Нахранета и еластична кожа на телото во текот на целото лето


Здраво драги мои,

летните одмори веќе започнаа и поголемиот број од вас уживаат во сонцето и морската вода. Летото е и период кога треба да посветиме поголемо внимание на негата на нашата кожа со оглед на тоа што секојдневно се тушираме (честопати и со поагресивни производи), а и сонцето и морската вода додатно ја сушат истата. Важно е во текот на целиот летен период да ја храниме и хидрираме кожата со вистински производи за таа намена, со цел да ја оддржиме убава, еластична и свиленкаста. Токму затоа во оваа статија би сакала да ви предложам два прекрасни производи кои ќе ја спасат вашата кожа во текот на целит летен период, односно хранливиот путер и хидратантниот крем од органската марка Др. Конопка.

Овие два производи се меѓусебно многу различни и секако ефектот кој го даваат врз самата кожа е различен, така да ќе ви ги претставам двата темелно и ќе ви кажам кој производ за каков тип на кожа е наменет и секако каков е ефектот врз самата кожа.

1. Богат хранлив путер за нега на кожата на телото


Овој путер драги мои претставува мојот омилен производ за нега на кожата ова лето. Претставува еден вид на балсам за нега на телото кој е многу густ и потребно е да го земате со помош на една дрвена лажичка или шпатула. Не можам да ви објаснам колку ја остава кожата мека, нахранета и убава. Верувајте ми и најсувата кожа која се перута или пак на делови е испукана, за недела дена ќе ја врати во форма и ќе ја направи сјајна, нахранета и мека. Ајде најнапред да ја разгледаме декларацијата и да видиме како е направен истиот.


INCI: BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER*, VITIS VINIFERA SEED OIL*, CITRUS AURANTIUM DULCIS PEEL OIL*, ROSMARINUS OFFICINALIS LEAF OIL*, TRITICUM VULGARE GERM OIL*, SALVIA SCLAREA OIL*, COFFEA ARABICA SEED OIL*, TOCOPHEROL, PARFUM, LIMONENE, LINALOOL.
(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

Мора да напоменам дека обожавам вакви навидум едноставни производи со малку состојки меѓутоа направени со голема умешност и високо квалитетни состојки. Овој производ како база има шеа путер кој според мене би требало да биде најмалку 50% од целокупната формула. Шеа путерот содржи состојки кои одлично ја оддржуваат еластичноста на кожата и е богат со витамините А, Б, Е, Ф. Самото дрво се нарекува “дрво на здравје и младоста“ токму поради тоа што еа путерот придонесува за помлада, поздрава и поубава кожа. Африканските жени кои се познати по меката, свиленкаста и мазна кожа, со генерации го употребуваат овој путер како единствена состојка за нега на кожата, не само за да ја оддржат кожата поеластична, туку и за да ги намалат штетните ефекти на сончевите зраци. Токму затоа овој путер според мене е одличен како нега на кжата во текот на целиот летен период, особено по изложувањето на сончевите зраци.



Во оваа формула шеа путерот е надополнет со одличното дејство на маслото од семки од грозје. Ова масло е едно од најценетите кога станува збор за нега на кожата на телото. Богато е со полифеноли и линолеинска киселина кои претставуваат извор на здравје и добросостојба, со оглед на тоа што имаат огромно антиоксидантно дејство и го забавуваат процесот на стареење не само кога станува збор за кожата, туку и за целокупниот организам. Благодарение на антиоксидантното дејство, ова масло го спречува дејството на слободните радикали и го забавува стареењето на кожата. Токму затоа е одлично за нега на кожата по изложувањето на сонцето, но и во текот на целиот летен период.

Како останати состојки ќе најдеме масло од портокал, масло до рузмарин, масло од пшенични никулци и масло од жалфија. Освен тоа што ја негува кожата, овој производ има и благо антицелулитно дејство, во смисла комбинацијата на маслата од рузмарин, жалфија и портокал придонесуваат за подобра циркулација на телото и ја затегнуваат самата кожа.

Маслото од пшенични никулци е богато со вит. Е и ја подобрува еластичноста на кожата.

