Мазна коса како свила со помалку од 300 денари


Здраво драги мои,

сите сакаме прекрасна мазна коса без електрицитет и распукани краеви. Јас лично секогаш сум во потрага по средстав кои ќе ми дадат ефект на мазна и права коса како да сум излегла од фризер, без притоа да потрошам цело богатство за средства наменети за таа цел.

Во оваа статија сакам да ви направам една листа на најдобрите (барем според мене) средства за оваа намена како домашни, така и купечки, кои ќе ве коштаат помалку од 300 денари. Јухуууууу звучи прекрасно нели??? Ајде да започнеме.

1. Масло од ленено семе


Ова масло е едно од најефикасните кога станува збор за измазнување на косата. Доволно е да капнете неколку капки (во зависност од должината и густината на вашата коса) и да ги нанесете на сува коса по должината и врвовите (нешто како производ за стајлинг). Внимавајте да не претерате со количината за да не добиете спротивен ефект. Ова масло исто така дава неверојатен сјај кој и тоа како се забележува. Вреди да се проба.
Цена: од 250 до 300 мкд. Може да се најде во супермаркетите и продавниците за здрава храна.

2. Гел од ленено семе


Ова е “посна“ варијанта (ако може така да ја наречам) на маслото од ленено семе. Овој гел е одличен особено за оние кои имаат тенко влакно или пак коса која бргу се масти. Дава неверојатен ефект на влакното. За да добиете измазнувачки ефект на косата, нанесете мала количина на сува коса по должината и врвовите. Обликувајте со четка и восхитувајте се на сјајот. Рецепт за правење на овој гел може да најдете во статијата Направи сам: гел за коса од ленено семе.
Цена 100 мкд за ќесичка ленено семе од кое ќе добиете многу гел кој може слободно да го замрзнете и вадите за употреба кога ќе посакате. Може да се најде во супермаркетите и продавниците за здрава храна.


3. Кокосово масло


Слично на маслото од ленено семе, кокосовото масло е спас за сува коса која честопати се електризира и не изгледа убаво. Се нанесува мала количина како производ за стајлинг на сува коса на врвовите и по должината. Не претерувајте со количината за да не добиете спротивен ефект. Косата ќе биде мека, сјајна и ќе изгледа како да сте посетиле фризер.
Цена: од 150 до 300 мкд (зависи од марката и грамажата). Се наоѓа во сите супермаркети, аптеки и продавниц за здрава храна. 

4. Шеа путер


Шеа путерот е одличен за оние девојки кои имаат погуста коса, со оглед на тоа што е потежок кога ќе се нанесе на косата (оние со тенко влакно треба ептен мала количина да стават). Исто како и маслата се нанесува на сува коса само на врвовите и по должината (многу мала количина како што веќе напоменав) и косата убаво се чешла и обликува. Разликата ќе биде очигледна.
Цена: до 290 мкд. 

Ова беа едни од најефикасните средства под 300 мкд. Секако има и други масла кои се одлични, меѓутоа коштаат многу повеќе. Ајде сеха да ви предложам неколку шрешарати кои лично ги имам пробано и од кои сум навистина презадоволна.


1. Путер за коса на Алверде со авокадо


Не знам колку пати имам пишувано за овој производ и продолувам да тврдам дека е најдобар. Барем според мене, секако и моето лично искуство. Дава неверојатна мекост на косата, ја прави мазна, го остранува ефектот на наелектризирана коса и дава висок сјај. Се нанесува на сува коса по должината и на врвовите (многу мала количина).
Цена: околу 210 мкд. Може да се најде во ДМ Маркет.

2. Млеко за коса на Балеа со кокос и праска

                             Image result for balea hair cocos frisch

Ова е втор производ кој ме воодушевил. Јас кога го купив беше во сина опаковка, а сега е во портокалова ама составот е ист. Станува збор за навистина многу лесен производ, како млеко, кој не масти, па може да кажам дека е одличен и за оние со многу тенко влакно. Мала количина се нанесува на сува коса, се измазнува и се четка. Косата веднаш делува поубава, поздрава и посјајна. Навистина прекрасен производ.
Цена околу 150 мкд. Може да се најде во ДМ.

Се надевам дека оваа статија ви с допадна. Сепак сакав да ви предложам нешто природно по што е можно попристапни цени. Како ие ја оддржувате вашата коса мазна и кои се вашите омилени производи?

Поздрав
Вики

Comments