter Orange) Flower Water, 
          • Sodium Chloride, 
          • Parfum (Fragrance), 
          • Benzyl Alcohol, 
          • Sodium Benzoate, 
          • Potassium Sorbate, 
          • Dehydroacetic Acid, 
          • Tocopherol, 
          • Citric Acid
            • Како што може да забележите базата на сурфактанти е иста како претходниот, така да нема да се повторувам. Она што се менува се маслата и екстрактите. Овој шампон има многу поголемо хранливо дејство од претходниот благодарение на присуството на маслиново масло и маслото од арган. Токму затоа напоменав дека е одличен за сите оние кои имаат слаба хемиски третирана коса бидејки има големо ревитализирачко дејство. 
              • Во шампонот понатаму може да се забележат пченичен протеин, хидролат од роза, хидролат од цветови од горчлив портокал и вит. Е. Дава одличен сјај на косата и ја прави мека. Еве го дејството врз самата коса                                                                                                                                        
                • За на крај би сакала да направам споредба помеѓу двата шампони со цел да ви овозможам да го изберете вистинскиот:
              • 1. Шампон со алги и глина:

              • - зајакнува
              • - дава волумен 
              • - дава сјај на косата

              • 2. Шампон со маслиново масло и хидролат од свет од портокал:

              • - ревитализира
              • - храни
              • - дава сјај на косата

              • Драги мои, се надевам дека оваа статија ви се допадна и дека ви беше од корист. Доколку се одлучите да земете некој од производите, истите може да ги најдете на сајтот на bellina.mk/

              • Ние се читаме наскоро со рецензии на нови интересни производи а дотогаш бидете ми добро.

              • Ве гушкам
              • Вики

Comments