Кажете му збогум на целулитот со малите моќни производи на Organic Kitchen


Здраво драги мои,

едно од моите најголеми задоволства (освен тоа да пишувам за вас) е да пронаоѓам нови и пред сѐ оригинални производи за нега на лицето, телото или косата. Кога притоа истите тие производи не само што ја негуваат кожата, туку помагаат и во намалување на одредена проблематика, а згора на тоа се и навистина многу достапни како цена, задоволството е уште поголемо (скокам од радост). Токму затоа за сите вас денес имам една фантастична статија за еден од најомразените женски проблеми, односно целулитот.

Целулитот претставува ненестетска појава која не е во никој случај поврзана со телесната тежина. Главен предизвикувач на цлулитот е неправилната циркулација на организмот која предизвикува до задржување на вишок на течности во клетките и појава на целулит. Затоа голем број на витки девојки страдаат од оваа проблематика иако немаат вишок на килограми и обратно понекогаш пополнички девојки пак немаат проблем со целулит.

Благодарение на едни три мали кутичиња кои наизглед делуваат слатки и мали меѓутоа се многу моќни, ќе може да ја ублажиме оваа ужасна проблематика (велам ублажиме бидејќи не може да ја избришеме секако со оглед на тоа што овде влијаат повеќе фактори како исхрана, генетика, спорт итн.). Станува збор за органската марка Organic Kitchen. Со оглед на тоа што за првпат рецензирам производ од оваа марка, ајде најнапред да ве запознаам со истата.

Organic Kitchen се произведени во Естонија од страна на Eurobio Lab, компанија специјализирана за производство на природна и органска козметика по највисоки европски стандарди. Целата линија Organic Kitchen го носи сертификатот на Eсo Cert Cosmos Natural за природна и органска козметика и спакувана во мали слатки кутичиња како оние на сликата. Како состојки содржи егзотични екстракти од овошје, чисти етерични масла, билни екстракти, природен мед и др. Интересен е фактот што секој производ има интересно име.


Како што веќе напоменав во оваа статија ќе разгледаме три нивни производи кои се основа во борбата против целулитот и тоа: Corset Cream кој е всушност моделирачки крем за струк, Pop Art кој е антицелулитен крема за тело и  Honey and the City кој е антицелулитен крем за масажа. Навистина сум многу среќна затоа што најнапред станува збор за органска козметика (ова е сигурно прва органска козметика која има креми за сите овие три проблематики) со оглед на тоа што како органско кај нас досега можеше да се најде само масло за масажа кое да речеме може да се прави само кога имаме повеќе време на располагање, или пак органски креми кои се многу многу поскапи.

Најчесто користените креми за оваа проблематика, биле или многу хемиски (силикони, нафтени деривати итн.) или пак еден вид на лекарства (овде во Италија има една марка на антицелулитни производи кои се продаваат во аптека и се третираат како лек, со оглед на тоа што прават промена на хормоналната структура на организмот и истото е назначено на пакувањето). Јас отсекогаш сум била против ваквите производи бидејќи си правиме повеќе штета отколку добро. Токму и затоа се израдував што конечно има производи и на природна база. Со оглед на тоа што едвај чекам да почнам со рецензија...три, два, еден...можеееееее

1. Pop Art - антицелулитен крем за тело


Ова ми е веќе второ пакување од овој крем. Навистина сум многу задоволна од ефектот врз самата кожа. Станува збор за многу лесен и хидратантен крем кој кожата убаво го впива без да остави масна трага врз алиштата. Декларацијата е следнава:

INCI: AQUA, COCOS NUCIFERA OIL, CETEARYL ALCOHOL, COCO-CAPRYLATE/CAPRATE, GLYCERYL STEARATE, GLYCERIN, OLEA EUROPAEA FRUIT OIL, JUNIPERUS COMMUNIS BRANCH/FRUIT/LEAF EXTRACT*, RUBUS IDAEUS SEED OIL*, PRUNUS AMYGDALUS DULCIS OIL*, MANGIFERA INDICA FRUIT EXTRACT*, ROSA CANINA FRUIT EXTRACT*, TOCOPHEROL, SODIUM STEAROYL GLUTAMATE, XANTHAN GUM, CITRIC ACID, BENZYL ALCOHOL, DEHYDROACETIC ACID, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, PELARGONIUM GRAVEOLENS OIL*, PARFUM, LIMONENE, LINALOOL, CI 77288.
(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)


Овој крем претставува прекрасен микс од многу функционални состојки како: масло од здравец, масло од семки од малина, екстракт од бреза, екстракт од манго и екстракт од шипка. Овие состојки ја подобруваат микроциркулацијата на телото (знаеме дека неправилна циркулација е главниот проблем за настанување на целулитот). Убавото е во тоа што нема потреба од многу масажа, така да овој крем е идеален наутро кога се подготвувате за на работа и немате многу време за мачкање или масажи. Како што напоменав убаво се спива и ја остава кожата перфекто мека. Има преубаво хидратантно и разладувачко дејство, кожата е помазна, поубава и позатегната.

Овој крем доаѓа во пакување од 100 гр. по цена од 210 мкд.

