Интензивна нега на сува коса со производите со мед и авокадо на Organic Shop


Здраво драги мои,

никогаш доста од производи за нега на косата :). Без разлика на тоа колку шампони досега имаме пробано,секогаш ќе излезе некој новитет кој ќе ни го привлече вниманието и кој ќе посакаме да го пробаме.

Така е и случајот со мене. Иако мој омилен шампон останува оној на Уртекрам со зелен чај, секогаш кога ќе видам нешто ново, со одлична декларација не можам да одолеам а да не го пробам. Во оваа статија ќе ги задоволам очекувањата на сите оние кои имаат проблем со сува и оштетена коса и се во потрага по вистинскиот производ за нега на истата. Ќе ви претставам три производи од линијата  со мед и авокадо на  марката Organic Shop, односно шампон, балсам и маска за коса. Санува збор за една регенеративна линија на производи кои имаат огромно хранливо дејство и ја ревитализираат косата.  Ајде да започнеме.

1. Шампон со мед и авокадо за сува коса


Знаете дека јас сум од оној тип на блогери кои сѐ она што ќе кажат за еден производ го говорат врз база на декларацијата на самиот производ, па токму затоа како и секогаш така и овој пат ќе започнеме токму од неа.

Aqua, Sodium Coco-Sulfate, Decyl Glucoside, Cocamidopropyl Betaine, Coco Glucoside, Glyceryl Oleate, Sodium Chloride, Polyglyceryl-10 Oleate, Mel*, Persea Gratissima Oil*, Prunus Persica Fruit Extract*, Helianthus Annuus Seed Oil*, Rubus Chamaemorus Fruit Extract*, Glycerin, Guar Hydroxypropyltrimonium Chloride, Benzyl Alcohol, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate, Citric Acid, Parfum

Во овој производ употребени се 4 разни типови на сурфактанти и тоа: Содиум Коко Сулфат, Децил Глукозид, Бетаин и двата сурфактанти кои секогаш одат во пар, односно Коко Глукозид и Глицерил Олеат. Зошто токму овие сурфактанти? Одбрани се така случајно или не? Со оглед на тоа што и самата правам шампони можам да ви кажам дека во никој случај не се одбрани случајно туку оној кој ја направил формулата многу добро знаел што прави.

Знам дека имам многу говорено на оваа тема, меѓутоа еве најнапред да повторам. Сурфактантите се всушност измивачки состојки, чија молекула е составена од два дела: едниот се врзува за нечистотиите и маслата, а другата за водата (структура слична на емулгаторите). Кога ја миеме косата, оној дел од молекулата кој се врзал за водата со себе го носи другиот дел од молекулата која се врзала за нечистотиите и резултатот е чиста коса. Постојат 4 категории на сурфактанти и тоа:

1. Анјонски - имаат негативна карика (-)
2. Катјонски - имаат позитивна карика (+)
3. Анфотерни - ги имаат двете карики (+/-)
4. Нејонски - немаат никаква карика


Со оглед на тоа што во комплекс нечистотијата е карактеризирана со позитивна карика (+), со цел да ја одмиеме од кожата или косата, потребно е да користиме сурфактанти со:

1. негативна карика (-) кој ја имаат анјонските сурфактанти
2. двојна карика (+/-) која ја имаат анфотерните сурфактанти
3. неутрална карика (без никакв карика) како во случајот на нејонски сурфактанти

Во овој производ како главен сурфактант го имаме Содиум Коко Сулфатот кој е анјонски. Со оглед на тоа што е во форма на прав, во течни шампони истиот се употребува најмногу до 15%. Со цел истиот да се ублажи (ианку производот би бил агресивен) се додаваат претежно нејонски сурфактанти, во случајов Децил Глукозид. Овој е екстремно нежен сурфактант одличен дури и кај детската кожа. Се претставува во цврста форма како путер кој со загревањето преминува во течна состојба.
Бетаинот е припадник на групата на анфотерни сурфактанти кој во еден производ обично се става како за подобрување на пенливоста на производот, така и за намалување на агресивноста на примарниот. Во случајов е за подобрување на пенливоста.
Како на крај го имаме парот (скоро секогаш одат во пар) Коко Глукозид и Глицерил Олеат кои секогаш се користат до најмногу 2% со цел додатно да се намали агресивноста на производот.

Од ова може да заклучиме дека базата на овој производ е одлично избалансирана, што е многу важно најнапред за темето на главата, а секако и за косата. Во производов понатаму може да се забележат и мед (кој има огромно омекнувачко дејство врз косата), потоа масло од авокадо кој има регенеративно и хранливо дејство врз косата, сончогледово масло и глицерин кој има омекнувачко дејство врз косата.

Во целост како производ, овој шампон е одличен за сите оние кои имаат сува коса без сјај, на допир груба или како слама. Со редовна употреба на овој производ, косата станува мека, убава, сјајна и регенерирана. Истиов овој производ може да го комплетирате со уште два поизводи, односно балсамот и маската за коса.


2. Балсам и маска за коса со мед и авокадо



Овие два производи од истава линија на Organic Shop намерно ги ставам заедно со оглед на тоа што сакам да ги разгледаме и споредиме двата призводи, со цел да видиме кои се разликите и пред сѐ како правилно да се употребуваат.

