Максимален волумен и чиста коса во овој поладен период


Здраво драги мои,

со промената на годишните времиња секако се менува и негата на нашата коса, особено производите кои ги користиме за таа намена. Освен студеното време (кое и не е претерано студено ако се земат предвид претходните зими), голема улога игра и загадениот воздух кој додатно го влошува квалитетот, здравјето и убавината на нашата коса. Во овој период потребни се производи коишто најнапред убаво ќе ја исчистат косата од загадениот воздух, меѓутоа истовремено нема да ја исушат косата (напротив зимно време од огромна важност е хранливата моќ на производите за миење кои додатно ќе го заштитат влакното од студот). Доколку на овие два елементи додадеме и волумен, во тој случј сме го добиле максимумот за нашата коса. Токму затоа во оваа статија ќе ви предложам два прекрасни производи кои ги користам во последниов период и од кои сум премногу задоволна односно, шампонот за коса со глината расул од Уртекрам и серумот за волумен на косата од Др. Конопка. Ајде да ги разгледаме

1. Шампон за коса со глина расул од Уртекрам


Ова ми е втор омилен шампон, после оној со зелен чај од истава марка. Станува збор за производ кој одлично ја мие косата (верувајте ми останува чиста до 3 дена), меѓутоа хидрира, храни и не ја суши косата. Главна активна состојка е глината расул за која веќе имам напоменато дека е една од ретките видови на сапунифицирана глина, односно во можност е да ја измие косата како што тоа би го направил класичен шампон. Ајде најнапред да ја разгледаме декларацијата на истиот со цел да сфатиме зошто е ефикасен и на кој начин делува врз косата.


Најнапред мора да напоменам дека овој производ содржи 100% состојки од природно потекло. По водата, која се наоѓа на прва позиција, може да забележиме екстракт од алое вера кој има големо хидратантно дејство врз косата. Веднаш по неа под името hectorite е всушност глината расул. Ова значи дека оваа глина во комбинација со содиум коко сулфатот претставува база на овој шампон, односно примарен сурфактант во истиов. Ова многу ми се допаѓа, бидејќи како главен сурфактант искористена е измивачката моќ на глината расул, што го прави овој шампон доста прочистувачки, меѓутоа и нежен за косата. Овие два сурфактанти искомбинирани се со лаурил глукозидот, коко глукозид и глицерил олеате кои најнапред самата формула ја прават поблага и поурамнотежена, меѓутоа и ја подобруваат целокупната формула и дејство на самиот производ.

Како екстракт употребен е екстракт од нане и етерично масло од нане, кои го зголемуваат прочистувачкиот ефект на самиот производ. Глицеринот додатно ја омекнува косата, а скваленот и вит. Е го подобруваат квалитетот и допринесуваат за поголем сјај на влакното.


Од ова може да сфатиме дека (како што веќе напоменав) шампонов има повеќекратно дејство: најнапред одлично ја отстранува нечистотијата од косата како резултат од потта или загадениот воздух, оддржувајќи ја истовремено правилната хидратација на косата. Благодарение на високиот процент на глина расул, овој шампон дава и прекрасен волумен на самата коса , што секако не е за потценување.

Има прекрасен мирис на нане. Верувајте ми една од работите кои ме освоија на прв поглед (или подобро кажано при прва употреба) беше токму тој неодолив мирис на нане. Откако ќе ја измиете, косата ја чувствувате мека, хидрирана и (барем кај мене) воопшто нема потреба за користење на регенератор или балсам (единствено нешто кое го нанесувам после овој шампон е спрејот за заштита од фенирање од истава марка со бобинки кој ќе ви го претставам во некоја наредна статија). Еве ја структурата на овој производ



Еве неколку фотографии од ефектот на овој шампон врз мојата коса



Како што претходно напоменав, косата е чиста до 3 дена, во овие претежно загадени денови во Скопје.

2. Серум за волумен на косата од Др. Конопка


Овој серум е прекрасен начин да се даде волумен на косата, без истата да се отежне. Има водена структура и е идеален за секаков тип на коса. Се нанесува само на коренот на косата, меѓутоа за тоа ќе говорам понатаму во статијата. Ајде најнапред да започнеме со анализа на декларацијата на истиот.


Како што напоменав (а истото може да го заклучиме и од самата декларација) станува збор за воден производ кој содржи голем број на екстракти и многу низок процент на масла (онолку колку што дозволува формулата на еден гел производ). Составен е од 99,1% состојки од природно потекло од кои голем дел се и од органско потекло. Содржи единствен патентиран микс на екстракти бр. 28 од Др. Конопка меѓу кои: екстракт од жалфија кој ја зајакнува косата и дава волумен, екстракт од чичок кој дава прекрасен сјај на косата, екстракт од женшен. Од масла употребени се масло од маладамија, масло од шипка, масло од арган, масло од јојоба и секако етерични масла од лимон, сибирски бор и портокал.


Има навистина уникатна формула која како што напоменав е патентирана од страна на Др. Конопка и прекрасен микс на повеќе екстракти, масла и етерични масла, кои како краен резултат даваат убава мека и сјајна коса полна со волумен. Еве ја структурата на овој производ


Се нанесува на следниов начин:

- најнапред косата се мие со шампон;
- со помош на еден пешкир се отстранува вишокот на вода од косата;
- на коренот од косата се нанесува мала количина од овој производ и убаво се масира;
- косата потоа се суши (онака како што вообичаено правите).

Овој серум дава резултати уште по првата употреба. Важно е да напоменам дека потребно е да се нанесе после секое миење, бидејќи дејството е моментално. Косата има волумен додека го користите производот сѐ до следното миење.


Драги мои доколку во овој поладен период сте во потрага по производи кои на сосема природен начин ќе се погрижат да вашата коса да остане негувана и во топ форма, во тој случај овие два производи се вистинскиот избор за вас.

Двата производи може да се најдат на штандот на Белина во трговските центри Сити Мол и Рамстор во Скопје и Палма Мол во Тетово, во новиот БиоШоп на Белина во Капиштец, во продавниците на Космо и онлајн на bellina.mk.

Се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист.
Ние се читаме наскоро со нови содржини и интересни видеа.
Поздрав
Вики

Comments