Еколошки чист дом со средствата за чистење Organic People


Здраво драги мои,

Правилната хигиена е од огромно значење, особено во домовите каде во просек поминуваме најголем дел од нашето време со фамилијата и најблиските. Поголемиот дел од нас не обрнуваат внимание на средствата за чистење на домовите и купуваат она што прво ќе им дојде при рака или пак се поведени од некоја реклама. Токму затоа понекогаш нашите домови се многу позагадени од надвор поради поголемата концентрација на штетни хемиски состојки како резултат на комерцијалните средства за чистење. 

Во оваа статија би сакала да ви предложам една прекрасна еко-био марка на средства за чистење на домовите, односно Organic People направена во склад со филозофијата за еколошки средства за чистење со дел органски состојки и сертифицирана од страна на ICEA. 

Пред да преминам на рецензија на средствата сметам дека е од огромна важност да го разјаснам сертификатот кој овие производи го носат, како се добива и каква гаранција дава на самиот производ. Со оглед на тоа што ICEA се наоѓа тука во Италија, решив да им се јавам и убаво да се распрашам за самиот сертификат, како се добива, каква гаранција им дава на потрошувачите и кои карактеристики мора да ги поседува еден производ за чистење за да го добие овој сертификат. 

Постојат два типа на сертификат кои ги дава ICEA и тоа Eco Detergenza (Eco Cleaners) и Eco Bio Detergenza (Eco Bio Cleaners). Првото се однесува само доколку производот е еколошки, додека во вториот случај мора да има и одреден дел на органски состојки (во продолжение ќе видиме колкава треба да биде минималната количина). Ајде да го разгледаме вториот. Сертификатот на ICEA не е обавезен и не постои закон кој ги обврзува фирмите да го стават. Самите фирми своеволно го бараат со цел да им понудат на потрошувачите сигурен производ во склад со природата и да им дадат поголема гаранција за истиот. За еден производ да го добие овој сертификат мора да ги исполни следниве барања :



- да содржи минимум 95% состојки од природно потекло и минимум 20% состојки од органско потекло;


- да биде биоразградлив и со низок импакт врз околината;


- да биде дермокомпатибилен, односно во контакт со кожата да не предизвикува алергиски реакции и црвенила;


- да биде ефикасен во чистењето (односно да го прави она за кое е наменет). За оваа цел производите се споредуваат со хемиски производи од истиот тип со цел да се види дали ја имаат истата моќ на чистење. Значи замислете си колку е тешко да се направи еден производ кој треба да чисти како оние традиционалните хемиски производи а истовремено да биде природен, биоразградлив и со состојки од органско потекло. Тоа подразбира дека производот мора да содржи и по некоја хемиска состојка која не е токсична и која сепак е во склад со околината. 


Самиот процес на сертификација се одвива во четири главни фази : 

1. Во првата фаза ICEA бара од компанијата технички лист за секоја од состојките поединечно, а за органските состојки и сертификат дека се органски;

2. Доколку сите состојки се во ред и формулите ги задоволуваат критериумите на ICEA, во втората фаза тим на ICEA оди на лице место и го анализира и гледа процесот на обработка на производот и дали целокупниот процес на фабрикација е во склад со околината;

3. Доколку се поминат претходните две фази, во третата се издава сертификатот на фирмата која го побарала; 

4. Четвртата фаза подразбира годишна контрола од страна на ICEA на производот и процесот на фабрикација. Значи не е само да го дадат сертификатот и толку, туку еднаш годишно прават контрола со цел да се осигураат дека производителот сеуште ги исполнува и задоволува сите критериуми. 
Можеби напишав малку повеќе од што мислев, меѓутоа за мене е многу важно да ви го објаснам убаво целиот процес со цел да бидете сигурни дека она што ќе го купите вреди. 


Иако линијата на производи за чистење е навистина опширна, јас во оваа статија ќе ви предложам 3 кои ги испробав и тоа: средство за чистење на кујните, средство за чистење на купатилото и средство за чистење на подови. 

