Natura Siberica Rhodiola Rosea- спас за чувствителна кожа во овој поладен период

 


Здраво драги мои,

како што можевте да забележите од насловот, во денешната статија ќе ви претставам една прекрасна линија наменета за чувствителна кожа (особено во овие поладни зимски денови) од марката Natura Siberica. Станува збор за производите од линијата Rhodiola Rosea.

Можеби никогаш ви немам и споменато како воопшто настанала оваа линија на производи. Сѐ започнало во 40-те години кога двајца руски билкари Лазарев и Брекхам истражувале повеќе од 4000 билки. Од нив издвоиле само 12 односно оние кои успеале да го преживеат леденото време во Сибир и кои поседуваат ретки карактеристики. Една од тие билки е и токму нашиот денешен херој врз кој се базира целата оваа линија, одноно златниот корен.

Оваа билка ја подобрува заштитната функција на кожата, ја смирува самата кожа и ја штити од надворешните услови, токму она кое и е потребно на чувствителната кожа. Во комбинација со останатите билки како маслото од сибирски бор кој ја храни кожата, екстракт од камилица кој има смирувачко дејство и други екстракти и билки оваа колакција е полн погодок за заштита и нега на чувствителна кожа. Производите кои ќе ви ги претставам во денешнава статија се:

1. Тоник за лице со хидролат од златен корен

Овој тоник го рецензирам прв, со огед на тоа што од сите овие производи се нанесува прв по миењето на лицето. Содржи хидролат од органски златен корен кој има смирувачко дејство врз кожата и благодарение на синергијата со маслото од сибирски бор и хојалуронската киселина ја зголемува хидратацијата на кожата. Секако запомнете дека за правилна хидратација не е доволен само тоник (кој е воден производ) туку потребмо е истиот да се искомбинира и со производ како крем кој во својот состав има и маслена фаза (која е од огромна важност за оддржување на правилната хидратација на кожата).

Се нанесува наутро и навечер по миење на лицето, едноставно испрскувајќи го врз кожата. Исто така може да го нанесете како фиксатор на шминката, или пак секојпат кога за тоа ќе почувствувате потреба.

2. Воден серум за лице 

Овој серум е одличен за сите оние кои како мене секоја вечер прават масажа на лицето со помош на прстите или Gua Sha. Со оглед на тоа што кожата не треба да лизга се препорачуваат водени серуми, токму како овој. Јас го обожавам и го нанесувам двапат дневно наутро и навечер.

Има многу лесна структура и одличен е за секој тип на кожа, особено погоден за чувствителната (без разлика дали е масна или сува) со оглед на тоа што има смирувачко дејство и ја подобрува хидратацијата на кожата.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, MELILOTUS ALBUS FLOWER/LEAF/STEM EXTRACTWH*, GLYCERIN, XANTHAN GUM, RHODIOLA ROSEA ROOT WATERH*, CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER EXTRACT*, CALENDULA OFFICINALIS FLOWER EXTRACTWH*, SCUTELLARIA BAICALENSIS ROOT EXTRACTWH*, ROSA DAVURICA LEAF EXTRACTWH*, AQUILEGIA SIBIRICA FLOWER/LEAF/STEM EXTRACTWH*, DASIPHORA FRUTICOSA EXTRACTWH*, PINUS SIBIRICA SEED OILWH*, SODIUM HYALURONATE, CAPRYLYL/CAPRYL GLUCOSIDES, SODIUM COCOYL GLUTAMATE, GLYCERYL CAPRYLATE, POLYGLYCERYL-6 OLEATE, SODIUM SURFACTIN, CELLULOSE GUM, CARRAGEENAN, TOCOPHEROL, BENZYL ALCOHOL, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, DEHYDROACETIC ACID, POTASSIUM HYDROXIDE, CITRIC ACID, PARFUM, LINALOOL, LIMONENE.

 (* = состојка од органско земјоделство,** = составено од органски состојки, ʷʰ = рачно набрани органски екстракти од Сибир, ᵖˢ = дериват од масло од сибирски бор, ʰ = хидролат од органско сибирско растение.)

Хидролатот од златен корен е искомбиниран со масло од сибирски бор, хијалуронска киселина, екстракт од роза, екстракт од камилица и невен. Ваквата комбинација на состојки го прави исклучително благ и нежен за кожата. Ја прави самата кожа поотпорна на надворешните влијанија и поубава.

Се нанесува наутро и навечер на чиста кожа пред нанесување на кремот за лице.

3. Ноќна маска за нега на кожата

Ова е мојот омилен производ од оваа линија бидејќи го има двојно влијане врз кожата, делува како крем и како маска со оглед на тоа што количината на состојки е доста концентрирана. 

