Предлог за три нови козметички производи под 500 мкд


Здраво драги мои,

еве ме во уште една рубрика за козметички производи за кои не е потребно да потрошите премногу пари, а сепак ќе добиете задоволувачки ефект.

Овојпат за вас пробав само три производи, кои верувам ќе ви бидат од корист и доколку се одлучите да ги пробате ќе ви се допаднат.

1. Интимен гел на Jessa


Овој гел за интимна нега го најдов случајно во маркетите на ДМ. Понекогаш одам во мисија, односно во потрага по нови производи и гледам сѐ и сешто со надеж дека ќе најдам нешто пристојно.

Ете овој производ е навистина ок како декларација. Има нежна формула, не е агресивен, без мирис е (во случај да имате алергии на мириси или сакате неутрален гел за интимната зона) и згора на сѐ чини само 109 мкд.

 Има навистина нежна формула без голема измивачка моќ.
Мене лично ми се допадна.

2. Паста за заби на Dr. Hauschka


Оваа паста за заби ја користев за време на мојот престој во Рим, меѓутоа ја купувам и овде од време на време. Мора да напоменам дека има навистина необичен вкус, нешто како соленкаст (со оглед на тоа што содржи морска вода) и не е како останатите пасти за заби кај кои предоминанен е вкусот на мента.

На почетокот ќе ви изгледа чудна, меѓутоа кога ќе се навикнете на вкусот сѐ е во ред. Во самата паста употребени се чисти етерични масла со антимикробно дејство. Одлична е за секојдневна употреба или доколку имате чувствителни непца.

Цената е 248 мкд.

3. Маска за коса 5 во 1 на Alverde


Оваа маска за коса случајно ја забележав во ДМ и ја земав за да ја пробам. Претставува еден вид на хранлив третман за сува и оштетена коса која се нанесува по шампонирање на косата и се држи од 5 до 10 мин.

Ја омекнува косата, ја измазнува и ја прави навистина многу лесна за чешлање и обликување. Едно пакетче (барем за мојата коса) беше доволно за 4 апликации. Секако ова е индивидуално и зависи пред сѐ од должината и густината на вашата коса.

Цената не ми текнува точно, меѓутоа е некаде околу 50 мкд.

Се надевам дека предлозите ви се допаднаа.

Поздрав и до скоро читање.

Comments

  1. Kade moze da se kupi pastata za zabi ?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво, јас ја земав од Зегин. Поздрав.

      Delete
    2. Во секое време. Поздрав.

      Delete
  2. Која е pH вредноста на интимниот гел?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво драга и јас секогаш ја гледам пх вредноста на интимните гелови. На овој не ја пишува пх вредноста на самата опаковка, меѓутоа според составот претпоставив дека би требало да биде некаде околу 4,5 и 5 (иако секако не може да бидеме сигурни од самата декларација). Направив проба (постојат картончиња за мерење на пх вредноста на производите, оние кои ги користам и кога ја мерам пх вредноста на козметичките производи кои ги правам за себе) и пх вредноста излезе 4,5. Поздрав.

      Delete

Post a Comment