1. Средство за чистење на кујната


Ова е дефинитивно моето омилено средство од оваа марка. Прекрасно чисти, дезинфицира, ги елиминира лошите мириси во кујната и има прекрасен мирис на чајно дрво. Се сеќавате на статијата за етеричните масла каде ви говорев дека етеричното масло од чајно дрво е одлично за дезинфекција, епа ете овде е употребено токму тоа масло и тоа од органско потекло. Овој производ содржи дури 98,8% состојки од природно потекло и секако минимјм 20% од органско потекло. 
Одлично чисти секаков вид на нечистотија во кујните како вишок на масти и тешки дамки, и притоа ги елиминира лошите мириси што воопшто не е за потценување. Кујната не само што ќе биде чиста, туку и убаво ќе мириса. Освен етеричното масло од чајно дрво, ова средство содржи и етерични масла од лимон и портокал од органско потекло и органски хидролат од билката ангелика. 
Доаѓа во пакување од 500 мл. и чини 370 мкд. Ви велам ова средство ми е фаворит. Особено ме радува убавиот состав со 99,8% природни состојки кој го прави погоден за чистење и на оние површини каде се готви како на пример шпорети, рерни, тостер итн. 

2. Средство за чистење на купатила и бањи


Од огромна важност е правилната хигиена на купатилата и бањите и морам да напоменам дека многу често истите се позагадени од надворешната средина поради токсичните средства за дезинфекција. Токму затоа би сакала да ви го предложам ова прекрасно еколошко средство за чистење на купатилата и бањите кое го истестирав во последниов месец дена. Станув збор за 99,6% состојки од природно потекло и минимум 20% состојки од органско потекло. Освен еколошките сурфактанти, моќта на чистење на ова средство се должи на етеричното масло од лимон од органско потекло , хидролатот од жалфија и екстрактот од лимон. Има прекрасен мирис на лимон и навистина одлично чисти. 


Ги остава лавабоата и кадите во купатилата совршено чисти, не остава трага од капки од водата по плакнењето и купатилото мириса прекрасно. Овој мирис е природен (се должи на етеричното масло од лимон) а не хемиски. Ова е многу важно бидејќи сѐ она што влегува во нашите домови го вдишуваме ние директно. Доаѓа во пакување од 500 мл. и цената е 370 мкд. 

3. Средство за чистење на подови


Ова средство за чистење на подови ќе го претвори чистењето во нешто повеќе: неверојатен ритуал каде освен тоа што ќе ги дезинфицирате и исчистите сите видови на подни површини во домовите, туку истовремено ќе уживате во релаксирачкиот мирис на етеричното масло од сандалово дрво. Направено со 97,4 % состојки од природно потекло и минимум 20% состојки од органско потекло, може да бидете сигурни дека вашиот дом го чистите со средство кое е во склад со природата, без тешки хемиски состојки или пак токсични материи кои колку и да ги измиваме секогаш во мал процент остануваат во домовите и во овој случај на подовите. Ова е особено важно доколку имате мали деца кои сеуште лазат по подовите на вашите домови или пак доколку имате домашни миленици како на пример мачка или куче. Може со сигурност да ви гарантирам дека производиве се сигурни и за домашните миленици.


Освен етеричното масло од сандалово дрво кое доминира како мирисна нота, во овој производ има етерично масло од лаванда, сладок портокал и лимон и екстракт од жалфија. Наменет е за чистење и дезинфекција на сите типови на подни површини, вклучувајќи ги и оние во собите на вашите деца. Лично многу ми се допаѓаат вакви производи кои може да се користат за сите видови на подни површини во домовите. Овој производ одлично чисти и верувајте ми нема што да им позавиди на традиционалните средства за чистење, а остава прекрасен елегантен мирис на сандалово дрво кој носи хармонија во самите простории. 
Се користи на тој начин што 1 капаче од производот се раствора во 2 литри вода и со таа смеса се чистат сите видови на подни површини. Доаѓа во пакувње од 500 мл. по цена од 335 мкд. 

Овие производи може да ги најдете во Art od living Bioshop на бул. Климент Охридскиово Центар, во продажниот салон на Белина во Капиштец и онлајн на bellina.mk

Мора да ги пофалам луѓето од Белина што мислат на сѐ и донесоа една ваква прекрасна марка за чистење на домовите која e сертифицирана. На пазарот има повеќе марки кои се декларираат како природни и еколошки, меѓутоа ниедна од нив не дала гаранција преку серификат на европски признат сертификатор како ICEA. А верувајте ми не е сеедно што ќе земеме. И јас во минатото пред да ги откријам овие производи земав други на кои пишуваше еколошки, органски итн. Меѓутоа друго е кога имам гаранција за производот и знам дека освен тоа што е природен и органски како мирис има исклучиво етерични масла и е екстремно биоразградлив и во склад со природата. А ова драги мои не е за потценување.

Јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и дека ви беше од корист. Ние се читаме наскоро со многу други содржини. 

Поздрав
Вики 

Comments