2. Honey and the City - антицелулитен крем за масажа


Овој крем има исто така антицелулитен ефект како и претходниот, со разлика на тоа што истиов е наменет за масажа на телото. Затоа го препорачувам навечер или пак кога имате повеќе време да си приуштите една убава антицелулитна масажа. Составот на овој производ е:

INCI: AQUA, COCOS NUCIFERA OIL, CETEARYL ALCOHOL, GLYCERYL STEARATE, GLYCERIN, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER, MEL*, CERA ALBA*, CITRUS LIMON PEEL OIL*, RUBUS IDAEUS LEAF EXTRACT*, ROSA CANINA FRUIT EXTRACT*, CITRUS AURANTIUM AMARA FLOWER WATER*, GLYCINE SOJA OÏL*, TOCOPHEROL, XANTHAN GUM, SODIUM STEAROYL GLUTAMATE, CITRIC ACID, BENZYL ALCOHOL, DEHYDROACETIC ACID, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, PARFUM, LIMONENE, LINALOOL, CITRAL, CITRONELLOL, EUGENOL, CINNAMAL, CI 77492.
(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)


Овој производ претставува прекрасен микс на: кокосово масло, глицерин, шеа путер, мед, масло од лимон, екстракт од малинка, екстракт од шипка и хидролат од горчлив портокал. Медот ја подобрува циркулацијата и го стимулира исфрлањето на вишокот на течности од организмот. Маслото од лимон е добро познато како моќно средство во борбата против целулитот затоа то исто така одлично ја подобрува микроциркулацијата на телото. Иако целулитот се нарекува “кора од портокал“ порокалот е алеат во подобрување на оваа проблематика. Во кремов како што кажав има хидролат од горчлив портокал, кој го зголемува дејството на медот и маслото од лимон.

Се нанесува на кожата со масажа, правејќи благи кружни движења од надолу кон нагоре. Како што претходно напоменав, овој крем е најдобро доколку го користите навечер, не само поради ефектот и начинот на нанесување, туку и поради маслото од лимон кое летно време е фотонестабилно. Така да кремов не го нанесувајте пред да се изложувате на сонце (на пример за време на летните одмори на плажа).

Како и претходниот производ, и овој доаѓа во пакување од 100 гр. по цена од 210 мкд.

3. Corset Cream - моделирачки крем за струк


Ова е дефинитивно новитет кај нас на пазарот (од аспект на органска козметика секако) и станува збор за моделирачки крем за струк. Составот на истиот е:

INCI: AQUA, COCOS NUCIFERA OIL, CETEARYL ALCOHOL, COCO-CAPRYLATE/ CAPRATE, GLYCERYL STEARATE, GLYCERIN, OLEA EUROPAEA FRUIT OIL, HIPPOPHAE RHAMNOIDES FRUIT OIL*, PRUNUS ARMENIACA KERNEL OIL*, TRITICUM VULGARE GERM OIL*, RUBUS CHAMAEMORUS FRUIT EXTRACT, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL*, MANGIFERA INDICA FRUIT EXTRACT*, LINUM USITATISSIMUM SEED OIL*, TOCOPHEROL, SODIUM STEAROYL GLUTAMATE, XANTHAN GUM, CITRIC ACID, BENZYL ALCOHOL, DEHYDROACETIC ACID, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, PARFUM, CITRAL, LIMONENE, LINALOOL, CI 77491, CI 77492.
(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)


Како што може да видиме од декларацијата базата на овој производ е кокосово масло во комбинација со емулгатори, глицерин, маслиново масло, масло од волчји трн и масло од семки од кајсија. Маслото од волчји трн има три пати повеќе витамин А од морковот и десет пати повеќе витамин Ц од портокалите. Ова масло е неизбежно за задржување на еластичноста на кожата што во случајов е од огромна важност. Од екстракти може да забележиме екстракт од арктичка малинка, екстракт од манго, и органски цвет од портокал.

Комбинацијата на состојките прави детоксификација на кожата на стомакот, ја прави самата кожа поеластична  позатегната,  и ја забрзува циркулацијата. Има прекрасен мирис на цвет од портокал и кога ќе се нанесе на кожата на стомакот потребно е да се направи блага масажа со оглед на тоа што не се впива веднаш туку потребни се барем 30 секунди за убаво впивање во кожата. Не остава масна трага и може веднаш да се облечете и благо загрева (барем јас имав таков впечаток) што ми се допаѓа. Пожелно е да се нанесе двапати дневно за подобар ефект.


Доаѓа во пакување од 100 мл. по цена од 210 мкд.

Драги мои, моја препорака ви е да си направите еден комплетен антицелулитен третман, користејќи ги сите три производи одеднаш. Наутро започнете го денот со антоцелулитниот крем Pop Art во комбинација со кремот за струк Corset Cream, а навечер завршете со антицелулитниот крем за масажа Honey and the City во комбинација со кремот за струк Corset Cream. За сите три креми ќе платите 630 мкд (толку би платиле само за еден крем и тоа со доста хемиски состојки), а ќе добиете ударен антицелулитен третман кој ќе ве донесе во топ форма за претстојниот летен период. Производите може да ги најдете на штандот на Белина во трговските центри Рамстор и Сити Мол во Скопје и Палма Мол во Тетово, како и онлајн на bellina.mk.

Јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и дека доколку ги пробате овие производи ќе бидете задоволни колку и јас. Доколку е тоа така, слободно оставете ваш коментар под самата статија.

Ние се читаме наскоро со ниви содржини, а јас ве гушкам најсилно.
Вики

Comments