Измиената коса е чиста и затоа многу поподложна на заплеткување со оглед на тоа што нема никаква состојка која ќе направи еден вид на заштита и ќе направи самото влакно на некој начин да лизга. Токму тука доаѓаат на помош балсамите и маските. Со оглед на тоа што овие производи треба да даваат еден вид на омекнувачки ефект врз косата и да направат истата полесно да се чешла, во својот состав потребно е да содржат состојки со позитивна карика (+) како:

1. Катјонски сурфактанти
2. Омекнувачки кондиционанти состојки кои нежно го отежнуваат влакното (во смисла го прават пофлексибилно и лесно за рашчешлување).

Катјонските сурфактанти (како на пр. Дисодиум Кокамфодиацетат) имаат мало дејство и се погодни за потенка или кратка коса. Оние девојки кои имаат многу густа коса имаат потреба од посилна омекнувачка состојка.

Омекнувачките состојки начелно може да ги поделиме во 2 подкатегории (иако постојат повеќе омекнувачки состојки) односно кондиционанти и кватерни. Овој тип на состојки не мастат како што тоа на пример би го направиле маслата (не даваат едект на измастена коса), туку претставуваат еден вид на состојки кои имаат заштитен филм, омекнуваат, на некој начин ја двојат косата (во смисла лесна е за расчешлување).

Балсамот на Organic Shop со мед и авокадо е многу лесен производ кој е наменет како производ за омекнување на косата по шампонирањето. Еве ја декларацијата:


Aqua, Cetearyl Alcohol, Distearoylethyl Dimonium Chloride, Cocos Nucifera Oil, Glycerin, Mel*, Persea Gratissima Oil*, Helianthus Annuus Seed Oil*, Rubus Chamaemorus Fruit Extract*, Prunus Persica Fruit Extract*, Guar Hydroxypropyltrimonium Chloride, Parfum, Citric Acid, Benzyl Alcohol, Benzoic Acid, Sorbic Acid, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate, CI 77492, CI 77288.

Во овој производ како главна состојка со омекнувачки ефект е Дистеаруетил Димониум Хлорид кој е еден вид на кондиционант “green“ односно одобрен за користење во природните и органските производи. Се користи најмногу до 10% и тоа секогаш во пар со цетеарил алкохол (кој ќе го видите веднаш после водата во декларацијата). Многу е сличен на оној кој јас го користам за изработка на маски Бехетримониум Хлорид. Главна карактеристика на оваа состојка е да ја направи косата полесна за чешлање и да ја направи самата коса полесна за средување.

Во производов е искомбинирана со кокосово масло, глицерин, мед и сончогледово масло. Од она што јас го увидов врз мојата коса, овој производ одговара повеќе за сите оние кои сакаат благо да ја омекнат косата без премногу да ја отежнат (како во мојот случај). Јас бегам подалеку од производи кои премногу отежнуваат со оглед на тоа што се поадекватни за оние кои имаат премногу дола и густа коса која лесно се плетка.

Се нанесува на косата по шампонирањето, се остава минутка две и се мие со вода.

Маската од друга страна е многу потешка и похранлива како производ. Подобра е во случај доколку имате многу густа коса, виткана коса, коса која е потешка за скротување, меѓутоа може да одговара и доколку имате потенка многу сува коса, доколку знаете правилно да ја користите. Ајде најнапред да ја разгледаме декларацијата и на оваа.


Aqua, Cetearyl Alcohol, Glycerin, Distearoylethyl Dimonium Chloride, Cocos Nucifera Oil, Persea Gratissima Oil*, Mel*, Tocopherol, Hydrolyzed Wheat Protein, Guar Hydroxypropyltrimonium Chloride, Benzyl Alcohol, Dehydroacetic Acid, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate, Citric Acid, Parfum, CI 77288, CI 77492.

Ги има истите состојки како и балсамот, меѓутоа различно распределени и секако можеби и во различен процент (особено кондиционантот) кој според мене во случајов на маската е повеќе застапен. Како структура е многу погуста од балсамот (како што можевте да видите на претходната слика) и како ефект врз косата е доста похранлив од балсамот.

Доколку имате многу густа коса, долга коса или виткана коса, по шампонирањето на мокра коса, нанесете мала количина од производот и оставете го да делува околу 5 мин. Убаво измијте ја само со вода. Во случај на многу сува меѓутоа потенка коса, ви советувам да го направите следниов трик. Маскава нанесете ја на сува коса (уште пред миењето),ставете една ќеса одозгора и оставете да делува 10 мин. По истекот на времето измијте ја косата со шампонот со авокадо и мед. На тој начин маската делувала врз косата, меѓутоа со оглед на тоа што потоа дел ќе одмиеме со шампонот, нема премногу да ја отежни косата.

Ова јас секогаш го правам кога ќе земам производ кој доколку го нанесам по миењето премногу ја отежнува косата. Верувајте ми функционираи ја прави косата убава, мека и лесна за расчешлување.


Без разлика на тоа што и да одберете, ви советувам шампонот да го искомбинирате со еден од овие два производи, со цел да добиете подобар ефект врз косата. Со редовна употреба ќе видите како вашата коса станува поубава, помека, посјајна и полесна за расчешлување. За на крај ви оставам неколку слики од ефектот на овие производи.




Се надевам дека оваа статија ви се допадна. Земете го само најдоброто за вашата коса. Во овој период на карантин, нарачајте ги овие производи онлајн на bellina.mk и добијте 20% попуст .
Ние се читаме наскоро.
Ве гушкам и секое добро.
Вики

Comments