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, MELILOTUS ALBUS FLOWER/LEAF/STEM EXTRACT*, GLYCERIN,HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL*, CETEARYL ALCOHOL, OCTYLDODECANOL, GLYCERYL STEARATE, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER*, GLYCERYL LINOLEATE, GLYCERYL OLEATE, GLYCERYL LINOLENATE, RHODIOLA ROSEA ROOT WATERH*, PINUS SIBIRICA SEED OILWH*, LINUM USITATISSIMUM SEED OIL*, TOCOPHEROL, SCUTELLARIA BAICALENSIS ROOT EXTRACT*, CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER EXTRACT*, ANGELICA ARCHANGELICA ROOT EXTRACTWH*, ELEUTHEROCOCCUS SENTICOSUS ROOT EXTRACTWH*, RHODODENDRON ADAMSII LEAF/STEM EXTRACTWH*, SORBUS AUCUPARIA FRUIT EXTRACTWH*, DASIPHORA FRUTICOSA EXTRACTWH*, ARALIA MANDSHURICA LEAF/STEM EXTRACTWH*, ROSA DAVURICA LEAF EXTRACTWH*, SODIUM HYALURONATE, SODIUM STEAROYL GLUTAMATE, XANTHAN GUM, BENZYL ALCOHOL, DEHYDROACETIC ACID, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, CITRIC ACID, PARFUM, CI 77491, LIMONENE, LINALOOL

(* = состојка од органско земјоделство,** = составено од органски состојки, ʷʰ = рачно набрани органски екстракти од Сибир, ᵖˢ = дериват од масло од сибирски бор, ʰ = хидролат од органско сибирско растение.)

Во својот состав секако содржи хидролат и екстракт од златен корен во комбинација со шеа путер, екстракт од камилица, екстракт од аралија, масло од сибирски бор, хијалуронска киселина, масло од ленено семе, сончогледово масло и чист вит. Е (токоферол). 

Вака искомбинирани состојките најнапред ја хранат кожата и помагаат во задржување на павилната хидратација, нешто што е многу важно особено во случај на чувствителна кожа. Ја зајакнуваат заштитната бариера на кожата и ја правам поотпорна на надворешните влијанија. 

Јас лично маскава ја користам двапато неделно навечер како ноќен крем, на истиот начин на кој би користела било каков крем: мала количина ја нанесувам на лицето и убаво благо масирам сѐ додека да се впие во кожата. Уште по првите три нанесувања ќе имате чувство на мека и свиленскаста кожа.

4. Маска за нега на кожата околу очите

Ова е еден од најинтересните производи кои ги имам пробано досега и има одлично дејство врз кожата околу очите, особено доколку ја нанесете навечер (наутро ќе се рзбудите со одморена и затегната кожа во тој предел). Многу е лесен за нанесување и употреба и слободно може да го користите два до трипати неделно.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, MELILOTUS ALBUS FLOWER/LEAF/STEM EXTRACT*, GLYCERIN, HYDROGENATED STARCH HYDROLYSATE, SACCHARIDE ISOMERATE, RHODIOLA ROSEA ROOT WATERH*, CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER EXTRACT*, CALENDULA OFFICINALIS FLOWER EXTRACT*, SCUTELLARIA BAICALENSIS ROOT EXTRACT*, ELEUTHEROCOCCUS SENTICOSUS ROOT EXTRACTWH*, SORBUS AUCUPARIA FRUIT EXTRACTWH*, SPIRAEA ULMARIA EXTRACTWH*, PANAX GINSENG ROOT EXTRACT*, CAPRYLYL/CAPRYL GLUCOSIDE, SODIUM HYALURONATE, TOCOPHEROL, PINUS SIBIRICA SEED OILWH*, CELLULOSE GUM, CARRAGEENAN, CERATONIA SILIQUA GUM, SODIUM COCOYL GLUTAMATE, GLYCERYL CAPRYLATE, POLYGLYCERYL-6 OLEATE, MENTHYL LACTATE, SODIUM SURFACTIN, SUCROSE, BENZYL ALCOHOL, DEHYDROACETIC ACID, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, CITRIC ACID, SODIUM CITRATE, POTASSIUM HYDROXIDE, PARFUM, LIMONENE, LINALOOL.

(* = состојка од органско земјоделство,** = составено од органски состојки, ʷʰ = рачно набрани органски екстракти од Сибир, ᵖˢ = дериват од масло од сибирски бор, ʰ = хидролат од органско сибирско растение.)

Овде хидролатот од златен корен е искомбиниран со екстракти како женшен, камилица, невен, како и екстракт од коренот на билката SCUTELLARIA BAICALENSIS која има неверојатно смирувачко дејство и во козметиката се користи во производи кои се наменети за чувствителна кожа со антивоспалително и антиалергиско дејство (особено важно кога станува збор за кожата околу очите).

Понатаму во овој производ има сахарид (шеќер) кој додатно ја зголемува хидратантната моќ на истиот, што е особено важно за една нежна зона како онаа околу очите која е сиромашна со лојни жлезди и притоа и помалку нахранета од остатокот на кожата на лицето.

Во ова видео ви давам предлог како самите дома да направите мал СПА третман, користејќи ги овие два производи заедно двапати неделно, проследени со масажа со ролер.



Драги мои јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист. Доколку е тоа така, споделете ја на вашите профили, ставете лајк и оставете ваш коментар.

Се читаме наскоро

Вики

Comments