Еве ја структурата на овој производ.


Со оглед на тоа што станува збор за многу богат и хранлив производ комплетно на база на путери и масла, се нанесува на благо навлажнета кожа на телото по туширањето со благи кружни движења. Многу е важно кожата да биде благо навлажнета а не сува, со цел производот подобро да навлезе во самата кожа и истата полесно да го впие. Нанесете го по изложување на сонцето, а не претходно, со оглед на тоа што содржи масло од портокал кое е фотонестабилно.

Јас лично го обожавам овој балсам, а и општо производите на база на путери и масла. Верувајте ми овој производ за многу кратко време ќе ја врати вашата кожа во топ форма, особено доколку станува збор за многу сува кожа или пак кожа склона кон перутање.

2. Хидратантен крем за нега на кожата на телото


Овој крем е доста хидратантен и помалку храннлив од претходниот. Доколку имате нормална кожа и сакате да ја задржите правилната хидратација во текот на целиот летен период без притоа да ја отежните кожата, во тој случај овој производ е вистинскиот избор за вас. Има многу убава и лесна кремаста струкура, која лесно се впива во самата кожа и ја остава мека и хидрирана. Ајде најнапред да ја разгледаме декларацијата на истиот.

INCI: AQUA, OCTYLDODECANOL, CETEARYL ALCOHOL, GLYCERYL STEARATE, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER*, HYDROGENATED STARCH HYDROLYSATE, COCO-CAPRYLATE/CAPRATE, GLYCERIN, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, JUNIPERUS COMMUNIS FRUIT EXTRACT*, MELILOTUS ALBUS FLOWER/LEAF/STEM EXTRACT*, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL*, RUBUS CHAMAEMORUS FRUIT EXTRACT*, ROSMARINUS OFFICINALIS LEAF OIL*, MORUS NIGRA FRUIT EXTRACT*, TOCOPHEROL, XANTHAN GUM, SODIUM STEAROYL GLUTAMATE, BENZYL ALCOHOL, DEHYDROACETIC ACID, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, PARFUM, CITRIC ACID, LIMONENE, CI 77288.
(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

Како што може да забележиме од самата декларација станува збор за многу лесен производ со мал процент на масла. Наменет е да даде поголема хидратација на кожата и секако да и помогне на самата кожа да ја задржи правилната хидратација. Содржи убави екстракти како екстракт од смрека, екстракт од нордиска малинка, екстракт од црна капина, масло од рузмарин и сончогледово масло.


Освен хидратантното дејство, судејќи од состојките во декларацијата, овој производ има и благо затегнувачко дејство врз кожата. Има преубава лесна структура и кожата веднаш го впива. Доколку немате претерано сува кожа и сакате производ кој ќе ви помогне да ја задржите правилната хидратација на кожата, во тој случај овој крем е токму за вас. Ми се допаѓа лесниот и звеж мирис кој воопшто не е нападен и фактот што кожата веднаш го впива без да остави масна трага. Еве погледнете го врз самата кожа.


Кожата ја остава свиленкаста и мазна, без воопшто да ја отежни.

Драги мои, ова лето одберете еден од овие два производи (оној кој најмногу одговара на вашиот тип на кожа) и заштитете ја кожата во текот на целиот летен период. Со правилна нега ќе успеете да ја задржите еластичноста и убавината на вашата кожа, а запоменете само здравата кожа е убава кожа. Истовремено со било кој од овие два производи ќе добиете и ефект на затегнување на кожата благодарение на состојките во нив. На тој начин ќе добиете ефект 2 во 1 хранење или хидратација и затегнување на кожата на телото.

Овие производи може да ги најдете на шатндот на Белина во трговските центри Сити Мол и Рамстор во Скопје како и Палма Мол во Тетово и онлајн на bellina.mk.

Се надевам дека оваа статија ви се допадна и дека доколку пробате некој од ове производи ќе напишете ваше искуство и мислење под самиот текст.

Ние наскоро се читаме, а дотогаш пријатно лето и правилно негувајте ја вашата кожа.
Вики

Comments